RSS

Monthly Archives: Ноември 2012

Половина од населението во Македонија е сиромашно

Речиси 30 % од граѓаните не можат да си ги затоплат домовите, 40 отсто имаа проблем со плаќање на сметки и рати во банки, за повеќе од 55% од населението месото и рибата се луксуз на трпезата. Најновото мерење, по нарачка на европската унија открива нови показатели за сиромаштијата во 2010 та.

Стапаката на сироматија изнесува 27 ,3%. Во оваа стапка се вкучени сите грѓани и па оние што земаат социјална помош и пензија. Но доколку тие се исклучат од пресметките, тогаш сиромаштијата изнесува 42,8%.

Социјалозите алармираат дека трендот на сиромаштијата расте и кај оние што работат а не можат да ги подмират елемнтарните потреби.

Извештајот обледнеува дека најкритични се семејствата со двајца возрасни и со три или повеќе деца кај кои сиромаштијата изнесува 36,5 %. Кај домаќинствата со двајца возрасни плус едно дете изнесува 22,3% а кај оние со само двајца возрасни е 25,5%.

Бројките за експертите се реални бидејки земјава е навлезена во длабока рецесија, сметаат дека владата сериозно мора да ги препознае најранливите групи а потоа и со конкретни мерки за помогне.

Животниот стандард се топи и во семејствата каде што има вработение.

За разлика од ова мерење, според домашната статистика стапката на сиромаштија во Македонија во 2010- та изнесуваше 30,9 отсто а лани 30,4 проценти.

Извор:24Вести

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Ноември 8, 2012 in Сиромаштија

 

ТАБЕЛА : средната класа – на удар на сиромаштијата

Последната анализа на статистичарите покажува тренд на пораст на сиромаштијата кај  категоријата на семејство “ брачен пар со деца “ .

ТАБЕЛА : средната класа – на удар на сиромаштијата.

 
Напишете коментар

Posted by на Ноември 6, 2012 in Сиромаштија

 

Ознаки: