RSS

Monthly Archives: Декември 2012

Еве каде можете да се потпишете за да се намалат сметките за струја

Државната кражба на векот со струјата, која поскапи за цели 70 отсто од 2006 наваму, истовремено граѓаните плаќаат плус 33 отсто за тн ангажирана моќност може да се спречи со давање поддршка на иницијативата на АМАН.

На 7 декември, започнува собирањето потписи за враќање на ефтината дневна тарифа за струја и укинување на обрската за плаќање исклучено парно. Сите полнолетни граѓани на Македонија имаат право да го дадат својот потпис во подрачните одделенија на ДИК (обично се во кругот на општините) од 08:30 часот до 16:30 часот, во секој работен ден.

Со кликање на линкот подолу може да се запознаете на која локација, треба да го дадете својот потпис за поддршка на иницијативана на АМАН, која меѓудругото предвидува намалување на цените на електричната енергија, сето тоа во согласност со стандардот на македонскиот народ.

Во Македонија сиромаштијата изнесува над 60 отсто според последните истражувања, додека пак невработеноста скокна на над 32 отсто.

Кликнете тука за локациите на државната изборна комисија во вашето место : http://maps.google.com/maps/ms?ie=UTF8&oe=UTF8&msa=0&msid=216367073198549917852.0004cd0b29d8707200359

Извор:Sky.mk

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Декември 5, 2012 in Инфо