RSS

Monthly Archives: Јули 2012

Сè се менува, сиромаштијата останува иста

Сиромаштијата во Македонија со години се движи околу 30 отсто. Опозицијата реагира дека, ако се инвестираше во инфраструктура место во споменици ќе имаше поголем економски раст. Власта, пак, вели дека нема магична формула за намалување на сиромаштијата.

Економски развој, зголемен број странски инвестиции и отворање нови работни места за намалување на сиромаштијата на долг рок и социјални програми за ублажување на сиромаштијата кај ранливите групи на краток рок. На овој начин експертите со кои разговаравме гледаат решение за сиромаштијата во земјава која со години се движи околу 30 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 30,4 отсто, односно речиси секој трет граѓанин во Македонија, минатата година биле сиромашни. Според достапните податоци на интернет страницата на Државниот завод за статистика, процентот на сиромаштија во земјава постојано се движи околу бројката од 30 отсто. За илустрација, во 2007 година имало 29,4 отсто сиромашни граѓани, во 2008 – 28,7 отсто, во 2009 – 31,1 отсто, во 2010 – 30,9 отсто и лани 30,4 отсто.
Социологот, професор Илија Ацески вели дека без економски раст од најмалку 5 или 6 отсто, тешко може да се очекува намалување на сиромаштијата. Сега државата може само да ја ублажува сиромаштијата кај најранливите групи.
Таа може само да се ублажи во смисла на поправична распределба на ресурсите во државата кај ранливите групи, оние кои навистина не се во можност по никоја основа да дојдат до некоја заработувачка или да дојдат до еден нормален живот. Вториот момент е распределба на јавното добро, да речеме од транспорт до она што се нарекува на некој начин јавна потрошувачка и тука може државата да интервенира, да ги ублажува ударите на сиромаштијата кај ранливите групи.
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски вчера изјави дека нема магична формула за намалување на сиромаштијата, но оти решението на проблемот е во програмата на Владата каде има над 1.000 проекти кои директно или индиректно влијаат на забрзан економски раст и отворање нови работни места. Пешевски вели дека Владата не е задоволна од сегашниот стeпен на невработеност и она што се случува, но додава дека не може да се биде незадоволен во однос на она што се случува во светот.
Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Јули 26, 2012 in Сиромаштија

 

Волонтери и хонорарци и на 30 години!!!!!!!!!!!!

Учиш, трошиш куп пари за факултет што потоа???? .

Во кратки црти во оваа земја ништо!!!!!

 

Многу се интересни огласите кои ги објавуваат денешниве ГАЗДИ. Се бара да си дипломиран, по можност со искуство, со познавање на јазици, возачка дозвола, препораки дека си бил добар работник и не знам уште што за на крај да седнеш на интервју и да ти рече 10 000 доволни ти се??

Секогаш работодавците се тие кои имаат многу трошоци , а дали некој го прашува работникот дали тој има трошоци, деца, фамилија, сметки и уште што ли не. Па кој ќе му ги плати???.

Работодавците речиси никогаш немаат пари, за да исплатат плата на време. Постојано ќе се жалат за тоа како имале трошоци. Но не знам зошто едноствано вработените ги замараат со нивните трошоци и проблеми ако не можат да ја водат фирмата има решение – да го стават клучот на врата.

Дали некој вработен го замара работодавецот кој има десет пати повеќе пари од неговата бедна плата дека има трошоци???. Епа ајде сите да работиме од љубов, а тие нека ги полнат своите џебови. Можеби така ќе бидат најсреќни и нема да се жалат.

Најинтересно е кога работодавците се жалат дека немаат пари, а вработените се смеат. Многу јасно дека ќе се смеат кога постојано кукаат дека немаат пари а дома имаат возен парк од најскапи возила, и секој викенд одат да се одморат . За сметка на тоа работниците кои црнчеле цела година едвај имаат да извојат за еден одмор од 10 дена или пак да истераат викенд.

Но зошто е тоа така, зошто нашите работодавци преку ноќ сакаат да заработата на грбот на своите работници, а притоа да не им платат за сработеното.

Платите се минимални а работата е обемна. Едноставно ја користат ситуацијата на безпарица и невработеност  и се доволно свесни дека младите во оваа тешка економска ситуцаија кога тешко се наоѓа работа ќе прифатат колку да не седат дома да работата за максимални 10 000 денари примања, а некаде да не се изненадите и ако ви понудат и плата од 6000 денари. Се работи во просек по 12 часа, но платите се тие.

Додека да дојде време да те пријави во заводот за вработување за да почне да тече стажот, до тогаш ќе ве бомбардираат со најразлични договори, а најинтересно е што за тоа време нема да ви биде исплатен ниту денар за сработеното.

Уште една работа која што многу често ја прават газдите, е тоа што обожуваат да ги пријават своите вработени со основно образование, за да ви плаќаат помали придонеси, а некој пак не плаќаат ништо.

Платите секако не се редовни, секогаш едниот исти изговор нема пари, во криза сме. Но на што ли ќе се вадеа да немаше криза.  Но тука не запираат далаверите на работодавците. Може да налетате на некој со празни ветувања од типот-првите три месеци ќе земаш плата 10000 после ќе ти ја покачиме платата. Но ништо од тоа ќе останете на тие 10 000, а и тие ќе ви доцнат.

Многу е честа ситуацијата кога работодавачиот ќе те извести дека следниот месец ќе ти ја скрател платата како казна поради некоја си причина што ни самиот не ја знае.

Има и такви кој работниците ги пријавиваат на неколку месеци па ги одјавуваат па повторно ги пријавуваат, и цело време така, а работникот кога ќе дојде време за пензија ќе се чуди кај му се годините и дупките во стажот. Па со ваков однос на газдите може и ќе извади едно 4000 денари пензија. Едноставно поминаа и тоа од многу одамна времињата кога можеше да се вработиш на едно место и тука да ја дочекаш својата пензија.

Многу е интересно кога веќе ќе отидете на интервју а претходно сте имале слична работа на слично работно место и кога ќе ви каже газдата дека треба да бидете пробно некој месец. Нормално ќе се сложите поради тоа што денеска е тешко да најдете работа и колку да не седите дома вие ќе прифатите. Месеците за волонтирање, или пробно или пракса како сакате наречете ги, нема да ви бидат платени или пак ќе добиете некој 6000 денари и потоа ќе ви речат дека немаат потреба од вас.

И има уште многу други примери кои покажуваат на кој се начини си поигруваат газдите со вработените.

Но ајде малку да ја префрлиме топката. Нека бидат тие на наше место. Да им дадеме плата од 6000 денари да видме што ќе прават со тие пари. Но многу е интересно кога трудот на младите се цеди за ич пари.

Во земјите во светот има многу интересни закони кои ги доведоа газдите во ред и неможе да си поигруваат со нивните плати и труд. Тами младите веќе на 30 години имаат се, и свој дом и куќа или стан и автомобил, семејство, плата и се останато како што и треба да биде.

За разлика до таму кај нас се додека законите се на страната на работодавците тие и понатаму ќе се однесуваат така како што се однесуваат и ќе си дозволуваат да ги менуваат вработените како чорапи. Еден месец едни друг месец други. Поради тоа кај нас и на 30 и над 30 гдини немаат ништо освен една плата од 10 000 денари. Нормално со 10 000 што би направил. Дали некој би градел семејство со овие примања.

Но има  такви кои и на 50 години ја губат својата работа. Тие луѓе едноставно на таа возраст немаат каде да одат, па поради тоа одат во земјите каде бараат сеознски работицни и работата за плата од 2000 евра што за тој работодавец таму е ништо а за нас пари за кој може овде да сонуваме.

За жал на младите денеска или им останува да одат надвор да го бараат спасот или пак да се помолат дека некогаш овде во оваа змеја ќе се одобри ситуацијата, која веќе со години наводно се опоравува но резултатите од тоа никој не ги почуствувал.

Извор:http://mkd-news.com

 
 

Експлозија на депресија во Македонија – самоубиствата секојдневие

Експлозија на депресија во Македонија – самоубиствата секојдневие

Македонците се почесто посегнуваат да си го одземат сопствениот живот. Ако во поранешна Југославија, Суботица и Марибор водеа по бројот на самоубиства, сега Македонија полека но, сигурно го завзема нивното место.

Саmо во првото тромесечје од оваа година имало 43 самоубиства што е за 42 проценти повеќе од истиот перод во минатата година говорат податоците од МВР. Психијатрите предупредуваат дека  евидентно е наглото зголемување на самубиствата во последните неколку месеци.

-Се е поврзано со емотивната структура на личноста, а Македонците се познати како многу емотивен народ. Има многу депресивни пациенти кои се обиделе да си го одземат животот или постои опасност да го сторат тоа. Затоа е многу е важно како ќе постапи лекарот во тој момент, ќе го хоспитализира или ќе го лекува амбулантски. Со таков пациент не смее да се згреши, изјави психијатарот Миодраг Милутиновиќ.

Македонија е на врвот од земјите кои се најпогодени од депресија покажуваат статистиките. Тешката економска ситуација во државата, беспарицата, стресот, политичките турбуленции предизвикаа експлозија на депресија кај граѓаните. Секојдневно се случуваат самоубиства, а вестите од црна хроника се полни со случаи за луѓе кои си го одзеле живот со скокање од зграда, во водите на Вардар, со труење.

-Несигурното живеење, работата, комуникацијата со луѓето, нискиот стандард на живот, ако на тоа се додаде и ризикот да се заработи повеќе пари преку игри на среќа , обложувалници, коцкање, сето тоа допринесува да се зголеми депресивноста при што луѓето често бараат излез во одземање на сопствениот живот изјави Милотиновиќ.

Стручњаците од оваа проблематика објаснуваат дека дваесетгодишната транзиција ги умори луѓето. Осиромишувањето, задолжувањето кај лихвари, кај многу луѓе предизвикаа чувство на страв и вина, бесперспективност, дури и губење на вољата за живот.

Транзициона депресија или не, во секој случај болеста мора да се препознае и да се лекува бидејќи цената се плаќа во изгубени човечки животи предупредуваат експертите.

Во Македонија не постои национална стратегија за превенција од депресија, но стручњаците велат и да постои нема да може да ги даде посакуваните резулати кога државата сама своите граѓани ги фрла во депресија.

Но,затоа се повеќе никнуваат приватни психијатриски ординации, каде граѓаните од свој џеп си го плаќаат секој третман, а бизнисот со лекови цвета. На, цена е и лекувањето со билки или лекови на билна основа.

Останува отворено прашањето зошто голем дел од поранешните социјалистички земји се трудат да ја поправат сликата за себе и својот народ го водат напред, а кај нас се повеќе се создава депресивна нација која несигурна во своето постоње чекори по патот кој ги лекува само последиците.

Извор:Буревесник

 
Напишете коментар

Posted by на Јули 18, 2012 in Сиромаштија

 

Придонесите доцнат граѓаните од џеб ги плаќаат здравствените услуги

Македониските граѓани чии плати доцнат повеќе од два месеца сами од сопствениот џеп си ги плаќаат прегледите, лековите, лабраториските анализи и комплетното лекување во болниците.

Станува збор за огромен број на вработени во државата, кои немаат пристап до здравствените услуги, бидејќи фирмите во коишто работат доцнат со плаќањето на придонесите за здравствено осигурување. Вработени од неколку такви фирми се жалат дека добиваат сини картони кога веќе не се употребливи.

„Не се осудувам да одам на лекар, бидејќи морам да платќам за се во јавното здравство исто како да сум во приватна болница. Безполезно е што фирмата плаќа за здравствено осигурување, кога ние и нашите семејства тоа неможеме да го користиме“ изјави Благоја. Д. од јавното претпријатие „Македонија пат“.

Оваа фирма има 1.600 вработени, велат, дека џабе нивните пари се влеваат во касата на Фондот, кога тие немаат право да ги користат услугите на Фондот. Иста судбина со вработените на Македонија пат делат многу други вработени во државата. Парите наменети за нивно лекување само ја полнат здравствената каса, а тие се оставени на маргините на општеството, без право на основна здравствена заштита.

„Пред извесно време се израдував кога прочитав дека во една од приватните болници ќе се вршат бесплатни прегледи. Но, кога отидов на закажаниот термин ми рекоа дека морам да доплатам за анализите и за снимањето. Се завртев и си заминав, се почуствувам многу мизерно бидејќи во џепот имав само за билет за градски автобус“, раскажува Драган Б., вработен во „Охис“.

Познавачите на оваа проблематика велат дека фирмите треба да го почитуваат Законот за плати, според кој до 15-ти во месецот мора да се исплатат личните доходи на вработените, а со тоа и да се подмират придонесите за здравствено и пензиско осигурување, во спротивно за фирмите-неплаќачи следуваат парични казни.

Методија Трајаноски експерт за јавно здравство и здравствено осигурување предлага воведување на нов модел на плаќање на здравстевно осигурување.

„Најдобро е да се побара од работодавачите здравственото осигурување да го плаќаат одвоено, односно порано, пред другите придонеси. На тој начин работниците ќе имаат достапност до здравствените услуги“, предлага експертот кој го консултираше Буревесник, Методија Трајаноски.

Во ваква ситуација Фондот за здравство останува чист, здравствената каса се полни со парите на работниците кои на крајот остануваат извисени. Рефундирање на средства од Фондот може да побараат само доколку придонесите за здравство, фирмата во која се вработени, им ги подмири во рок од 60 дена. Ова право вработените во „Охис“ и „Македонија пат“ неможат да си го остварат бидејќи платите, а со тоа и уплата на придонесите за здравствено осигурување, им доцнат и по три месеци.

Досега никој во државата не се обидел да го реши овој проблем. Ги нема ниту здруженијата кои се декларираат дека ги штитат правата на пациентите. Нашите обиди да стапиме во контакт со Весна Велиќ Стефановка, која е претседател на Здружението за заштита на правата на пациентите, останаа безуспешни. Велиќ Стефановска, која до неодамна го користеше секој момент, медиумски да го промовира здружениото, сега се крие од новинарите, без да објасни што се случува и дали воопшто ова здружение сеуште функционира. „Во странство сум“, „на состанок“ или „не ве слушам ништо“, ова се најчестите нејзини изговори по што следува исклучување на мобилниот телефон.

Илјадници вработени и нивните семејтва се оставени сами на себе, ако им доцнат платите, прашање е како воопшто можат да платат здарвствени услуги од празен џеб.

Извор:http://burevesnik.org

 
Напишете коментар

Posted by на Јули 12, 2012 in Општо

 

Гугл во борба за геј-бракови

Гугл почна со нова кампања за да поттикне власти во голем број држави на легализација на хомосексуални бракови

Иницијативата „Legalize Love“, почна во Полска и Сингапур, и ќе биде фокусирана на места со изразена хомофобична култура каде постојат анти-геј закони.Тоа не е првпат Гугл да изразува поддршка за истополни бракови и за Свети Валентин беше објавен „Дудл“ кој вклучуваше промоција на љубов меѓу лица од ист пол.

 

Правата не важат во руралните средини

selo zСè почесто се говори на темата родова рамноправност, за еднаквоста со мажот кон која жената сестремисо децении, на постојаната трка на жената да покаже дека е подеднакво вредна како и мажот.Примерите на успешни жени, на жени кои водат држави и влади, кои сами решаваат за судбините на огромни народи ги среќаваме постојано.Но дали овие силни, јаки лидерки се примерот по кој се водати жените во руралните средини?Не, во руралните средини оваа родова рамноправност како поим сè уште не е пристигната, како да сме раздалечени неколку илјади светлосни години, а сепак сме тука заедно, ги делиме истите секојдневни проблеми, се соочуваме со постојаната борба за подобар живот.Жената во овие средини е многу обесправена; со неинформираноста за можностите кои ги има, на некој начин, таа прераснува во роб на куќата, на семејството, на децата. Во овие средини единствена улога за која младите девојки се воспитувани е да бидат добри сопруги, мајки, да го одржуваат имотот, да ја чуваат стоката и за ниту еден момент да не се побунат против својата судбина.Уште од моментот на раѓање на женско дете во руралната средина, кај сите има некоја доза на разочарување, затоа што според нивните сфаќања синот е тој што има поголема вредност, тој е оној кој ќе го продолжи семејното име, тој е оној кој ќе го наследи целиот имот.Како последица на ова и детството на младите девојчиња поминува на некој начин обесправено – тие немаат можност да го посетуваат најблискиот град често, тоа е привилегија резервирана само за нивните браќа. Единствена можност која ја добиваат да бидат редовно во градот е онаа кога го завршуваат средното училиште. Потоа се мажат и за нив, на некој начин, е завршен секој можен напредок, секое надградување, секој стремеж да се постигне нешто повеќе во животот. Особено со врзани раце се младите жени кои припаѓаат на малцинскиот етникум, дури и изборот на сопруг го врши некој друг место нив. Тие живеат секојдневно со улогата на безгласна буква.Оние пак кои во своите училишни денови решиле дека нема да се вратат во селото тргнуваат во еден сосема друг правец. Огромна е бројката на неинформирани жени кои паѓаат во ланецот на трговија со луѓе, токму поради својата лековерност, поради желбата да се тргнат од нешто што мислат дека е лош живот.Малото посветено внимание, заедно со неколкуте подароци се клучот кој ја отвора вратата кон проституцијата за овие жени. Желбата по секоја цена да се напушти своето родно место, се исполнува и со непромислени и избрзани бракови кои потоа донесуваат уште полоши денови.Приказната на Кате, која поради верувањата на едно момче дека ќе живеат заедно во Германија го напуштила своето село без да знае никој, е вистински пример за лековерноста која ја имаат овие девојки. Но, „животот во Германија“ подразбирал затвореност во една соба во селото Желино, Тетово, со постојани тепања и закани, принуденост на платени сексуални односи со непознати, од кои не добивала ниту денар, за да на крај биде спасена во една полициска акција.Сите овие мали гестови кои го будат чувството на помала вредност кај жените во руралните средини им се влева како лично убедување во потсвеста. Како последица на оваа своја намалена вредност, тие и самите веруваат дека мажите многу подобро можат да ги извршуваат сите работи од нив, дека тие се оние чии одлуки не се ставаат под знак прашалник.Поради менталната блокада што сами си ја поставуваат, жените секојдневно трпат психичко насилство од своите сопрузи, од своите најблиски. Физичкото и сексуалното насилство кое го доживуваат во својот дом, за овие жени е тајна, која не смее да се каже, против која не смеат да се побунат. Тие едноставно веруваат дека тоа им се случува на сите, и поради малата средина во која живеат, голем срам е да се разбере нивниот однос со сопругот.Зарем тие не чуле за кампањата против семејното насилство?Нормално дека чуле, но дали имаат доволно храброст да излезат од тој круг, дали имаат доволно самодоверба да започнат еден нов сосема поинаков живот? И да ги поседуваат овие карактеристики средината повторно ќе влијае на нив, нивното семејство кое нема да дозволи да се посрамоти со развод на бракот, немањето каде да живее, што да работи – се само дел од причините за молкот против тортурата кој владее кај овие жени.Калина е една од оние кои имале храброст да излезат од мракот на насилство, но што добила за возврат? По разводот била избркана од куќата која ја градела со својот труд неколку децении, и бил забранет секаков контакт со децата; не можејќи да се врати во својата таткова куќа поради срамот кој го донела, морала да го напушти селото и во друго да моли за покрив над главата и за корка леб.Зарем таа нема право да оди во засолниште на жени? Да ги знае своите права? Да се бори за својот имот? Да има правна заштита која ќе и помогне во тешките мигови?зарем ова не е игнорирање од страна на институциите? Зарем некој не може да се погрижи за информираноста, за правната заштита, за зголемување на капацитетите за сите жени кои ќе се најдат во ситуацијата на Калина, да може да побараат работа, да му дадат повторно смисла на својот живот?Лекарските контроли врз здравјето на овие жени се вистинска реткост, поради оддалеченоста на здравствените домови, време кое тие не може да го одделат бидејќи и така имаат премногу обврски во домот. За немањето на здравствено осигурување воопшто и не станува збор, бидејќи многу мал е бројот на жените во руралните средини кои работат и на кои им тече работен стаж.Алармантна е состојбата на недостапноста на основите лекарски прегледи, поради кои сè почесто овие жени страдаат од канцерогени заболувања на репродуктивните органи, кои оставаат смртни последици.Бесплатни гинеколошки прегледи за сите жени, гласи владината реклама, но дали размислил некој дека жените во руралните средини немаат во близина амбуланта со лекар, кој навремено ќе ги препознае симптомите кај нив за болест на репродуктивните органи и ќе ги упати каде да се обратат за понатамошно лекување?Поради оваа грешка, бројот на смртни случаи посебно од канцерогени заболувања е алармантен.Деноноќната посветеност на домот, на воспитување на децата, на внимавање на имотот и посевите одземаат речиси 50% од времето на жената, но никој воопшто не се потрудил да ѝ ја признае оваа жртва.Жените ја познаваат работата во земјоделството подобро од било кој, но зошто жената која секојдневно работи на нивите нема регистрирано посев на свое име, за да добие субвенции за својот макотрпен труд?Доколку повеќе се информираат жените за можностите кои може сами да ги создадат само со своето знаење за одгледување на одредени производи или стоки, тогаш можеби конечно ќе ги отворат своите очи и ќе започне една сосема нова ера во руралната средина.Иако жените одамна се избориле за своето право на глас, овие жени немаат право ни за тоа самостојно да одлучуваат. За нив одлучуваат нивнитемажи, роднини, а тие како пиуни само го заокружуваат кажаното име, незнаејќи што добро или зло ќе донесе тоа за нив. Како можат тие да ги кажат своите потреби, недостатоците во нивната рурална средина, потребата за мост, пречистителна станица, можност за вработување на жените, кога мажите им го одземаат правото на глас? Како да напредуваат кога не можат својата рамноправност да ја добијат ниту во својот дом?Колку од руралните жени се претставници во локалните совети? Колку јаки жени од руралните средини се борат за подобар статус на жената во тие краеви?Таквите жени во целата наша држава може да се избројат на прстите од раката. Но многу поголем е бројот на оние кои немаат каде да се обратат, кои се неинформирани како може да го подобрат својот живот…

Извор:Наташа Димевска

www.mkrevolucija.mk

 
Напишете коментар

Posted by на Јули 6, 2012 in Општо

 

Опасност од аутизам пет пати поголема кај прерано родените деца

Опасноста од појава на аутизам е пет пати поголема кај предвреме родените деца кои се родени со мала телесна тежина, покажаа резултатите од истражувањето објавени во американското здравствено списание „Педијатрикс“…

Истражувањето го спроведе група научници од Униерзитетот „Пенсилванија“ врз 862 деца родени во периодот од септември 1984 година до јули 1987 година во Њу Џерси, со тежина од 500 грама до два килограми по раѓањето.

Околу пет отсто од децата чија здравствена состојба е следена до 21 година од животот заболеле од аутизам, додека во целокупното население тој процент изнесуваше еден отсто.

Американските научници наскоро треба врз основа на ултразвук и евентуалната поврзаност меѓу крварењето во мозокот, честите компликации кај предвреме родените деца и појавата на аутизам.

 
Напишете коментар

Posted by на Јули 4, 2012 in Општо