RSS

Monthly Archives: Август 2015

Младите, граѓанскиот ангажман и општеството на среќни луѓе

MarijaПред неполн месец на 12 август, беше одбележан Светскиот ден на млади 2015. Светскиот ден на млади, креиран од страна на Обединетите нации има за цел да ја подигнува свеста кај луѓето за прашања кои ги се директно врзани со младите. Овој ден за прв пат беше одбележан во 2.000 година. Оттогаш наваму 12 август секоја година е денот што е посветен на младите, денот кога ширум светот се организираат концерти, тренинзи, работилници, културни настани, состаноци со најразлични засегнати страни. Во 2014 година Светскиот ден на младите беше одбележан во духот на менталното здравје, додека во 2015 година одбележувањето на овој ден беше врзано со младинското учество во граѓанскиот сектор.

Младите преку вклучувањето во граѓанскиот сектор добиваат многу знаења и вештини, учат да се борат за она што е нивно и им припаѓа само ним. Тука пред се мислам на правата на младите, кои не ретко се заборавени во нашиот контекст..

Според Обединетите нации, темата на овогодинешниот ден не е одбрана по случајност, бидејќи ангажманот и учеството на младите е од суштинско значење за постигнување на одржлив развој. Сепак, според Обединетите нации, можностите за младите да се ангажираат политички, економски и социјално во многу делови во светот се ниски или пак непостоечки. Токму затоа Светскиот ден на млади во 2015 имаше за цел да го промовира ефективното и инклузивно граѓанско вклучување на младите на сите нивоа. Во последниот период имаше зголемено внимание во однос на политиките и програмите кои се однесуваат на младинското граѓанско учество од страна на владите, ентитетите на Обединетите нации, регионалните и мултилатералните организации, здруженијата на граѓани, истражувачите и самите млади луѓе. Потребни се повеќе напори за да се подигне свеста за важноста на младинското граѓанско вклучување и бенефициите кои истото може да ги има за индивидуите, но и за општеството. Светскиот ден на млади 2015 година имаше за цел промовирање на граѓанскиот ангажман и партиципација на младите во политичкиот и јавниот живот, така што младите ќе станат доволно гласни и силни за да постигнат целосна контрибуција конопштествениот развој.

Македонија, исто така го прослави овој ден. На 12-ти август беа организирани интерактивните работилници и панел дискусијата на тема „Значењето и можностите за поголемо вклучување на младите во општеството” во Младинскиот Културен центар. Овој настан беше во рамките на Youth Voice кампањата, која ја спроведе Y-PEER во соработка со Националниот младински совет на Македонија и Balkan Action 2015, а беше поддржани од Фондот за население и Програмата за развој на Обединети нации. Навистина на настанот дојдоа многу млади луѓе, се разви плодна дискусија и сите заминаа со надеж и верување дека навистина младите се оние кои ја носат промената во општеството, младите се бројни, силни и моќни… и дека институциите на системот ќе го препознаат тоа и ќе отстапат простор за целосно и непречено вклучување.

Само млади кои се задоволни, исполнети и среќни навистина можат да придонесуваат за развојот на оваа наша држава и ова наше општество, а сексуалното и репродуктивното здравје е токму тоа, задоволство и среќа.

Младите преку вклучувањето во граѓанскиот сектор добиваат многу знаења и вештини, учат да се борат за она што е нивно и им припаѓа само ним. Тука пред се мислам на правата на младите, кои не ретко се заборавени во нашиот контекст…. А, пак доколку ја свртиме топката кон сексуалното и репродуктивно здравје и права на младите во Македонија, ќе добиеме уште потемна и попоразителна слика. Колку младите се вклучени во креирање на политиките за сексуално и репродуктивно здравје? Дали некогаш некој ги прашал младите дали имаат потреба од сексуално образование, систематски пристап до информации за првиот сексуален однос, врските, љубовта, различностите, родовите стереотипи, оралната контрацепција? Дали некој навистина направил опсежна анализа за тоа кои се потребите на младите во овие сегменти? Одговорот на овие прашања би бил не. Затоа, ние заедно мора да работиме за да ја смениме оваа слика.

Само млади кои се задоволни, исполнети и среќни навистина можат да придонесуваат за развојот на оваа наша држава и ова наше општество, а сексуалното и репродуктивното здравје е токму тоа, задоволство и среќа. Затоа секогаш кога зборуваме за младинското граѓанско учество во носењето на политиките да не го заборавиме сексуалното здравје. Да не заборавиме дека само со целосно вклучување на младите, ќе постигнеме и целосна општествена благосостојба. Да не го чекаме Светскиот ден на млади 2016 за да зборуваме за овие прашања, туку да ги засукаме ракавите и да почнеме со работа, уште денес, не само јас, не само граѓанскиот сектор, туку сите заедно. Само така, ќе го изградиме нашето идилично инклузивно општество. Општество на среќни луѓе.

Напишано од: Марија Матовска, проектна координаторка во ХЕРА.

Објавено во Радио Слободна Европа

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Август 29, 2015 in Колумни

 

Што ѝ кажа Комитетот на Македонија?

VelimirВо последно време не сум баш активен на Твитер (од гледна точка на споделување твитови), колку што го користам за да пратам информации во однос на здравјето и на човековите права. Сето тоа, со добро јако кафе и понекогаш читање многу правничка терминологија која не ми е блиска. Неодамна го заследив Центарот за граѓански и политички права, бидејќи ја спомнуваше Македонија во неколку наврати во однос на прашања кои на некои не им се баш така омилени.

Сведоци сме на неколкугодишно бомбардирање со пари од граѓаните на кампања со која се осудуваат жените кои направиле абортус, правото на избор се ограничува и преку којашто кампања абортусот се претставува како небезбедна медицинска интервенција, со последици по здравјето на жената и на крај како убиство.

Комитет за човекови права работи во рамките на Обединетите нации и претставува тело одговорно за следење на состојбата со човековите права во светот. Се состои од експерти кои се грижат за спроведување на меѓународниот пакт за граѓански и политички права во рамките на Обединетите нации.

Меѓународниот пакт претставува меѓународен договор чии земји-потписнички (меѓу кои и Македонија) се обврзани да преземат низа активности, за да овозможат уживање и гаранција на граѓанските и на политичките права.

Македонија како потписничка периодично известува за состојбата со граѓанските и политичките права. Процесот на известување се состои од посебни извештаи на државата, извештаи на телата за заштита на човековите права, како Народниот правобранител, агенциите на Обединетите нации и на граѓанскиот сектор, околу имплементацијата на пактот и на препораките дадени од старана на Комитетот во однос на имплементирање на пактот. Сите посебни извештаи се интегрираат во еден, врз основа на кој Комитетот ја оценува состојбата со човековите права во Македонија и дава препораки за подобрување.

Што ѝ кажа Комитетот на Македонија?

Сведоци сме на неколкугодишно бомбардирање со пари од граѓаните (до 2013 година – 180 милиони денари), нели, на кампања со која се осудуваат жените кои направиле абортус, правото на избор се ограничува и преку којашто кампања абортусот се претставува како небезбедна медицинска интервенција, со последици по здравјето на жената и на крај како убиство.

Во Македонија, иако се протестираше против новиот закон за абортус, иако медицинските лица посочуваа дека треба да се прекине со кампањата, сепак новиот закон (бидејќи стариот закон беше само стар, па се „модернизира“) донесе новитети кои не се во согласност со Светската здравствена организација. Во Македонија, до 10-та недела од бременоста жената може слободно да одлучи да ја прекине бременоста, но мора да помине низ неколку етапи на администрација.

– писмено да се обрати до докторот кој треба да изврши прекинување на бременоста.

– задолжително добива советување од докторот.

– жената дава писмена изјава за согласност за прифаќање за спроведување на интервенцијата.

Во земја без сеопфатно сексуално образование и ниту едно контрацептивно средство на позитивната листа лекови, со закон за прекин на бременоста кој дискриминира и стигматизира, може да се очекува само зголемување на стапката на нелегални и небезбедни абортуси кои секако не „обезбедуваат највисок можен стандард на здравје“.

– задолжително чекање од три дена.

По 10-та недела од бременоста, администрацијата е на друго повисоко ниво.

Жената поднесува барање до првостепена комисија, формирана од страна на директорот на болницата која, пак, разгледува и донесува одлука на барањето на жената за абортус, кое доколку не се одобри, односно е одбиено, жената може да поднесе приговор на решението до второстепената комисија која ја формира министерот за здравство која повторно одлучува дали на жената да ѝ се дозволи прекин на бременоста.

Евидентирани се случаи кога жени со мртов плод биле оставени да чекаат три дена. Закон е закон нели, не е важно што сè може да се случи во овие три дена по основ на здравјето и на животот на жената. Важно, три дена треба да поминат – жената да размисли повторно, бидејќи претходно не размислила за одлуката, па да доразмисли.

Да се вратам на Комитетот. Тој бара од Република Македонија, во заклучните согледувања кон третиот периодичен извештај: „да избегнува спроведување на какви било кампањи со кои се стигматизираат оние кои го користат правото на абортус. Треба да преземе конкретни мерки, вклучувајќи измена на Законот за прекинување на бременоста, за отстранување на сите пречки кои можат да придонесат жените да бараат нелегални абортуси кои ќе ги изложат на ризик нивните животи и здравје“.

Во стратегијата за безбедно мајчинство се вели дека: „Обезбедувањето највисок можен стандард на здравје е основно човеково право“. Највисок можен стандард на здравје не е можен без почитување и унапредување на човековите права, во случајов – правото на жената за слободен избор за прекин на бременоста.

Членовите на Комитетот за човекови права во Женева, за време на дијалогот, неколкупати ја прашаа Македонија за кампањата и за тоа како ограничувањата од новиот закон се во согласност со стандардите на Светската здравствена организација, за стравот кај лекарите од големите казни, на што еден од одговорите на делегацијата бил дека новиот закон е ист со стариот закон. А факт е дека не е. Затоа и се протестираше.

Во земја без сеопфатно сексуално образование и ниту едно контрацептивно средство на позитивната листа лекови, со закон за прекин на бременоста кој дискриминира и стигматизира, може да се очекува само зголемување на стапката на нелегални и небезбедни абортуси кои секако не „обезбедуваат највисок можен стандард на здравје“.

Препораките на Комитетот се премногу важни, исто како и здравјето на жената, токму затоа Министерството за здравство треба да го ревидира законот, да се донесе нов, не по итна постапка, туку после консултативен процес, во согласност со препораките на Светската здравствена организација и човековите права.

Имаш право на избор. Толку.

Напишано од:Велимир Савески, проектен координатор во ХЕРА.

Објавено во Ради Слободна Европа

 
Напишете коментар

Posted by на Август 1, 2015 in Колумни