RSS

Monthly Archives: Август 2012

Лебот поскап од есен?!

                                                                                                                                                   Мелничарите бараат нова, повисока цена за лебот. Тие сметаат дека од есен тестенините и лебот треба да поскапат за десет отсто од сегашната цена, што би значело зголемување на цената на лебот за 3 денари.

Министерството за земјоделие не ја исклучува можноста од поскапување, но тие велат дека доколку цената поскапи, тие ќе интервенираат со одредена количина на пченица од државните резерви

 

Извор:Кирилица

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Август 15, 2012 in Сиромаштија

 

Македонија дебело се задолжува, не очекуваат нови поскапувања

До крајов на годинава, Македонија, ќе се задолжи за уште 460 милиони евра, што е дополнителна сума од предходно позајмените 127 милиони евра, објави денеска порталот „Охридскај“ повикувајќи се на информации добиени од соговорник од Министерството за финансии. Тоа, споредпорталот значи дека од овој месец па до крајот на годината, Македонија ќе земе комерцијални кредити во износ од најмалку 527 милиони евра.

Ден пред заминување на одмор на Премиерот и министерот Ставревски договориле да се прави ребаланс на буџетот што поскоро кога за тоа се создатат услови, а ребалансот да биде во ист тајминг со гласањето во Парламентот за нови задолжувања, се вели во написот на порталот.

Притоа се додава дека реалната проекција на економските текови доставена од Министерството за Финансии до Груевски не е воопшто розова, туку очајна. Следи пораст на цените со 10 – 15 проценти, а годишната инфлација ќе појде на 5 проценти или двојно повејќе од проектираното, а пак економскиот раст ќе се движи околу – 2 поценти (минус два проценти ) или за 4,8 проценти со пад од проектираниот.

„Охридскај“ информира дека во поскапувањето на струјата и на енергенсите владата ќе направи уште неколку поскапувања токму кај овие енергенси до декември. Планирано е струјата да поскапи уште барем 10 проценти пред почетокот на грејната сезона

Извор;Плусинфо

 
Напишете коментар

Posted by на Август 14, 2012 in Општо