RSS

Monthly Archives: Декември 2011

Информација за денешниот настан

На ден 29.12.2011 година Македонската Платформа Против Сиромаштија (МППС) со поддршка на Институтот за човекови права Лудвиг Болцман – Истражувачка асоцијација Скопје и во соработка со Министерството за труд и социјална политика на РМ, организираше масовна поделба на вториот дел од собраните средства од донаторскиот настан Телетон, за потребите на оние на кои им е најпотребно – децата во ризик и децата на улица. Инаку Телетонот беше организиран во соработка со Македонската Радио Телевизија како дел од минатогодишната кампања за борба против сиромаштија и социјална исклученост која што ја организираше МППС под мотото Секој трет во Македонија води крпен живот.
Борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост значи креирање на можности за луѓето да ги остварат своите права, обезбедување на пристап до истите тие можности, но и солидарност за сите оние кои се сиромашни, ранливи и дискриминирани. Токму поради тоа, МППС од собраните средства и донации од Телетонот, набави новогодишни пакети кои содржеа јакни и чизми за вкупно 38 деца – штитеници на Дневните центри на ЈУ МЦСР во Гази Баба и Кисела Вода. Остатокот од прибраните донации, вклучително 14 перници, 43 навлаки за перници, 6 јоргани, 6 комплети (чаршафи и јоргански навлаки), како и донирана стара облека ќе бидат поделени во двата Центри за бездомници во Чичино село и Љубанци.
Ваквата распределба, која несомнено ќе значи подобрување на условите во овие центри, беше направена врз основа на претходно подготвената анализа за нивните потреби. _____________________________________________________________
On 12/29/2011, Macedonian Platform Against Poverty (MAPP), with the support of the Institute for Human Rights Ludwig Boltzmann – Research Association Skopje, and in cooperation with the Ministry of Labor and Social Policy, organized a mass donation of the second part of the collected funds from donor Telethon event, for those who need it most – children at risk and street children. The Teleton was organized in cooperation with the Macedonian Radio Television as part of last year’s campaign to combat poverty and social exclusion, which was organized by MAPP under the motto Every third person in Macedonia leads a poor live.
The fight against poverty and social exclusion means creating opportunities for people to realize their rights, providing access to those same opportunities, and solidarity for all those who are poor, vulnerable and discriminated against. Therefore, from the collected funds and donations from the Teleton, MAPP purchased Christmas packages containing jackets and boots for a total of 38 children – wards of the Daycare centers in Gazi Baba and Kisela Voda. The rest of the collected donations, including 14 pillows, 43 pillow cases, 6 quilts, 6 sheets, as well as donated old clothes will be divided into two Centers for the homeless in the villages of Cicino and Ljubanci in Skopje.
This allocation, which undoubtedly will mean improving conditions in these Centers, was based on the analysis previously prepared for their needs.

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Декември 29, 2011 in Настани

 

Донатроски настан за децата згрижени во дневните центри за деца на улица во Кисела Вода и Автокоманда

Во рамките на спроведената Кампања за борба против сиромаштија и социјална исклученост 2010, на 12 декември 2010 година беше организиран Донаторски настан-телетон ‘’Заедно за децата во ризик-вклучи се и ти!” .Овој настан беше организиран со цел МППС да придонесе кон намалување на детската сиромаштија, при што како најзагрозена група на деца беа избрани децата на улица згрижени во Дневните Центри. По избирањето на оваа целна група беше направен увид во Дневните центри за деца на улица, со цел да се направи записник за моменталната состојба во истите и да се утврди кои потреби ќе бидат задоволени со собраните финансиски средства.
Македонската платформа против сиромаштија продолжува да ги следи потребите на оваа целна група и како алармантен проблем во овој период се појави потребата од детски јакни и обувки.
На 29.12.2011 МППС во дневните центри за деца на улица во Кисела Вода и Автокоманда на 38 деца ќе им донира јакни и обувки согласно сумата од останатите донирани фин. средства.
Нашата цел е да ја намалиме сиромаштијата! Вклучете се заеднички да ја оствариме

 
Напишете коментар

Posted by на Декември 29, 2011 in Настани

 

Берово тоне во невработеност,светла точка-туризмoт

Невработеноста е еден од клучните долгогодишни проблеми за беровчани. Во Малешевијата каде живеат околу 7 илјади жители, згаснаа неколку фабрики. Граѓаните се жалат дека не може да живеат ниту од земјоделско производство. Компирот по кој Берово е познат насекаде, се сади на многу мали површини и главно се користи за домашни потреби. Велат дека сушата која ги зафати земјоделските насади, била уште еден удар за нив.

– Сливи садевме, ама цел месец не врнеше. И стоката се испродаде, изумреа овиц, говеда. Ниту жито се роди.Сиромаштија голема е тука, нема вработување, а земјоделството тешко оди.
– Технолошки вишок сум 10 години, добивам 4000 денари.Садам компир, ама по малку. Државата воопшто не помага во Малешевијата, ни даваа малку субвенции
– Тука нема перспектива, на нула е. Државата помага, ама не е доволно.Немаме земјоделски производ, има нешто сточарство, но ниту тоа не е доволно.Нема фабрики, нема профит.
Нема иднина за младите тука
– Државата не дава пари, голем проблем е невработеноста. И писмените бегаат надвор. Приморани сме надвор да одиме. За земјоделство нема големи простори, нема ниви, велат беровчани.

За да се намали невработеноста, од општината велат дека се обидуваат да ги рестартираат затворените фабрики. Градоначалникот на Берово им препорача на граѓаните да отвораат семејни бизниси и повеќе да вложуваат во земјоделското производство и во сточарството.

– Многу претпријатија кои работеа згаснаа, поради не соодветно менаџирање. Ние се трудиме тоа да го рестартираме. Донесовме инвеститор од Турција за да отпочне со работа фабриката за самолепливи траки „Белема“. Се надеваме дека и дрвно – индустрискиот комбинат ќе го ставиме во фукнција. Ќе донесеме нови инвеститори за мали погони, за повеќе работни места, а кои се од лесната индустрија, незагадувачка, вели градоначалникот на општина Берово, Драги Наџински.

И општината и граѓаните се согласни дека развојот и вложувањето во алтернативниот туризам, може многу да помогне да се зголеми бројот на работни места и да се намали сиромаштијата кај беровчани.

Над 3000 граѓани во Берово се невработени, со што овој град предничи со невработеноста во источниот дел на Македонија.

Марија Мининчиќ alfa tv

 
Напишете коментар

Posted by на Декември 27, 2011 in Невработеност

 

Препуштени на судбината, а цело семејство со посебни потреби

Новоселани е битолско село со дваесеттина старци кои самјачат, со тешкиот товар на годините нафтасан врз нивните плеќи. Меѓу нив, Анчевци се најсиромашно семејство, кое минува оловни години и тешко бреме на сиромаштија. Сите четворица се со посебни потреби и не се во можност да се издржуваат. Главата на семејството, како физички работник остана инвалид, а фирмата му пропадна. Сега, без социјална помош, живеат во мрак и неизвесно секојдневие.

-Копав со казмата и ми падна, ме потисна ѕидот и ми ја скрши ногата. Сега сум без рбота, нема- вели Мице Анчевски. – Од кога е испуштен тој, така живееме. Кај некој дај, кај некој избркај не и така ни прават- рече денеска неговата сопруга Снежана.- Два месеци немаме струја и така дремиме со свеќи, како едно време- со напор додава нивниот повозрасен син Никола.

Храна имаат колку да преживеат, единстевно од милосрдието на добрите луѓе и на соселаните.

-Ова е едно семејство кое е во очајна состојба, бидејќи живее во невидена сиромаштија. Во границите на можностите секој помага по малку, јас можеби најповеќе, бидејќи ги обезбедувам и со огрев- рече Драги Милошевски, поранешен жител на Новоселани.- Сиромаштија голема, поголема не знам дали ќе има. Кај да дојдат, се ќе им дадеме по нешто да каснат- вели нивниот роднина Владо Анчевски.

Анчевци социјалната помош од неколку илјади денари, за нив голема како планина, ја изгубија лани откако нивни комшии вишокот тутун го предале на нивно име. За идната година, немаат поднесено документи, ниту пак се во состојба тоа сами да го направат. Ќе им подаде ли рака Државата?

Петар Стефановски

 
Напишете коментар

Posted by на Декември 22, 2011 in Сиромаштија

 

Кој го загадува Скопје

Граѓаните на Скопје прашуваат Дали тоа што некои не сакаат да инвестираат во филтри и други еколошки технологии треба да го трпат 700.000 луѓе!?

Ова е катастрофа од невидени размери. Дали треба наредните генерации да почнат да ги трпат последиците од нашата еколошка неосветеност – прашуваат граѓаните на Скопје

Повеќе

Извор Skymk

 
Напишете коментар

Posted by на Декември 21, 2011 in Uncategorized

 

Пратениците глумат загриженост за сиромашните

Mинималната плата која конечно треба да се воведе во државава од јануари 2012 година, ги разбуди спротиставените мислења на опозициските и на пратениците од владиното мнозинство.

Според опозицијата, која го поддржува законот, минималецот треба да се применува за сите категории вработени, односно не треба од него да ги исклучат вработените во текстилната, земјоделската и кожарската дејност, бидејќи токму во овие дејности се најниски платите и стандардот на работниците е низок. Според предлог законот, а на барање на работодавачите, нивните плати ќе треба да се приспособуваат до новиот износ на минималецот во почетокот на 2015 година. Тоа, според СДСМ, е долг период во кој ќе може да се заобиколи целата законска процедура и да се избегне воведувањето на минималната плата.

Предлог законот за минимална плата го договори Владата со социјалните партнери, синдикатите и работадавачите, пред околу два месеца, а тој вчера се најде на дневен ред во Собранието, во прво читање.

Со законот се предвидува износот на најниската плата да не биде помал од 8.050 денари – нето, односно 12.235 денари – бруто. Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, рече дека минимална плата е најниската плата по час, или најниското дневно или месечно примање што работникот ќе го добие согласно закон, а работодавачот ќе биде должен да го исплати.

„Конечно се обезбедува регулирање на минималната плата, гарантирање на работните места со утврден износ, но и обврска за работникот дека мора да изработи полно работно време за да го добие утврдениот износ. Решението треба во голема мераа да ја подобри состојбата на работниците и да им даде дополнителен мотив на работодавачите. Ова прашање не беше регулирано речиси 20 години“, рече Ристовски.

Министерот вели дека минималниот износ на плата не е постојан и дека ќе трпи измени секоја година врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, преку пресметување на 39,59 проценти од просечната плата во државата.

Доколку биде усвоен, законот ќе стапи во сила во јануари 2012 година.

Но, нема да биде обврска и за текстилната, кожарската и земјоделската дејност. За работодавачите од овие дејности законот ќе има одложена примена до почетокот на 2015 година, до кога тие ќе треба да извршат усогласување на платите со новиот минимален износ. Тоа, според Владата, е направено поради објективниот ризик, во случај работодавачите од тие гранки да не можат да ја исполнат обврската да воведат минимална плата од 8.050 денари, да почнат да отпуштаат работници.

Опозицијата го поддржува воведувањето на минимална плата, но смета дека тој не треба да се одлага за одредени дејности. Цветанка Иванова од СДСМ најави амандман за второто читање на законот со кој ќе се бара бришење на членот што предвидува усогласување во наредните три години во трите гранки, кои всушност се и најзасегнати, бидејќи таму се лоцирани и најголемиот број работници со плати под границата на предложениот минимум.

„Бараме тој да важи веднаш, поради големиот број на сиромашни граѓани. Во спротивно, за нив платата во јануари 2012 година ќе изнесува и понатаму 6.263 денари. Ако сочувствувате со 40.000 вработени во текстилната, кожарската и земјоделската индустрија и со нивните семејства, треба да се поддржи нашиот став за минимална плата, сега и веднаш. Илузија е да се ветува најниска плата што ќе важи од 2015 година“, рече Иванова. Таа додаде дека целта на одредувањето минимално примање е спречување на експлоатацијата и ублажување на сиромаштијата која во Македонија зема замав. Над 51 отсто од семејствата живеат во, или на работ на сиромаштија.

Според Радмила Шекеринска, ако законот остане ваков, тој ќе биде без суштина. „Ќе има смисла само ако се однесува на тие што живеат со најниски плати, а токму за нив тој се одложува“, рече Шекеринска. Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ укажа дека концептот се воведува во исклучително тежок енономски период и дека СДСМ можела, а не утвдрила минимален износ додека била на власт.

„Владата направи напор да го воведе овој концепт, кој е приближно колку и во некои други земји во регионот“, рече Ѓорчев, посочувајќи дека минималната плата во Бугарија е 132 евра, а во Романија 157 евра.

Утрински весник

 
Напишете коментар

Posted by на Декември 16, 2011 in Сиромаштија

 

Сиромаштијата во Македонија е најголемиот загадувач

Граѓански организации: Сиромаштијата во Македонија е најголемиот загадува

Економската ситуација, односно сиромаштијата во Македонија е најголемиот загадувач, бидејќи две години наназад, со поскапување на цените на централното греење, се’ повеќе граѓани се ориентираат на алтернативни грејни тела, истакнаа денеска граѓанските организации пред почетокот на средбата со министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми.

“Како пример можам да посочам една зграда во центарот на градот која има 56 станови, од кои 12 се греат на дрва. Друг пример се автомобилите кои ги возиме, чија старосна граница за жал е малку постара, при што загадувањето е неминовно, а трета работа е квалитетот на горивото кое влегува во Македонија или се произведува тука без разлика. Сите на некој начин возиме автомобили, а имаме едно од понеквалитетните горива во регионот и пошироко“, изјави Душко Христов од НВО “4х4х4 балкански мостови“.

Тој истакна дека не е благодарно да се каже кој е најголемиот загадувач на воздухот во Скопје, затоа што ниту една од граѓанските организации не била во можност да ги провери нивните мерни инструменти, за да може да се каже кој највеќе загадува.

“Како предлог и сугестија на министерот ние ќе го посочиме враќањето на оној постар систем пар – непар возење. Потоа, мора да посочиме и дека големите загадувачи не дозволуваат да влеземе во нивните кругови и да видиме како работат, без разлика дали станува збор за Охис, Макстил или други компании. Друг наш предлог е да отвориме една јавна дебата или да оствариме средби со претставници на тие компании, кои мора да имаат потранспарентен начин на пристапување кон нас. Како граѓани и ние треба посериозно да се занимаваме со ова прашање. Тука ќе ја посочам и експанзијата од градби во Скопје, кои прават огромна прашина која дополнително допринесува за загадувањето“, истакна Христов, одговарајќи на прашањето што ќе му предложат на министерот како мерки кои би можеле да се преземат.

Министерот Адеми истакна дека како мерки против загадување на амбиенталниот воздух на градот му предложиле подобри и понови автобуси на улиците, контрола на режимот на сообраќај во центарот на градот како и намалување на цените за превоз во зимско време, иако како што посочи Адеми, повтторно, се’ зависи од метеоролошките услови.

“На градот Скопје како надлежна институција му предложивме да размисли околу режимот на сообраќајот во централното градско подрачје, предложивме и други мерки околу јавниот сообраќај да ги вклучи подобрите и поновите автобуси во истиот, да ги намали цените за превоз во зимско време итн“, истакна Адеми.

Министерот Адеми додаде и дека деновиве се во постојана комуникација со градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, се со цел да ги координираат активностите околу инспекциите кои се во тек.

На новинарско прашање дали фабриките во Скопје работат според сите еколошки стандарди, Адеми посочи дека досега министерството има издадено 30 А интегрирани дозволи за цела Македонија, други 28 се во постапка, а четири од нив се на големите капацитети во Скопје.

“Без разлика што тие ја немаат таа дозвола, односно нивната дозвола е во постапка, ние ги следиме сосотјбите со тие големи капацитети и токму затоа денеска инспекторите се на терен и очекуваме резултати“, додаде Адеми.
Автор на веста: Нетпрес
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=95960&kategorija=1

 
Напишете коментар

Posted by на Декември 13, 2011 in Сиромаштија