RSS

Monthly Archives: Април 2015

Една општина, 0 гинеколози, повеќе од 8.000 жени во репродуктивен период

Многу финанВелимир Савески – член на Управниот одбор на ХЕРА.сиски средства се потрошени за медиумската кампања против абортусот. Истите тие средства можеа да се искористат во подобрување на репродуктивното здравје на жените во Шуто Оризари. Тие немаат избор.

Општата цел на програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата за 2015 година во Македонија е континуирано унапредување на здравјето на децата и жените во репродуктивниот период во насока на намалување на доенечката и матерналната смртност. Фокусот во самата програма е ставен на ранливите категории на жени, меѓу кои Ромките. Во Шуто Оризари, живеат најголем дел од ранливата категорија на жени. Во општината има повеќе од 8.000 жени во репродуктивен период.

Во Шуто Оризари 41проценти од жените изјавиле дека плаќаат од 150-500 денари при секој преглед кај матичниот гинеколог во текот на бременоста. Ако се живее од социјална помош, дури и 60 денари претставуваат луксуз.

Една од специфичните цели е унапредување на квалитетот и еднаквоста во пристапот до здравствените услуги за мајките и децата, со посебен фoкус на ранливите групи жени. Како ова ќе се оствари без ниту еден матичен гинеколог, во општина каде има повеќе од 8.000 жени во репродуктивен период? Во јули минатата година се отвори гинеколошка ординација која еднаш во неделата нуди услуги за жените од Шуто Оризари, но нема матичен гинеколог. Нема следење на бременоста, нема ПАП тестови, нема микробиолошки брисеви, нема упатување до болнички одделенија. Ризиците по здравјето и животот се големи. Факт е дека репродуктивноста кај Ромките е два пати поголема во однос на просекот во Република Македонија, но и морталитетот кај децата е два пати поголем во споредба со другите етнички групи.

Во истражувањето од 2011 година, „Фактори кои влијаат на употребата на контрацепцијата во Република Македонија”, Ромка од Шуто Оризари изјави „мојот гинеколог се наоѓа во Железара, па јас немам ниту време, ниту пари да го посетувам. Ние живееме од социјална помош”. Секоја бремена жена во Република Македонија според закон е предвидено да добива целосно бесплатни услуги кај својот матичен гинеколог. Во Шуто Оризари 41 проценти од жените изјавиле дека плаќаат од 150-500 денари при секој преглед кај матичниот гинеколог во текот на бременоста. Ако се живее од социјална помош, дури и 60 денари претставуваат луксуз.

Во истражувањето за состојбите на здравствената заштита и правата кај Ромки во Шуто Оризари во текот на бременоста и по породувањето, ослободувањето од плаќање за здравствени услуги во текот на бременоста и отворањето на гинеколошка ординација во Шуто Оризари се наведени како најглавни приоритети. Дали гласот на жените Ромки се слуша?

Многу финансиски средства се потрошени за медиумската кампања против абортусот. Истите тие средства можеа да се искористат во подобрување на репродуктивното здравје на жените во Шуто Оризари. Тие немаат избор. Немаат гинеколог.

Обезбедувањето највисок можен стандар на здравје е основно човеково право. Факт.

Нема безбедно мајчинство без матичен гинеколог. Факт.

Повеќе од 8.000 жени чекаат. Само една жена е многу.

Напишано од: Велимир Савески – член на Управниот одбор на ХЕРА.

Објавено во Радио Слободна Европа

 
Напишете коментар

Posted by на Април 18, 2015 во Колумни

 

Борба против сиромаштијата

rubincoОд осамостојувањето до денес, Република Македонија поминува низ долг и макотрпен процес на општествена транзиција која неповолно влијае врз нејзиниот економски и социјален развој. Во првата деценија од овој процес дојде до прекумерна централизација, со што се предизвика забавување и занемарување на локалниот развој и потреби.

Сиромашни се сметаат луѓе чии примања и ресурси се неадекватни во однос на стандардот кој се смета за прифатлив во средината во која живеат. Поради сиромаштијата, тие се соочуваат и со други непријатности поради невработеноста, ниските примања, лошото станбено прашање, неадекватната здравствена заштита и ограничувањата во однос на учење, културен живот, спорт и рекреација.

Додека на европско ниво, сиромаштијата може да биде поделена на два начина и тоа: апсолутна (екстремна) и релативна сиромаштија. Првата цел на Милениумската кампања на ОН е искоренување на екстремната сиромаштија и гладта. Под тоа може да разбереме преполовување на бројот на луѓе кои живеат со помалку од 1 долар дневно. Сепак во земјите на ЕУ кога се зборува за сиромаштија најчесто се мисли на релативна сиромаштија. Апсолутна или екстремна сиромаштија се однесува на недостигот од основните потреби за преживување. На пример, недостиг од храна, чиста вода и соодветно живеалиште, недостиг на облека или лекови и борба за опстанок. Овој тип сиромаштија е најчест во земјите во развој, но постои и во развиените земји.

Сиромашни се сметаат луѓе чии примања и ресурси се неадекватни во однос на стандардот кој се смета за прифатлив во средината во која живеат. Поради сиромаштијата, тие се соочуваат и со други непријатности поради невработеноста, ниските примања, лошото станбено прашање, неадекватната здравствена заштита и ограничувањата во однос на учење, културен живот, спорт и рекреација.

Друг често користен термин поврзан со сиромаштијата е ранливоста. Луѓето се во ранлива ситуација кога нивната лична благосостојба е ставена во ризик поради недостигот од потребни ресурси, со што имаат ризик од долгови, болести, недостаток од образование и живеат во неадекватни домови и опкружување. Сепак, не сите луѓе кои се во ризик од социјална исклученост или ранливост се сиромашни.

За разлика од сиромаштијата, која се концентрира на оние кои се на самото општествено дно, нееднаквоста покажува како ресурсите се дистрибуирани во однос на целото население. Нееднаквоста ги отсликува разликите меѓу просечните примања, меѓу примањата на богатите и сиромашните и е показател за тоа колку успешно секоја земја го дистрибуира тоа што го произведува. Генерално, земјите со висока стапка на нееднаквост имаат и повисока стапка на сиромаштија. Од ова произлегува дека проблемот со сиромаштијата е фундаментално поврзан со дистрибуцијата и редистрибуцијата на ресурсите во една земја.

Нееднаквоста во приходите во ЕУ обично се мери на два начина: односот С80/20 и Џини коефициентот. Односот С80/С20 е однос на вкупниот приход остварен од страна на 20 проценти од населението кои имаат највисоки примања со вкупниот приход на 20 проценти од популацијата која прима најниски приходи. Колку овој однос е поголем, толку е поголема нееднаквоста. Џини коефициентот ја зема предвид целокупната дистрибуција на приходите, а не само најниските и највисоките 20 проценти од нив. Тоа е техничка формула која ја открива врската меѓу кумулативните давачки на популацијата подредени според нивото на приходи и кумулативните примања од нив. Кога би постоела совршена еднаквост (сите во општеството да имаат исти приходи) тогаш овој коефициент би бил 0 проценти. Ако пак сите национални приходи би стигале до рацете на една единствена личност, когаш коефициентот би бил 100 проценти. Колку е поголем коефициентот – поголема е нееднаквоста во таа земја.

Активна вклученост е стратегија развиена од Европската комисија, направена да ги поддржи луѓето кои во моментот се социјално исклучени да живеат живот со достоинство и да им помогне да напредуваат до пронаоѓање пристојна работа или да добијат додатни вештини и самодоверба за поактивно да учествуваат во своите заедници.

Напишано од:Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.

Овјавено во Радио Слободна Европа

 
Напишете коментар

Posted by на Април 8, 2015 во Колумни

 

И, децата на улица имаат право на образование

rubincoВо почетокот на годината во Прилеп се отвори Дневниот центар за згрижување деца во социјален ризик. Објектот се наоѓа во старата виша школа во центарот на градот. На свеченото сечење на традиционалната црвена панделка беа присутни министерот на МТСП, градоначалникот и директорката на ЦСР.

Прилепскиот дневен центар чини околу 6 милиони денари средства обезбедени од државниот буџет. Капацитетот на центарот е за 30 деца, од кои од нив веќе се згрижени шест деца. Но, ако се погледне без розовите очила на институциите наоколу низ центарот на градот може да се сретнат деца на возраст од 7 до 11 години од ромска национална припадност кои питаат, кои немаат покрив на глава, од невработени родители, некои од нив се и без родителска грижа. На овие деца им треба поголемо внимание од локалните институции за да ги заштитат од секоја злоупотреба, и да бидат активно вклучени во образовниот процес.

Овој дневен центар ги опфаќа децата од социјален ризик во семејства, но не и децата на улица. Начинот на помош на една категорија е доста изразен, а на друга категорија е дискриминирачки. Овој центар треба да ги вклучи и децата на улица за да не се чувствуваат отфрлени од институционалниот систем.

Тимот на стручни лица од ЦСР кои се во функција на сите деца треба да им дадат помош и поддршка во реинтеграцијата и ресоцијализацијата на децата во социјален ризик како и на децата на улица, во поддршка на децата во нивно запишување во основно образование.

Да, убаво е да се отворат различни дневни центри од сите социјални категории, но да не се заборави дека после тоа треба многу посветеност и одговорност за решавање на проблемите, а не само да се парадира пред медиумите.

Напишано од: Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.