RSS

Monthly Archives: Ноември 2011

Процентот на сиромаштија во Македонија

Процентот на сиромашни лица во Македонија изнесува 30,9 отсто за 2010 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во споредба со 2009 година процентот на сиромашни лица се намалил за 0,2 отсто, додека во споредба со 2008 година има зголемување од 2,2 отсто.

Податоците покажуваат дека 28,7 отсто од македонците во 2008 биле сиромашни.Според местото на живеење во 2010 година процентот на сиромашни лица во рурални средини изнесува 47,1 отсто, во останатите урбани средини 43,7 и во Скопје 9,2 отсто.Анализирано по профили, најранливи групи се повеќечлените домаќинства имајќи го предвид фактот дека 47,3 отсто од сиромашните живеат во домаќинства со пет и повеќе членови.Стапката на сиромаштија кај невработените е 41,8, односно 44,8 отсто од сите сиромашни се невработени лица. Имено, 54,7 отсто од сиромашните лица живеат во домаќинства во кои носителот на домаќинството нема или има завршено најмногу основно образование.

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Ноември 30, 2011 in Сиромаштија

 

Сиромаштијата полека ја гасне хуманоста

Сиромаштијата полека ја гасне хуманоста кај луѓето. Расте бројот на лица кои молат за корка леб, а нема кој да им помогне. Гладни и изнемоштени ги преплавуваат црковните народни кујни. Дневно ги посетуваат по стотина граѓани. Волонтерите кои ја приготвуваат храната за сиромашните, велат во последно време се намалуваат донациите. Сега храна им пристигнува од едвај дестина семејства.

-Порано имаше повеќе, сега нема. Сега е такво времето, луѓето немаат пари. Ретки се тие што имаат, но и тие е прашање дали ќе донираат, вели Струма Стојчевска, волонер во народната кујна.

И граѓаните, намалувањето на хуманоста и го припишуваат на сиромаштијата. Велат, хуманите луѓе постојат, но дојде време кога и тие едвај се прехрануваат.

-Кој колку може, толку и дава. Ако нема не треба да му се замерува. Ако има само сто денари и му се потребни  на пример, за да купи леб или млеко за неговото семејство, не можеш да му ги бараш тие пари. Но, ако има, а не дава, е тогаш е срамота.

-Сиромаштијата си го прави своето. Кога немате, нема како да помогнете.

-Треба да се заложи најпрво државата, таа треба да го направи првиот чекор. Треба да им помогне на сиромашните, преку социјална помош, отворање нови работни места итн. Бројот на овие лица од ден на ден се зголемува,  коментираат анкетираните граѓани.

Според податоците на државниот завод за статистика, минатата година 30, 9% од македонците живееле во сиромаштија. Половина од сиромашните се невработени лица.

[ Весна Јовановска-Дојчиновска Телма ]

http://telma.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=12466

 
Напишете коментар

Posted by на Ноември 29, 2011 in Сиромаштија