RSS

Monthly Archives: Октомври 2012

ВИДЕО: Закани до членови на „АМАН“

ВИДЕО: Закани до членови на „АМАН“.

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Октомври 30, 2012 in Инфо

 

„АМАН“: ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА 10.000 ПОТПИСИ ЗАГЛАВИ МЕЃУ СОБРАНИЕТО И ВЛАДАТА

Граѓанската иницијатива „АМАН“ апелира до институциите да постапат по барањето и иницијативата за собирање 10.000 потписи за измени во Законот за енергетика, за што побрзо да се реализира оваа иницијатива. Според активистите на „АМАН“, постапката е сега заглавена меѓу Собранието,Владата и Државната изборна комисија, иако поминала цела недела од првичното одобрување на иницијативата во Собранието.

Од „АМАН“ велат дека нивни активист пред неколку дена бил пресретнат од две непознати лица кои го малтретирале, му се заканувале и го убедувале да се откаже од учеството во протестите и во граѓанската иницијатива. Активистот го пријавил случајот во полиција, а ги известиле и мисиите на ОБСе и Европската унија во земјава. Од „АМАН“ велат дека и покрај притисоците и заканите, граѓанската иницијатива продолжува се до конечното исполнување на нивните барања.

Слушнете ги изјавите на активистите на „АМАН“ Васко Лазаревски и Неда Чаповска:

http://www.mixcloud.com/radioMOF/izjavi-od-gragjanskoto-zdruzenie-aman-vasko-lazarevski-i-neda-capovska-3010/

Извор:Радио Моф

 
Напишете коментар

Posted by на Октомври 30, 2012 in Инфо

 

Аман не престанува со протести додека не собере 10.000 потписи

Аман не престанува со протести додека не собере 10.000 потписи.

 
Напишете коментар

Posted by на Октомври 30, 2012 in Инфо

 

11-ти протест Аман

 

АМАН – 11 Општонароден протестен собир – 27.10.2012/ Протести против поскапувањата

Сабота 12:00 часот пред регулаторна комисија за енергетика, порта Македонија, плоштад Пела

10 протести досега граѓаните излегуваат на протест ии велат АМАН – ДОСТА Е.

Излези и ТИ, бори се за СЕБЕ, заедно за НАШЕТО достоинство, НАРОДОТ обединет во борба за подобри услови за живот и СОЦИЈАЛНА ПРАВДА.

РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА, САБОТА 12 ч.

http://www.facebook.com/events/458491510861090/

 
Напишете коментар

Posted by на Октомври 26, 2012 in Инфо

 

Зелено светло за АМАН за измените на законот за енергетика

Зелено светло за АМАН за измените на законот за енергетика.

 
Напишете коментар

Posted by на Октомври 24, 2012 in Инфо

 

„АМАН“ ВЛЕЗЕ ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА, ЌЕ СЕ СОБИРААТ 10.000 ПОТПИСИ – Телма Телевизија

„АМАН“ ВЛЕЗЕ ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА, ЌЕ СЕ СОБИРААТ 10.000 ПОТПИСИ – Телма Телевизија.

 
Напишете коментар

Posted by на Октомври 24, 2012 in Инфо

 

Ем сиромаштија, ем намалување на бројот на социјалци

Министерството за труд и социјална политика тврди дека бројот на корисници на социјална помош е намален за 17 отсто. Аналитичарите, пак, велат дека станува збор за административни работи и оти бројката реално не е намалена.

Покрај сиромаштијата, која според последните податоци се проценува на над 30 проценти, во услови на рецесија и општ раст на цените, од Министерството за труд и социјална политика тврдат дека бројот на корисници на социјална помош е намален за 17 отсто. На терен ситуацијата не е розова, сметаат познавачите и активистите.

Не може да се намалува сиромаштијата преку тоа што скусиле неколку илјади случаи да не примаат социјална помош, значи тоа се административни мерки, кои се донесени од страна на Министерството и преку кои се елиминирани луѓето, што можеме да кажеме дека тоа не е добар знак, дека не чини таа регулатива за давање на социјална помош на таа категорија.
Драге Јовановски, поранешен синдикалец и правен експерт.

Поранешниот синдикалец и правен експерт Драге Јовановски, вели дека податокот за намалениот број на корисници на социјална помош не е логичен.

„Во даденава ситуацијата не може да се намалува сиромаштијата преку тоа што скусиле неколку илјади случаи да не примаат социјална помош, значи тоа се административни мерки, кои се донесени од страна на Министерството и преку кои се елиминирани луѓето, што можеме да кажеме дека тоа не е добар знак, дека не чини таа регулатива за давање на социјална помош на таа категорија.“

Бројката е многу поголема, вели Јовановски.

​​
„Тие податоци не се вистинските податоци. Значи комплетно за Република Македонија мора да го имаме гласачкото тело, ако имаме еден милион и 700-800 илјади гласачко тело и ако земеме дека 500 илајди се работници во работен однос и дека околу 300 илјади се пензионери, тогаш каде е таа група од 800 илјади што не прима ништо?“

Игнорирањето на овие луѓе не значи дека ги нема, овие луѓе не можат да излезат ниту на протести затоа што никој не знае како преживуваат. Нивните сметки се поголеми од нивните примања, а некој на тие луѓе им праќа извршители, значи дали се запрашал било кој, како тие луѓе преживуваат?
Џелал Хоџиќ, граѓанска иницијатива „АМАН“.

Според податоците за минатата година, секој трет жител на Македонија живее во сиромаштија. Дали годинава работите се менуваат на подобро покрај растот на трошоците за енергенси и прогласена рецесија? Џелал Хоџиќ од граѓанската иницијатива „АМАН“ вели дека на терен не е реална ситуацијата.

„Не е намален бројот на социјалците, туку тоа е пропуст на администрацијата во центрите за социјална помош и поради тоа се враќаат луѓето и затоа се враќаат социјалците, а не дека реално се вработени луѓето и дека нема повеќе социјалци.“

Според Уставот, должност на владата и општеството е да се грижи за социјалната правда вели Хоџиќ

„Игнорирањето на овие луѓе не значи дека ги нема, овие луѓе не можат да излезат ниту на протести затоа што никој не знае како преживуваат. Нивните сметки се поголеми од нивните примања, а некој на тие луѓе им праќа извршители, значи дали се запрашал било кој, како тие луѓе преживуваат? Имате социјална помош за едно семејство околу 2.000 денари, а преку зима една сметка за струја не е помала од 3-4.000 денари.“

Според податоците на Министерството за труд и социјална политика, во Македонија има меѓу 39 и 40 илјади домаќинства корисници на социјална помош, и околу 3.500 корисници на народните кујни на целата територија.

Извор:Радио Слободна Европа
 
Напишете коментар

Posted by на Октомври 18, 2012 in Инфо

 

Ознаки: