RSS

Monthly Archives: Септември 2015

Земи зелен пасош

rubincoВо оваа колумна малку ќе дадам простор за енергетската ефикасност. Би се прашале зошто сум се одлучил да пишувам на оваа тема. Па, неколку дена размислував и увидов дека сите кои пишуваат колумни дадоа акцент на внатрешните политички и економски релации во земјата. Затоа, во оваа колумна ќе дадам акцент на енергијата, одржливоста и законодавните рамки. Што се вели малку да „забегам“ од другите.

Изборот на изворот на енергијата е избор што треба самостојно секој поединец да го изврши и притоа секогаш да има предвид дека ресурсите во кои уживаме денес ги позајмуваме од нашите идни генерации.

Воедно, енергијата е способност за вршење работа, движење, обезбедување топлина и живот. Изворите на енергија се делат на обновливи и необновливи. Необновливите извори на енергија се во ограничени количества и помалку благопријатни кон животната средина, споредено со обновливите извори на енергија. Одржливата енергија е енергетски ефикасен начин за производство и користење на енергија што има колку што е можно помалку штетно влијание врз животната средина.

Технологиите за производство на електрична енергија од обновливите извори на енергија имаат значително помало енергетско влијание врз животната средина отколку користењето на конвенционалните извори на енергија. Влијанието врз здравјето на луѓето и животната средина на обновливите извори на енергија зависи од применета технологија, локација и имплементација на инсталацијата, односно проектот.

Според официјалните податоци, во Македонија доминантни форми на потрошувачка на енергија во домаќинствата се електричната енергија (главно за греење) до 52,6 проценти и биомасата (огревно дрво) до 33,3 проценти. Течните горива и топлинската енергија за централно греење учествуваат со 6,9 проценти. Изборот на изворот на енергијата е избор што треба самостојно секој поединец да го изврши и притоа секогаш да има предвид дека ресурсите во кои уживаме денес ги позајмуваме од нашите идни генерации.

Потрошувачката на енергија во Македонија во периодот од 1990 до 2001 година практично не се менува. Меѓутоа, по 2001 година се забележува забрзан пораст на потрошувачката на енергија, особено на потрошувачката на електрична енергија. Во 2006 година имаше близу 5,5 пати поголема потрошувачка на електрична енергија по единица БДП од развиените европски земји. Во потрошувачката на електрична енергија во 2007 година може да се потенцира дека индустријата учествува со 33,8 проценти, домаќинствата со 29 проценти, земјоделството и шумарството со 1,9 проценти додека неенергетските потреби со 1,7 проценти.

Забрзаниот технолошки развој во дваесеттиот век го наруши билансот помеѓу природата и човекот, притоа создавајќи илузија дека со новите технолошки решенија можат да се контролираат природните процеси.

Во законските акти, стратегии и правилници што ги донесе Владата на Македонија (Закон за енергетика, Стратегија за енергетска ефикасност, Правилник за енергетска ефикасност на градежните објекти, и сл.) се предвидува воведување на повеќе мерки за енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија со цел да се намали потрошувачката на енергија. Со Законот за енергетика, согласно европската регулатива во Македонија од 2012 година се предвидува спроведување на енергетски контроли на градежните објекти при што се издава и сертификат – пасош за енергетска ефикасност на објектот.

Би сакал да потенцирам дека од страна на Владата на Македонија во септември 2007 година е формирана Агенцијата за енергетика. Агенцијата има својство на правно лице, а средствата за вршење на дејноста се обезбедуваат преку трансфери од Буџетот на Македонија, приходи од вршење на специфични услуги во областа на енергетиката како и од донации која ги обезбедува нејзина самоодржливост.

Би додал дека забрзаниот технолошки развој во дваесеттиот век го наруши билансот помеѓу природата и човекот, притоа создавајќи илузија дека со новите технолошки решенија можат да се контролираат природните процеси.

 Напишано од: Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.

 

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Септември 26, 2015 in Колумни

 

На тема сиромаштија …

12041968_518685381624743_1125361672_n

Гладот е страшен синоним, но тој не потекнува од немаштија – тој е создаден од имаштија.

Малку бројната богата популација на овај свет изгледа преголем проблем за останите макотрпни и помалу уважувани соограѓани. Со ограничување на алтернативите, системските решенија подразбираат сиромаштијата да биде како алтернативно прашање за оние кои со денови гладуваат.

Сегашните најдемократски држави се најодговорни за одреден масакар на човековото право во заедницата за постоење, систематско и системско поддржување и подлабочување на сиромаштијата. Парите се симболична форма на квалитет кој ги исполнува потребите до одреден степен. Имаштијата не го условува квалитетот на нашиот живот, човечноста, љубовта, среќата … Задоволството е најсилен адут против пропагандата мелница на перцепцијата.

Сиромаштијата е основна потреба во која се вклучуваат секојдневните потреби на секој човек. Квалитетниот начин на живот не е привилегија на одредена класа на граѓани, но сиромаштијата претставува опседнатост дека немаме можност тоа да го направиме или да го имаме во спротивно од граѓаните кои имаат се во две минутите. Човекот кој се перцепира дека е отфрлен и е не прифатен живее живот во страв дека утре ќе немам ни да се прехранам. Стресот, срамот, депресијата и изолираноста доведуваат до уништување на својот живот. Малата моќ во општествените ги прави потиштени и недоволно храбри за да направат некој чекор кој ќе ги направи многу подалеку од работ на немаштијата.

Мартина Атанасова
Невладина организација – Граѓанска асоцијација – Битола
22.09.2015

 
Напишете коментар

Posted by на Септември 25, 2015 in Размислувања