RSS

Monthly Archives: Февруари 2012

САД ЗА ПРВПАТ ПОДНЕСОА ИЗВЕШТАЈ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ДО ООН

Американската Влада на Обединетите нации прв пат им поднесе извештај за состојбата на човековите права во САД, во кој се констатираат одредени слабости на тој план, но се нагласува способноста на политичкиот систем да ја подобри ситуацијата.

Во извештајот на Стејт департментот, објавен вчера, а поднесен до Советот на ОН за човекови права во петокот, се нагласува дека во САД некои граѓани, а особено малцинствата и натаму се жртви на дискриминација.

И покрај успехот во укинувањето на нееднаквности како што се ропството и одземањето на правото на глас на жените, во извештајот се оценува дека е потребно да се постигне уште поголем напредок за да се исполни целта за обезбедување на еднаквост на сите граѓани пред законот.

Во извештајот се констатира дека иако во моментот претседателот на САД е Афроамериканец, а жените и Хиспанците бележат голем успех на економски и социјален план, сепаг големи сегменти од американското општество и натаму трпат неправедни политики и пракси.

Во документот се наведува дека високата стапка на невработеност, злосторствата извршени од омраза, сиромаштијата, лошото станбено сместување, недостапност до здравствената заштита, како и дискриминацијата при вработувањето, во САД најчесто ги погодуваат Афроамериканците, Латиноамериканците, муслиманите, лицата од Јужна Азија, Индијанците и хомосексуалците.

Во извештајот исто така се пренесува загриженоста на одредени групи за заштита на човековите права во однос на имиграцијата и т.н. „расно профилирање“.

Стејт департментот извештајот го поднесе бидејќи тоа се бара од сите членки на Советот на ОН за човекови права, во кој земјата стапи минатата година.

Претходната администрација го критикуваше тоа тело на ОН поради честите критики на сметка на Израел и затоа што во него членуваат и држави, кои имаат репресивни режими.

Американските медиуми оценуваат дека активистите за човекови права внимателно го поздравиле извештајот, но тој сигурно ќе наиде на критика од редовите на конзеративците, кои имаат забелешки поради влегувањето на земјата во тоа тело, во кое се пружа прилика за САД да судат земји со лоша историја за човековите права.

Се очекува Советот на ОН за човекови права за извештајот да расправа во ноември.

 
Напишете коментар

Posted by на Февруари 29, 2012 во Uncategorized

 

Рекордно висок степен на сиромаштија во САД

Бројот на најсиромашните Американци се зголеми до рекордно ниво, секој 15-ти Американец живее во длабока сиромаштија.

Голем дел од сиромашните Американци живеат во областите околу големите градови, откако крахот на пазарот на недвижнини принуди многумина да се иселат од внатрешнота на градовите кон предградијата и другите одалечени места.

Новите статистички податоци покажуваат дека околу 20,5 милиони Американци или 6,7 проценти од населението на САД спаѓаат во категоријата најсиромашни. Станува збор за лица, чии средства се 50 проценти или помалку од официјалното ниво на сиромаштија.

Овој процент е највисок откако пред 35 години почна да се води евиденција за бројот на сиромашните.

 
Напишете коментар

Posted by на Февруари 16, 2012 во Сиромаштија

 

Изгубени во транзицијата и сиромаштијата

Поранешните братски народи од Југославија денеска се единствени само во сиромаштијата

Падот на животниот стандард може да се измери со делот кој во потрошувачката кошничка го зазема храната. Во тој случај Македонија стои најлошо, бидејќи трошоците за храна заземаат 43,4 отсто од месечните приходи, во Србија 41 процент, во Црна Гора 37, во БиХ 36, а во Хрватска 32 отсто.

Невработеноста и сиромаштијата се слика за реалноста во сите држави од просторите на поранешна Југославија. Во Србија 700.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата. Уште потешко е во Босна и Херцеговина, која иако има половина од населението на Србија, и во оваа држава околу 700 илјади граѓани живеат во сиромаштија. Во Хрватска стапката изнесува 19 отсто, што значи дека во сиромаштија живеат околу 900.000 граѓани. А во Македонија дури 31 отсто од населението живее во сиромаштија, или над 650.000 Македонци.

Според европските критериуми, сиромашни се сметаат сите оние чии месечни приходи се под 598 евра. Во Србија за сиромашен се смета секој што заработува помалку од 80 евра месечно, а во Хрватска прагот на сиромаштија е под 280 евра. Намалувањето на животниот стандард најмногу се чувствува во Македонија и во Србија. Платите се главно замрзнати, а цените на храната, енергијата и другите трошоци растат, па затоа поголемиот број граѓани едвај преживуваат. А ако платите растат, нив брзо ги јаде инфлацијата, па затоа нема подобрување на стандардот. Најмногу пари одат за храна и на режиските трошоци, а без се’ останато како да се може и мора. Се’ помалку пари остануваат за другите потреби, а многу довчерашни потреби станаа луксуз.

Највисока просечна плата меѓу сите поранешни југословенски републики засега има единствената членка на Европската унија, Словенија, каде што просечната пакта изнесува 987 евра. Во Хрватска просечната плата е 755 евра, во БиХ 418 евра, во Црна Гора 484 евра, а на дното на листата се Србија и Македонија со просечна плата до 350 евра. Но, висината на платата не значи секогаш и подобар стандард. Иако, во БиХ просечната плата е повисока од, на пример, во Србија, стандардот сепак е понизок.

Што се однесува до невработеноста, најголеми стапки на невработеност имаат Македонија и БиХ, каде што таа изнесува 31, односно 27 проценти. Незначително подобро стои Србија, а Црна Гора поради малиот број на жители и приходите од туризмот кои во оваа земја заземаат значајно место, нема голема невработеност. Но, кризата во сите овие земји го зеде данокот. Најтешко е во БиХ, каде што се’ повеќе сиромашни одат да се прехранат во народните кујни. А за тоа колкава е сиромаштијата зборува и фактот што луѓето почнале да купуваат и лекови на парче. (Ек.Р.)

Извор : Утрински весник

Пост Билјана Дуковска

 
Напишете коментар

Posted by на Февруари 8, 2012 во Сиромаштија

 

SETimes: Екстремната сиромаштија во Македонија

Поразителна слика за македонската екстремна сиромаштија можете да погледнете на оваа интернет страница на „Setimes.“ Фото есејот на фотографот Томислав Георгиев без потреба од зборови го опишува начинот на живот на Дунавка Георгиевска и нејзините четири деца кои живеат во 100 години стара куќа од камен без канализација во село Леуново. Куќата нема влезна врата, има дупка на покривот и колабирани ѕидови, се вели во легендите на фотографиите.

Сопругот на Георгиевска е во затвор, а едно од нејзините деца е болно од епилепсија, но никогаш не било на лекар заради недостиг на средства. За среќа, семејството сега е сместено во една соба од училиштето Денче Докузовски во Маврови Анови.

Обрачот против сиромашните во Македонија се стега уште повеќе. Невработените со месечни приходи и од само еден денар над 8 илјади денари од годинава ќе мора илјада денари од тие пари да и даваат на државата за здравствено осигурување и некако да преживеат со 7 илјади денари месечно.

Невработените од лани мораат во Агенцијата за вработување (АВРМ) да се пријавуваат на секои 2 месеци, наместо претходната пракса од 4 месеци, што значи дека граѓаните и од најоддалечените села на секои 60 дена ќе мора да патуваат до најблискиот град за да ги задоволат бирократските апетити на државата.

Од евиденцијата на АВРМ се избришани 40 илјади лица во период од 12-те месеци во 2011 година, иако податоците на Заводот за статистика од крајот на септември лани покажуваат дека во претходните 12 месеци невработеноста се намалила само од 31,7 отсто на 31,2 отсто. Граѓаните реагираат дека се охрабрува праксата невработените директно да одат во социјално, таму да се пријавуват за сини картони и да ја избегнуваат АВРМ за бројот на пријавени во Агенцијата да се држи на пониско ниво.

Оние, пак, што ќе „се осмелат“ да отворат бизнис и кои за тоа ќе добијат 3.000 евра од државата, потоа 4 години не ќе имаат право да се пријават како невработени во АВРМ. И овој критериум е направен како построг зашто претходната забрана за пријавување изнесуваше 2 години. Статистиките во САД покажуваат дека само 35 отсто од малите бизниси опстануваат по период од 5 години.

Во медиумите редовно читаме за лица кои престанале да добиваат социјална помош зашто им недостигал еден документ или зашто немале 500 денари, на пример. УЈП во ноември лани дури и им побара данок на родилките за средствата што им се доделени за породилно отсуство, додека истовремено не ни припарува во „Ттунски комбинат,“ Прилеп, на пример и тоа цела 2010 година, односно една година откако претходните директори беа осудени на затворски казни зааради проневери од 5 милиони евра.

Проблемот со стечајците упорно не се решава, а „суперхиковкската“ војна на власта против сиромашните продолжува. (Фото: Setimes.com, автор: Томислав Георгиев)

http://setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/en_GB/photo_essay/setimes/photo_essay/2012/01/30/photo_essay

 
Напишете коментар

Posted by на Февруари 7, 2012 во Сиромаштија

 

Милиони тони храна наместо на трпеза, завршуваат на буниште

Храната ќе биде еден од главните проблеми на нашиот континент, оти ќе има поголема побарувачка отколку што ќе биде понудата

Повеќе од 50 проценти здрава храна се фрла како ѓубре од страна на домаќинствата, супермаркетите, рестораните, како и од синџирите кои вршат снабдување со храна, додека во исто време 79 милиони граѓани на ЕУ живеат под линијата на сиромаштија, а 16 милиони добиваат помош во храна од добротворни организации. Европскиот парламент неодамна усвои резолуција со која повикува да се донесат итни мерки со цел до 2025 година да се преполови фрлањето храна и да се подобри доставувањето храна на граѓаните на кои тоа им е потребно.

Бидејќи храната се фрла на сите нивоа – од производителите, преработувачите, доставувачите и од потрошувачите, европските парламентарци повикаа на координирана стратегија со примена на заеднички мерки на ниво на ЕУ и на национално ниво со цел да се подобри доставувањето храна и во сите сектори во синџирот на потрошувачката и проблемот со фрлањето на здрава храна да се третира како прашање на ургентност. Доколку сега ништо не се направи, фрлањето храна до 2020 година ќе се зголеми за 40 проценти, се наведува во една студија што ја објави Европската комисија.

Извор: Дневник

 
Напишете коментар

Posted by на Февруари 2, 2012 во Uncategorized

 

Изгубиле социјална помош поради рецепт за “Храна и вино“

Се­мејс­тво­то Пет­ков­ски од Скоп­је ја из­гу­би­ло со­ци­јал­на­та по­мош за­тоа што во 2010 го­ди­на за­ра­бо­ти­ло 632 де­на­ри, што не ги при­ја­ви­ло во Цен­та­рот за со­ци­јал­на ра­бо­та. Но­си­те­лот на пра­во­то на со­ци­јал­на по­мош, Доб­ра Пет­ков­ска, ве­ли де­ка би­ла вчу­до­ви­де­на ко­га ми­на­та­та не­де­ла во Цен­та­рот и` рек­ле де­ка не и` сле­ду­ва­ат па­ри за 2012 го­ди­на. Ба­ра­ње­то и` би­ло од­би­е­но за­тоа што скри­ла де­ка неј­зи­на­та ќер­ка во 2010 го­ди­на до­би­ла ав­тор­ски хо­но­рар от­ка­ко ис­пра­ти­ла ре­цепт во еми­си­ја­та “Хра­на и ви­но”.

“Не мо­жев да по­ве­ру­вам де­ка ни ја уки­ну­ва­ат со­ци­јал­на­та по­мош по­ра­ди так­во неш­то. Ма­жот ми, на име на ќер­ка­та, го ис­пра­ти ре­цеп­тот во еми­си­ја­та и тие во ок­том­ври 2010 го­ди­на и` ис­пла­ти­ја ед­нок­ра­тен хо­но­рар од 632 де­на­ри. Се­га, во Цен­та­рот за со­ци­јал­на ра­бо­та ми ви­ка­ат де­ка сум тре­ба­ла да им ка­жам за ова, заш­то со тие па­ри би­ла нап­ра­ве­на про­ме­на во фи­нан­сис­ка­та сос­тој­ба на се­мејс­тво­то. Тоа се 50 де­на­ри ме­сеч­но за таа го­ди­на! Тие не­ка жи­ве­ат со тол­ку па­ри. Јас знам де­ка тре­ба да се при­ја­ви про­ме­на ако се вра­бо­ти ма­жот ми или јас или не­кое од де­ца­та. Не ни зна­ев де­ка тре­ба да ги при­ја­вам овие па­ри од еми­си­ја­та. Ако зна­ев, ќе го нап­ра­вев тоа, не е го­ле­ма ра­бо­та”, ве­ли Доб­ра.

Соп­руж­ни­ци­те Пет­ков­ски до­би­ва­ле око­лу 2.000 де­на­ри ме­сеч­но од др­жа­ва­та, со што ги из­др­жу­ва­ле ќер­ка­та и си­но­ви­те-близ­на­ци. Но ос­вен што им е уки­на­то пра­во­то да до­би­ва­ат со­ци­јал­на по­мош за оваа го­ди­на, тие се­га се со­о­чу­ва­ат и со туж­ба на суд ако не ги вра­тат па­ри­те што ги до­би­ле ми­на­та­та го­ди­на.

“Но­си­те­лот на пра­во­то се за­дол­жу­ва да ги вра­ти па­ри­те од при­ма­на­та со­ци­јал­на по­мош на ко­ја до­ма­ќинс­тво­то не­ма­ло пра­во, од­нос­но од 25.10.2010 го­ди­на зак­луч­но со 31.10.2011 го­ди­на, во вку­пен из­нос од 27.965,50 де­на­ри. До­кол­ку но­си­те­лот на пра­во­то не ги вра­ти па­ри­те од при­ма­на­та со­ци­јал­на по­мош на ко­ја не­го­во­то до­ма­ќин­ство не­ма­ло пра­во, Цен­та­рот за со­ци­јал­ни ра­бо­ти ќе под­не­се туж­ба до над­леж­ни­от суд за вра­ќа­ње на средс­тва­та ис­пла­те­ни за по­мош­та, со со­од­вет­на ка­ма­та и тро­шо­ци за суд­ска пос­тап­ка”, стои во ре­ше­ни­е­то од Цен­та­рот за со­ци­јал­на ра­бо­та во Скоп­је.

Доб­ра ве­ли де­ка не­ма од ка­де да нај­де па­ри за да и` ги вра­ти на др­жа­ва­та. Се­мејс­тво­то се со­о­чу­ва со проб­ле­ми и за­тоа што ќер­ката пра­ве­ла опе­ра­ци­ја на ко­ле­но­то и, по­ра­ди ле­кар­ска греш­ка, се­га пов­тор­но тре­ба да се опе­ри­ра. Таа се на­де­ва де­ка ко­ми­си­ја­та во Ми­нис­терс­тво­то за труд и со­ци­јал­на по­ли­ти­ка, до ка­де што ја дос­та­ви­ла жал­ба, ќе до­не­се по­зи­тив­но ре­ше­ние и ќе ја по­ниш­ти пр­вич­на­та од­лу­ка на Цен­та­рот за со­ци­јал­на ра­бо­та.
Р. Фо­ти­нов­ска

 
Напишете коментар

Posted by на Февруари 1, 2012 во Сиромаштија

 

ПОМОГНЕТЕ ИМ НА БЕЗДОМНИЦИТЕ

За 109-те бездомници во Скопје, тимовите на Црвен Крст нудат 24 часовна грижа, загреана просторија и топол оброк во пунктот во Момин поток. Сите кои познавате човек кому му е потребно засолниште во овие зимски денови јавете се на телефоните кои ги објави Црвениот Крст и помогнете им да добијат топол оброк, мек кревет и некое парче облека.

Од денеска до недела ( 5 фебруари) пунктот во Момин поток ќе работи 24 часа со цел да им понуди простор за греење и топол оброк на сите луѓе кои тоа им е потребно поради најавените рекордни ниски температури. Доколку некои од граѓаните познаваат лица кои имаат потреба од прифатилиштето нека се обратат на следниве телефони:

070 250 054
070 317 822
071 261 787
070 317 601

Пунктот денеска го посети и Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и им подари облека на бездомниците кои ги користат услугите на пунктот. Тој го искажа своето задовлсто од работата на пунктот, пред се од одличното вршење на обврските од страна на Црвениот Крст.

Пунктот во Момон Поток е отворен пред две години и го посетуваат 80-тина лица кои покрај храната и облеката добиваат и лекарска помош.

Од Црвениот Крст велат дека работното време е согласно со неговите кориснци, доколку е потребно тие можат во рок од два саати да го отворат со цел да помогнат на некое лице,а кога имаат лица кои се сместени таму, тие работат и во текот на ноќта.

Бездомните лица коишто самите бараат трајно сместување, се сместуваат во домот за бездомници во Чичино село. Во моментов таму со решение на Центарот за социјална работа се сместени 110 лица.

Инаку, 129 бездомници се регистирани на територијата на Македонија од кои дури 109 во Скопје. Тие, на рекодрните минусни температури преживуваат во заледените бараки, импровизираните живеалишта или под Железничката Станица.

Но, да не се ограничи хуманоста само на црвениот Крст, ако не можете повеќе, барем со еден телефонски повик помогнете им на своите сограѓани да ја прекинат борбата со поларната зима и да бидат згрижени во овој пункт.

Ивана Јариќ

Извор: БезПардон.Мк

 
Напишете коментар

Posted by на Февруари 1, 2012 во Сиромаштија