RSS

Минимален достоинствен приход

Минимален достоинствен приход е поим што обично се користи за да се опише исплатата од страна на државата која функционира како „сигурносна мрежа“ за луѓето кои не можат да работат или немаат пристап до пристојна работа. Ова ’примање на крајна опција‘ или социјална помош е социјално право и еден од носечките ѕидови на државата за благосостојба и суштинска основа за осигурување на правото за достоен живот на сите.

Овој минимален достоинствен приход најчесто се дава на работоспособни граѓани кои не работат веќе подолго време или кои не заработуваат доволно за да го остварат минималниот квалитет на живот.

Најчести категории на приматели на МДП:

•Родители или Самохрани родители
•Постари лица кои не остваруваат право на достоинствена пензија
•Млади лица  кои не можат да најдат работа
•Етнички малцинства
•Работоспособни лица кои подолго неможат да најдат работа

Минималниот достоинствен  приход не треба да се побрка со минималната плата што е минимално ниво на приход одредено со закон или со колективен договор.

Пристапноста – посебно достапноста и квалитетот на услугите од општ интерес, вклучувајќи социјални услуги, транспорт, енергија, услуги за вработување во јавните служби, финансиски услуги итн. директно влијаат на конкретната куповна моќ и квалитетот на животот на погодените луѓе.

Зошто минимален достоинствен приход?

•Голем дел од граѓаните се соочуваат со сериозни  пречки  и недостаток на сервиси при обидите да најдат работа (лоши услови за домување, недостаток на достапни сервиси за грижа на децата или транспорт како и дискриминација).
•За некои граѓани вработувањето не е воопшто решение – лица со попреченост, стари лица, лица со здравствени  проблеми
•Чекорот за барање на работа исто така е проблематичен и за оние кои се долго време надвор од пазарот на труд.(изгубена самодоверба, психолошки проблеми, изгубени социјални вештини).

* Ова се бариери дури и да постојат достоинствени вработувања.

Минималниот достоинствен приход :

  •  Е —клучен инструмент во спречувањето на сиромаштијата и социјалната исклученост, сè додека средствата се доволни за да ги извлечат луѓето од сиромаштија.
  • —Нуди долгорочна сигурност што е потребна на патот кон вработување, поголемо општествено учество или други видови вклученост.
  • — Овозможува социјалната вклученост на луѓето за кои вработувањето не е опција, дали поради инвалидност, долготрајна болест или проблеми со менталното здравје, обврски кон старите или семејството или каде што нема пристап до квалитетни работни места.
  • — Е катализатори на фер плати кога нивото на платите е поврзано во позитивна хиерархија со пристојното ниво на минималното примање.
  •  Е дел од политиките на —Земјите-членки  на ЕУ  и  тие веќе се обврзаа на ниво на ЕУ или интернационално да обезбедат примерени примања.
  • —Во период на економска криза,  не само што ги спречуваат тешкотиите за оние што немаат работа туку и осигуруваат нужна основа за потрошувачката што ја поддржува економијата.
 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

 
%d bloggers like this: