RSS

Monthly Archives: Март 2016

Државниот колач не се дели подеднакво

Од каде да се почне?

Наталожени проблеми со кој се сочуваме, не следат и не демнеат на секој чекор. Почнувајќи од елементарните добра, ќе заклучиме дека ова наше опшество на некого е мајка, а за некого маќеа. Не можеме да се водиме од желбата за подобрување на квалитетот на животот кај сите граѓани, ако не се изнајдат решенија за секојдневните проблеми на сите етнички заедници и врз истите подеднакво да се делува.

Бошњаците не се третирани подеднакво со останатите етникуми во државата

Ако ги земеме во обзир државните извештаи и стратегите за соци-економскиот развој на сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија, ќе сретнеме изедначување на степенот на вклученост и добросостојба низ сите слоеви од општеството. Но праксата и статистиката ни покажуваат нешто друго. Последните години невработеноста континуирано добива апсолутно и релативно голем размер кај некои од етничките заедници, а тоа се Бошњаците каде стапката на невработеност изесува 47,4% од вкупниот број на припадници од оваа етничка заедница (превземено од Невработеност, ИСППИ). Заклучокот е дека оваа етничка заедница не ги добива подеднакво бенифиците од државата.

Од ова произлегува прашањето, во кого е проблемот? Дали државниот колач се дели подеднакво, или Бошњаците не знаат да ги бараат своите права?

Ако државата бара решенија за вклучување на социјално исклучените поединци, групи или заедници, тогаш Бошњаците треба самите да го изнајдат патот до вкличување во целокупниот опшествен процес. Знаеме дека стапката за невработеност е многу висока и таа ни дава за право да кажеме дека Бошњаците немаат квалитетен живот и дека се индентификуваат како сиромашен народ.

Бошњаците се исфрлени од процесите на креирање на било какви политики во опшеството и најчесто немаат пристап до органите кои донесуваат одлуки. Тие се спречени да учествуваат во општествениот живот, како последица на нивната сиромаштија, недостаток од основни компетенции и можности за доживотно учење или како резултат на појава на дискриминација. Ова ги оддалечува од можност за постојано вработување, приходи, образование, можности за обука, како и од секаков вид социјални и општествени активности. Ова придонесува да се чувствуваат немоќни и неспособни да ја преземат контролата врз сопствените одлуки, кои пак влијаат врз нивните секојдневни животи. Од горе наведените области нема ниту едно истражување направено на ниво на цела држава.

И ќе додадеме, за да функционира една група или заедница добро тоа значи дека во општеството постојат институции и процеси кои генерираат здраво живеење, безбедност, креативност, доверба и чувство на припаѓање.

sadrvan logo

Напишано од:

Младинска културна асоцијација на Бошњаците – ШАДРВАН, организација членка на МППС

Advertisements