RSS

Monthly Archives: Јануари 2012

Источниот дел заборавен и невработен

Источниот регион на Македонија новата година ја почна со бројка од 26.294 невработени, меѓу кои секој трет е постар од 50 години
Источниот регион во оваа година влезе со 26.294 невработени. Ако се има предвид дека во него има нешто повеќе од 180.000 жители, тогаш процентот на невработеност е околу 14,4.
Процентуално, според бројот на жители, состојбата е лоша во Кочани. Градот има триесетина илјади жители и над 8.000 невработени, што е 24 отсто од вкупното население. Повеќе од една осмина од невработените во Кочани, односно 1.100 жители се приматели на социјална помош. Тоа е повеќе од една третина од вкупниот број приматели на социјална помош во источниот регион, чиј број изнесува околу 3.000.
Полошо од Кочани е во Делчево, каде што процентот на невработени во споредба со бројот на жители е речиси 40 отсто. Таму, како приматели на социјална помош се регистрирани само 400 лица.
Најлошо, сепак, е во Берово, каде што невработеноста е најголема во источниот регион и изнесува речиси 45 отсто.
Во Штип состојбата е помалку алармантна, бидејќи во Агенцијата за вработување фигурираат 5.579 невработени од околу 47. 000 жители и нешто помалку од 700 корисници на социјална помош. Процентуално тоа е 11,2 отсто, што е значително помалку од просекот во регионот.
Ваквата поразителна статистика е резултат на фактот што со години наназад во источниот регион не е отворен ниту еден поголем стопански објект, а неколку помали индустриски капацитети се затворени.
Единствена нова инвестиција е „Џонсон контролс“ во Штип, но и таму од најавените 1.500 вработувања, од кои 400 требаше да бидат во т.н. прва фаза, засега на работа се повикани одвај шеесетина работници.
Во меѓувреме се вршат интервјуа со преостанатите заинтересирани кандидати, но извесно е дека вработувањата ќе одат побавно од очекуваното.
Некои поголеми резултати за намалување на невработеноста не дадоа ниту акциите што ги спроведува државата. На огласите за самовработување или субвенционирање за вработување одредени ранливи категории, бројот на пријавени е минимален.
Во меѓувреме, локалните самоуправи преземаат свои мерки за намалување на невработеноста. Иако немаат директни ингеренции во оваа сфера, секоја од нив поединечно може да влијае на ублажување на проблемот.
– Засега малку можеме да влијаеме на намалување на невработеноста, но секако не седиме со скрстени раце. Општината досега ангажираше најмалку 500 невработени за вршење комунални работи. Дневницата е 300 денари. Во исто време, правиме сé да ги подобриме условите за инвестирање во Штип. Она што најмногу можеме да го направиме е да создадеме поволна клима за инвестирање – тврди штипскиот градоначалник Зоран Алексов.
Слични активности се преземаат и во општината Кочани. Според Снежана Хаџи Паунова, претседателката на Комисијата за еднакви можности од Кочани, општината досега организирала повеќе курсеви за преквалификација, а се инвестирало и во возобновувањето на занаетите, кои можат да прераснат во семеен бизнис.
Ова може да ја ублажи, но не и да ја реши состојбата со невработеноста во источниот регион. Проблемот дополнително го комплицира и фактот што речиси секој трет невработен во регионот е постар од 50 години – категорија што никој не сака да ја вработи.
– Без работа сум веќе девет години. Живееме од работничката плата на мојата сопруга. Некогаш, кога ќе ги распределиме парите за сé што мораме да платиме, уште на средината на месецот ни остануваат пари само за леб. Секој ден барам работа, се јавувам на огласи, ама никој не ме сака – вели Ѓорѓи Шалев, еден од многуте невработени на над 50-годишна возраст.
Бројот на луѓе со ваква судбина само во Штип е над 2.500. Најстрашно е за оние што чекајќи работа, веќе остареа. Најмалку 1.000 лица постари од 45-50 години во Штип сé уште чекаат на прво вработување. Со секоја помината година, шансите да ја добијат се сé помали:
– Факт е дека работодавците не сакаат повозрасни работници. Речиси сите огласи се лимитирани на 30-35 години – потврдува Снежана Маролова, директорката на Агенцијата за вработување во Штип.
Споредено со минатата година, невработеноста во регионот статистички е намалена за околу 10.000 лица. Во јануари 2011 година, работа во источна Македонија барале 36.440 лица.
Сепак, и минатогодишната и бројката на невработеност за оваа година се дискутабилни, зашто ако се има предвид невработеноста од 31 отсто на државно ниво, тогаш бројот на невработени во источниот регион би требало да изнесува над 50.000 лица, споредено со бројот на жители.

Извор НОВАМАКЕДОНИЈА

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Јануари 24, 2012 in Сиромаштија

 

„Размисли пред да осудиш” – “Think before you judge”

http://vodpod.com/watch/15960898–think-before-you-judge?u=mpps-mapp&c=mpps-mapp

 
Напишете коментар

Posted by на Јануари 15, 2012 in Uncategorized

 

Што е социјално вклучување

Vodpod videos no longer available.

 
Напишете коментар

Posted by на Јануари 12, 2012 in Uncategorized