RSS

Monthly Archives: Март 2013

Извештај на МППС за неправилности на Локалните избори 2013

Граѓаните ги утврдија следните неправилности на Локалните избори 2013.
ИЗБОРИ 2013

Во првиот круг на Локалните избори 2013 од страна на МППСизборниот процес го следеа 499 набљудувачи во 20 градови низ Републиката.

Во текот на денот од страна на набљудувачите на МППС беа регистрирани бројни неправилности како:

  • агитација врз гласачи пред гласачкото место,
  • непотполен избирачки материјал (недостигаат 1 или повеќе ливчиња од кочаните),
  • одбивање од страна на комисијата да се избројат гласачките ливчиња пред почеток на гласањето,
  • сликање на гласачки ливчиња,
  •  лица со уредни биометриски документи не беа во списокот на гласачи,
  • доказ со фотографии за лица носени да гласаат од мала Преспа, Пустец во градовите Ресен, Охрид, Скопје- Центар, Битола)
  • поткуп на гласачи со зејтин, дрва и пари
  • безброј регистрирани семејни гласања
  • помош на стари и изнемоштени лица од страна на партиски набљудувачи
  • недозволување од страна на комисијата наши набљудувачи да го следат изборот

 

Целта на следењето од страна на МППС на овие избори е враќање на довербата кај граѓаните во изборниот процес и воспоставување на партиципативна демократија во Р.Македонија. Самиот факт што на голем дел од набљудувачите на МППС не им беше остварено правото да интервенираат во дневникот на настаниа на избирачкото место, или им беше укажувано да си седат на страна и само немо да гледаат, очигледно покажува дека сеуште нивото на изборните процеси не дозволува граѓаните да бидат носители на изборите. Истакнуваме дека улогата на набљудувачите не е само да седат и гледаат туку да интервенираат при нарушени избирачки права на граѓаните. Со ова одбивање на набљудување и непочитување на правата на набљудувачите од страна на Избирачките комисии се покажува и непочитување кон правата на граѓаните во тек на избори.

Бројните недостатоци на денот на гласањето, забележани од страна на набљудувачите на МППС, се наброени во оваа листа на забележани неправилности:

Изборно место 2543
на гласачка и биле дадени 3 наместо 4 ливчиња, гласачката си го побарала и четвртото ливче но не и било дадено, ливчето подоцна е најдено на земја
Изборно место 2517
на наш набљудувач од страна на Изборната комисија не му е дозволен пристап и набљудување на ова избирачко место, по наша интервенција набљудувачот е пуштен да врши набљудување на изборниот процес
Изборно место 2278
семејно гласање
Изборно место 0577
7 мин прекин на гласање поради забележан плакат на партијата ВМРО- ДПМНЕ побликску од 100м од избирачкото место
Изборно место 0725
две лица со уредни документи не биле најдени во избирачки список
Изборно место 2723
испечатени две гласачки ливчиња со исти сериски број, оваа неправилност е забележана 3 пати од страна на Изборната комисија
Изборно место 2698
на наш набљудувач од страна на Изборната комисија му е попречено правото на набљудување по интервенција и укажување на нашиот набљудувач за улогата и целта за набљудувачите овој настан е запишан во дневникот на настани
Изборно место 0151
недостасувало едно гласачко ливче од кочанот со се серискиот број
Изборно место 0093 и 0094
купување на гласови
Изборно место 1354
недостигаа 6 гласачки ливчиња
Изборно место 2146
не го пуштаа набљудувачот на МППС да влезе на гласачкото место и да го следи изборниот процес
Изборно место 2173
најдено празно ливче позади параванот
Изборно место 1091
гласано со стари документи
Изборно место 1761
3 лица гласале со стари документи
Изборно место 2679
при спуштање на ливчињата во кутија е забележано дека гласачката има 6 ливчиња нмаместо 4, дупли за градоначалник и совет на Аеродром. По утврденото и се одземени ливчињата и се тргнати на страна
Изборно место 1753
набљудувач на Вмро- Дпмне му помогнал на старо лице да гласа
Изборно место 1741
групно гласање
Изборно место 2158
1 ливче недостигало при почетно пребројување, почнато е гласањето 30 мин покасно
Изборно место 2279
гласало лице што не е на списокот на гласачи
Изборно место 2267
изборната комисија не дозволила да се пребројат ливчињата пред почеток на гласањето
Изборни места 2770 и 2771

Членовите на избирачкиот одбор воопшто не беа информирани за целта и правата на домашните набљудувачи, а тоа беше утврдено со тоа што не ги сослушуваа навреме забелешките на набљудувачот, а дополнително при читање на записникот, не беше внесена ниту една забелешка која беше воочена навремено во текот на гласањето, под оправдување дека забелешката не била ставена навреме, бидејќи било побарано истото по затварање на избирачкото место.

Во периодот помеѓу 13:30 и 14:00 часот во избирачкото место се наоѓаше лице кое не беше овластено да прашува за излезеност, утврдено по неносење на ознака. Истото лице два часа покасно, пред избирачките места 2770 и 2771 во општина Кисела Вода во телефонски разговор читаше листа на гласачи

Во периодот од 13 до 19 часот едно лице не беше проверено под УВ ламба за мастило, забелешката беше дадена видно навремено, меѓутоа не беше внесена во записник по затварањето на избирачкото место.

Во последната минута пред затварање на избирачкото место, позади параванот за гласање стоеше лице кое веќе гласало до лице кое во моментот го даваше својот глас, за што не беше опоменат од ниту еден член на избирачкиот одбор

.

Со почит,

Мила Царовска
Претседател на Македонска платформа против сиромаштија (МППС)

26 Март 2013
Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Март 28, 2013 in Инфо

 

МППС проактивно на претстојните локални избори

Македонската платформа против сиромаштија (МППС) има чест да Ве да ве информира дека МППС на локалните избори проактивно делува во две компоненти:

1. Испраќање на писмо до сите политичките партии за поддржување на иницијативата Минимален достоинствен приход, односно да се стави во нивните политички програми или  доколку програмите се затворени да ни испратат писмо во кое што ќе биде нагласено дека го поддржуваат минималниот достоинствен приход и во новите програми за парламентарните избори го стават како социјална мерка.

Минимален достоинствен приход е поим што обично се користи за да се опише исплатата од страна на државата која функционира како „сигурносна мeрка“ за луѓето кои не можат да работат или немаат пристап до пристојна работа. Ова „примање на крајна опција“ или социјална помош е социјално право и еден од носечките ѕидови на државата за благосостојба и суштинска основа за осигурување на правото за достоен живот на сите. Во моментов  Минимален достоинствен  приход  како мерка е воведен во повеќето ЕУ-земји.

Се надеваме дека локалните власти  ќе го воведат како локална мерка, но сметаме и дека на парламентарните избори некој добро ќе го рагледа овој метод и ќе направи фискална импликација колку оваа мерка ќе ја чини државата и како долгорочна цел увиди дека со оваа мерка ќе се намали сиромаштијата во Македонија.

На испратеното барање сите политички партии имаа можност да го разгледат и на истото да ни одговрат до 19 март. До овој датум ние добивме одговор од две политички партии и тоа Репбликанската Алијанса која што има кандидат за градоначалник на Град Скопје, каде што е нагласено дека доколку учестува во власта ќе го воведе на локално ниво, но исто така ќе се залага во иднина за оваа мерка.

СДСМ во писмото нагласува дека на овие избори како дел од  Сојуз за иднината има 67 кандидати за градоначалници и дека во нивните програми веќе предвидуваат социјални бенефиции за граѓаните  што ќе доведедат до подобрување на квалитетот на живото,односно фирморање на фондови за борба против сиромаштија, но исто така  при подготовка на програмата за парламентарните избори активно ја вклучи МППС за воведување на оваа мерка во нивните програми.

2.Акредитација за мониторинг на локалните избори,

МППС се акредитира за мониторинг на овие избори и дирекно ќе вклучи 428 граѓани во 21општина за активно да следат и вршат мониторин на локалните избори. Целта е граѓаните увидат колку изборите се фер и демократски и воедно ја вратат довербата во изборниот процес.

Пораките што ги праќаат граѓаните се:

Ние, граѓаните, бараме слободни, чесни, фер и демократски избори!

Ние, граѓаните, одлучуваме за иднината на Република Македонија!

Ние, граѓаните, гласно велиме: Внимателно ветувајте, затоа што следиме!

По завршувањето на локалните избори МППС во Понеделник 25.03.2013 ќе одржи пресс конференција и ќе  ги извести граѓаните како се одвивал изборниот процес.

 

 
Напишете коментар

Posted by на Март 22, 2013 in Видео, Инфо

 

MRT – Maqedoni – Video: Debat, qytetarët në demokracinë vendore

Јавна дебата „Учество на граѓаните во локалната демократија“

MRT – Maqedoni – Video: Debat, qytetarët në demokracinë vendore.

 
Напишете коментар

Posted by на Март 20, 2013 in Видео, Инфо