RSS

Monthly Archives: Септември 2012

Хуманитарен настан „Од сиромашни за сиромашни“ 29.09.2012 Од 18:00 до 22:00 Плоштад Македонија ( Пред ресторант Пелистер)

Почитувани,

Ни претставува големо задоволство да Ве поканеме да учествувате на хуманитарниот јавен настан „Од сиромашни за сиромашни“, организиран од страна на Македонската платформа против сиромаштија во соработка со Институтот за човекови права Лудвиг Болцман и Уличните уметници.

Средствата кои ќе бидат обезбедени од овој хуманитарен јавен настан ќе бидат наменети за јакнење на капацитетите за развивање на продажни и комуникациски вештини на лицата кои се од маргинализирани групи, а се продавачи на уличниот магазин „Лице в лице“ и се дел од регионалната платформа „Лице в лице“ и Центар за медиумски активности (ЦМА) од Скопје.

Ќе ни биде особена чест и задоволсто доколку присуствувате на овој хуманитарен јавен настан и ја искажите вашата хуманост обезбедувајќи им подобар и поквалитетен живот.

Со почит,
Македонска платформа против сиромаштија

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Септември 28, 2012 in Настани

 

ALFA TV – Култура – Излезе првиот број на уличниот магазин “Лице в лице”

ALFA TV – Култура – Излезе првиот број на уличниот магазин “Лице в лице”.

 
Напишете коментар

Posted by на Септември 26, 2012 in Настани

 

Запознај ме-Наркозависници

 
Напишете коментар

Posted by на Септември 19, 2012 in Видео

 

Запознај ме-Слепи лица

 
Напишете коментар

Posted by на Септември 18, 2012 in Видео

 

Августовските сметки за струја повисоки и за 50 отсто

Струјата поскапе за 10 отсто, а граѓаните добија повисоки сметки од 10 до 50 отсто

Последната сметка за потрошена електрична енергија за месец август ги замрзна граѓаните. Иако тие очекуваа дека ќе платат повисоки суми отколку досегашните, поради последното поскапување од околу 10 проценти, сепак многумина се збунети затоа што не веруваа дека ќе добијат поголеми сметки и до 50 отсто. Дел од граѓаните треба да платат повисока сума за струја за 10, некои за 30, а други дури и за 50 отсто во споредба со досегашните суми, зависно од тоа во која група на корисници припаѓаат. Така, иако сите се надеваа дека ќе плаќаат за струја само 10 отсто повеќе, математиката, сепак, не е толку едноставна. Всушност, на вкупната сума зголемена за десет отсто се пресметуваат и плус оние 33 отсто за ангажирана моќност и дополнително 18 отсто данок како и редовната комунална такса за јавно осветлување од 120 денари. И така на крајот сметките се подебели за многу повеќе.

„Моето семејство брои четири члена и живееме во стан од 60 квадратни метри. Сите претходни сметки за струја, од почетокот на годината, изнесуваа меѓу 1.900 и 2.100 денари. А, последната за месец август е 3.000 денари. Знаев дека поради поскапувањето ќе добијам поголема сметка, но не за толку. Дополнително што 15 дена од месецот бевме отсутни од дома. Се прашувам, ако сега, преку лето имам толкава сметка, колкава ли ќе биде во зимските месеци, затоа што се грееме на струја. Сигурно најмалку за двојно. Не знам како да се живее со оваа скапотија“, вели скопјанката Т.М..

Надлежните од ЕВН објаснуваат зошто августовските сметки за електрична енергија за граѓаните се многу повисоки од очекувањата и зошто се различни, односно некои се поголеми за 10, а некои за многу повеќе.

„Висината на сметките за август е различна затоа што зависи од тоа во која корисничка група, од вкупно четири, спаѓаат потрошувачите. На пример, оние кои се во првата група, на кои струјата им се чита од 1 до 7 во месецот, во сметката за август ќе имаат пресметано за 10 отсто поскапа струја само за тој период. На оние, пак, кај кои отчитувачкиот период е од 15 до 21 во месецот, ќе им се пресметува новата цена за подолг период, и така натаму, со еден збор, дури во сметките за електрична енергија за септември на сите граѓани ќе им биде вкалкулирано целосното поскапувањето од 10 отсто. На крајната сума, како што е познато, се додаваат уште 33 отсто за ангажирана моќност и плус 18 отсто за ДДВ“, велат од ЕВН „Македонија“. Додаваат дека е при крај процедурата за механичко приспособување на броилата за укинување на дневната, евтина тарифа за домаќинствата, која важеше од 13 до 16 часот. „Приспособувањето е извршено речиси кај сите нови дигитални броила, а во местата каде што ги нема, во тек е механичкото регулирање“, посочуваат од компанијата.

Инаку, последното поскапување на струјата од 1 август, врз основа на барањата на ЕВН „Македонија“ и на ЕЛЕМ, изнесуваше 9,83 отсто. Тоа е второ поскапување за годинава, откако од 1 јануари струјата скокна за 7 проценти. Паралелно со новата цена на струјата доаѓа и поскапувањето на парното греење, кое на 1 јануари оваа година изнесуваше 10 проценти, а во август 4 отсто.

И додека од минатиот месец ЕВН ги прави новите пресметки за струјата според зголемената цена и ги приспособува броилата за укинување на евтината, дневна тарифа, во Скопје и во други градови во земјава веќе еден месец, секоја недела се организираат протести на илјадници граѓани од здружението „Аман“ поради континуираното зголемување на цените на бензините, струјата и парното, кои повлекуваат и низа други поскапувања. Реакциите се насочени кон Владата, Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН и ЕЛЕМ, како директни учесници во креирањето на новите цени кои се’ повеќе го уништуваат и онака нискиот животен стандард.
 Извор; Маја Томиќ-Утрински весник

 
Напишете коментар

Posted by на Септември 16, 2012 in Општо

 

Растат цените на зелката, лубениците и праските

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во август 2012, во споредба со истиот месец од 2011 година, се забележува кај црвените домати, зелката, лубениците, праските и лимоните. Најголемо намалување на цените е забележано кај лукот и лупените ореви.

Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во август 2012, во споредба со истиот месец од 2011 година, се забележува кај црвените домати, бабурите, гравот, зелката, лубениците, праските и лимоните. Најголемо намалување се забележува кај лукот, тиквичките и лупените ореви.

Извор: Sky.mk

 
Напишете коментар

Posted by на Септември 14, 2012 in Општо

 

Запознај ме-Бездомници

 
Напишете коментар

Posted by на Септември 12, 2012 in Видео