RSS

Monthly Archives: Јуни 2012

УНИЦЕФ: Секое шесто дете во Грција живее во сиромаштија

Секое шесто дете во Грција живее во сиромаштија, покажува извештајот на УНИЦЕФ, објави во електронското издание грчкиот весник „Прото тема“.

Во извештајот се истражува детската сиромаштија, која се определува на два начина. Првиот начин е врз база на осиромашените услови за живот на кои децата се подложени, на пример немаат три оброци на ден, спокојно место за учење, училишни помагала дома, врска со Интернет.Истражувањето ги зема предвид европските статистички податоци за доходите и условите за живот во 29 европски држави. На тој список Грција е на 21-во место.Вториот начин за определување на детската сиромаштија, користен од УНИЦЕФ, е базиран врз процентот на децата, кои живеат под прагот на сиромаштијата во конкретната држава. Тука Грција го зазема 30-то место.

Извор Сител

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Јуни 27, 2012 in Сиромаштија

 

Социјалците не чуле за владините мерки

Дел од социјално загрозените семејства не знаат за пакетот владини мерки.
Скопјанката Сузана Бошкова е самохрана мајка на 6 деца, а сопругот неодамна и починал. Иако и таа е е опфатена со владиниот пакет, Бошкова не знае за своите социјални права. Телевизиските реклами за мерките за намалување на сиромаштијата не може да ги гледа зашто во нејзиниот дом нема електрична енергија. Пред еден месец поради неплатени сметки и е одземено електричното броило. Вели дека ниту социјалните работници не ја информирале дека постои месечна парична помош за енергетска сиромаштија, а не знае ниту дека три од нејзините шест деца кои се средношколци ќе можат да летуваат на државен трошок.

Министерството за труд и социјална политика признава дека дел од социјално загрозените семејства не ги користат владините мерки поради неодговорност на социјалните работници.

Министерството вети еднократна помош за Бошкови кои според законските услови не се дел од владината кампања за многудетно семејство.

Пандорче Димитриоска

 
Напишете коментар

Posted by на Јуни 22, 2012 in Социјала

 

Младите во Македонија се емоционално занемарени

Дури единаесет отсто биле изложени на физичка злоупотреба

Единаесет проценти од момчињата и девојчињата биле изложени на физичка злоупотреба, а 30 проценти биле емоционално занемарени, покажаа резултатите од истражувањето спроведено од Клиниката за психијатрија врз репрезентативен примерок од ученици (663) од четврта година во средните училишта и студенти (613) од прва и четврта година на четири универзитети во Македонија.

На промоцијата на Извештајот од истражувањето за застапеноста и факторите на ризик за злоупотреба и занемарување кај деца, професор д-р Марија Ралева од Клиниката за психијатрија рече дека според резултатите од истражувањето, сексуалната злоупотреба е позастапена кај момчињата отколку кај девојчињата што според неа е еден образец кој не се сретнува во другите средини.

– Физичката злоупотреба е меѓу најзастапените форми на злоупотреба, а емоционалното занемарување е се повеќе проблем од кој трпат младите во ова време на промени, транзиција и многу малку поминување заедничко време меѓу родителите и децата, рече Ралева.

Високо е застапено тепањето како начин на воспитување на децата.

– Студијата покажа дека сите видови злоупотреба имаат тенденција да се кумулираат односно да предизвикаат долготрајни последици кои се одразуваат врз здравјето. Ризикот од конзумирање дроги, алкохол и самоубситво е значително зголемен поради негативните искуства од детството. Ова укажува дека сериозно треба да се земе факторот на секаков вид злоупотреба на децата и нивно изложување на негативни искуства, додаде Ралева.

Димитринка Јорданова Пешевска од Министерството за здравство рече дека психичкото занемарување подразбира еден аспект на негрижа односно вербално казнување, и изразување на негативни конотации кон лицата.

Со оваа студија, посочи таа се, детектирани се сите форми на насилство во земјата. Тоа дава добра база бидејќи е поврзанно со формирање национално координативно тело за справување со злоупотреба и занемарување на деца.

– Во наредните шест месеци како заедничка активност на Светската здравствена организација и министерствата за здравство и за труд и социјална политика е рефлектирање на податоците кои може да се планираат за конкретни програми за спречување и заштита на децата од злоупотреба и занемарување, додаде Јорданова Пешевска.

Александар Бучарт, координатор за превенција од насилство во главната канцеларија на СЗО – Женева, рече дека негативните иксуства од детството претставуваат главен ризичен фактор кој се поврзува со заболувања врзани за пушењето, алкохолот, дијабетесот, депресијата и тн. Според него, првиот чекор за надминување на овие негативни искуства како последица на секаков вид злоупотреба во детството се сведува на превенцијата односно треба да се разбере колкав е нивниот број и на кој начин влијае тоа.

Извештајот од истражувањето за застапеноста и факторите на ризик за злоупотреба и занемарување кај деца е изготвен од Клиниката за психијатрија во соработка со Светската здравствена организација.

Извор:Утрински весник

 
Напишете коментар

Posted by на Јуни 21, 2012 in Општо

 

Рецесијата пак ни тропна на врата

Економијата во минус, бизнисот на нула

Отпуштања, кратење плати, зголемување на невработеноста, како и намалување на куповната моќ на граѓаните ќе бидат последиците од негативниот пораст на БДП, оценуваат експертите

Отпуштања, кратење плати, зголемување на невработеноста, како и намалување на куповната моќ на граѓаните – ова ќе бидат последиците за земјава од негативниот пораст на домашниот бруто-производ од -1,4 отсто што за првите три месеци од годинава го регистрира Државниот завод за статистика. Експертите коментираат дека земјава е веќе со една нога во рецесија бидејќи не се очекуваат позитивни движења и во наредниот период. Велат дека континуираниот пад на индустриското производство беше показател дека ќе паѓа и вкупната економија во земјава. Бизнисмените се на колена и бараат итна интервенција од Владата. Статистиката покажа дека најголем пад има кај „двигателите“ на македонската економија, кај секторите градежништво, каде што падот е дури за 9,8 отсто, во рударството, вадењето камен, во преработувачката индустрија и во снабдувањето со електрична енергија, гас и вода, каде што падот изнесува 9,6 отсто.

Еластичност на домашната економија

– Статистика само ги потврди насетуваните неповолни движења во македонската економија во првиот квартал од годинава, но, за жал, и ги отсликува и движењата што можат да се очекуваат во останатиот дел од годината. Надолната стапка на раст од 1,4 отсто е само дел од неповолните вести. Падот да не биде уште поголем, во голема мера помогна зголемениот пад на увозот (поголем пад на увозот од падот на извозот), со што македонската економија во повеќе наврати покажува извонредна еластичност и реакција на заострените односи на меѓународните трговски пазари. Но, од друга страна, падот на БДП го засилиле секторите што во минатиот период биле значителни генератори на растот (градежништвото, бруто-инвестициите, индустријата) – вели професорот Мирољуб Шукаров.

Тој забележува дека државното трошење (штедење) не е насочено кон пренасочување на економските текови и ублажување на нараснатите социјални притисоци. Односно, државата не покажува толкава еластичност на реакциите како реалниот сектор. Тој потенцира дека во наредниот период може да се очекува натамошно продлабочување на економските проблеми бидејќи нема видливи промени на односите на меѓународните пазари кои би можеле позитивно да влијаат и врз домашната економија. Според него, нема ниту позначајни видливи владини мерки за нормализирање на состојбите во услови на рецесија.

– Напротив, состојбите се усложнуваат и бараат покомплексно согледување на проблемите и програмирање смели излезни решенија, особено на планот на меѓународното трговско позиционирање на земјата и стимулирање на мотивираноста за инвестирање, од домашни и надворешни извори, во реалниот сектор. Не се забележливи ниту видни напори за намалување на фискалната пресија кога реалниот сектор драматично ја намалува сопствената активност и буквално се бори за опстанок – вели Шукаров.

И според професорката Шенај Хаџимустафа, падот на БДП е очекуван со оглед на континуираниот пад на индустриското производство.

– Македонија и овој пат не остана имуна на глобалните економски влијанија кои преку надворешнотрговската размена се пренесуваат и во нашата земја. Ако се има предвид дека очекувањата за идните движења на светската економија и не се многу оптимистички, и доколку нашата земја три квартали по ред остварува негативен раст на БДП, рецесијата е нешто што автоматски следува – вели таа.

Најпогодени извозниците

Според Хаџимустафа, најпогодени се нашите компании кои извезуваат, за чие производство постои намалена побарувачка, која влијае на намалена стопанска активност и неискористување на ресурсите со кои компаниите, а и економијата во глобала располага.

– Сето ова би влијаело на зголемување на невработеноста, како и намалена куповна моќ на населението, што повторно влијае на намален домашен бруто-производ на земјата. Од клучно значење во услови на економска криза е постоењето поддршка на стопанството кое ќе води кон одржување или, пак, зголемување на активноста на бизнис-секторот, особено преку поттикнување на производство на производи со поголем степен на доработка, користење поефикасна и пософистицирана опрема, која ќе води кон поефикасно производство со поконкурентни цени, поголеми вложувања во истражување и развој и генерирање на иновации кои водат кон одредена конкурентна предност – објаснува таа.

Според професорката Марија Зарезанкова-Потевска, падот на БДП е неповолен сигнал за македонската економија и во најголем дел е резултат на светските економски движења и кризата.

– Македонија е увозно зависна земја и неповолните движења, побарувачката за македонски производи и нејзината висина, откажување договори за продажбата и слично, се одразува на македонските производители и извозници. Секако дека овие тенденции ќе имаат одраз и врз македонското стопанство и врз стандардот на населението, кој е секако неповолен – вели таа.

На драматичноста на ситуацијата деновиве алармираше и Стопанската комора на Македонија, од каде што предупредија дека во одделни стопански гранки, пред с` во металната индустрија и во текстилната, ќе дојде до бран отпуштања на вработени.

Извор:

Александра Филиповска-Дневник

 
Напишете коментар

Posted by на Јуни 20, 2012 in Сиромаштија

 

Македонија прва во Европа – според невработеност

Меѓународната организација за работа во Женева соопшти дека Македонија е лидер на невработеност, односно го зазема првото место во Европа, со 30,9 отсто невработени млади луѓе. Македонија се наоѓа на врвот на ваквата листа, каде младите го имаат овој проблем.
Од бившите југословенски републики, голем степен на невработеност има во Босна и Херцеговина, но со помал процент од Македонија, и тоа од 27,6 отсто.

Според податоците на Меѓународната организација на работници во Женева, во светот се невработени околу 75 милиони млади, а земјите од Балканот и Шпанија се најголеми жаришта со невработеност.

 
Напишете коментар

Posted by на Јуни 15, 2012 in Сиромаштија

 

Просечната нето плата во Македонија е 21.081 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2012 година, во однос на март 2011 година, изнесува 102.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (55.9%), Стручни, научни и технички дејности (16.8%) и Градежништво (6.9%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (48.0%), Градежништво (14.8%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (3.9%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2012, изнесува 21 081 денари.

Во март 2012 година, 2.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

извор SKY VESTI

 
Напишете коментар

Posted by на Јуни 14, 2012 in Општо

 

ВО МАКЕДОНИЈА НАЈМНОГУ ПЛАТА ЗЕМААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

Просечната плата на вработен во дејноста Телекомуникации за една година пораснала за 700 евра, а за еден месец пораснала на речиси 500 евра, потврдуваат најновите официјални податоци на Државниот завод за статистика.


Според нивната евиденција, просечната плата во оваа дејност за март годинава изнесува 83.479 (1.355 евра), а просекот за трите месеци годинава во таа дејност изнесува 57.654 денари.

Споредбата со податоците за платата во таа дејност со претходните периоди е фантастична и покажува неверојатно драстичен пораст за само еден месец. Просечната плата на телекомците во март е за 93 отсто повисока од просечната плата што ја имале вработените во таа дејност лани во март. Во споредба со претходниот месец (февруари 2012 година) просечната мартовска плата била за 80 отсто повисока, а во однос на просечната плата во таа дејност лани мартовската плата бележи раст од фантастични 75 отсто.

Просечната плата во дејноста телекомуникации значајно го зголеми и просекот на секторот „Информации и комуникации“ во кој таа котира заедно со уште 5 други дејности. Просечната плата во овој сектор за март изнесува 51.079 денари и е за 56 отсто повисока од просечната плата на тој сектор исплатена лани во март.

Со ова лансирање телекомците далеку зад себе ги оставија банкарите, осигурителите, пилотите, енергетичарите, правно-сметководствените консултанти и фармацевтите што се синоним за високо платени работници.

Анализата покажува дека во март на дното на таблета нема промени. Најмалку платени се кожарите, текстилците, тишлерите и производителите на храна.

Извор: Инпрес

 
Напишете коментар

Posted by на Јуни 13, 2012 in Општо