RSS

Monthly Archives: Март 2015

Работите мора да почнат да се менуваат

VelimirПомина 8 Март. Поминаа кафеани, прослави, каранфили, но и настани и анализи до каде сме со родовата рамноправност и правата на жените.

Мултииндикаторското кластерско истражување на УНИЦЕФ од 2011 година покажа дека 8,2 отсто од девојките на возраст од 15 до 19 користат некакво модерно контрацепциско средство.

Факт е дека на жените во Македонија им се отежна пристапот за прекин на бременоста и не е направен чекор напред во пристапот до модерни средства за планирање на семејството.

Според студијата на институтот Guttmacher и УНФПА, Фондот за население на Обединетите нации, бројот на жените во земјите во развој, кои сакаат да избегнат бременост, но не користат модерна контрацепција во 2012 година изнесува 222 милиони жени.

Според светската здравствена организација, репродуктивното здравје подразбира дека луѓето се способни да имаат сигурен сексуален живот кој што им овозможува задоволство и притоа да се способни за репродукција, но исто така слободно да решат дали и колку често да го прават тоа. Најважното, дали и колку често!

Репродуктивното здравје подразбира контрацепција, а контрацепцијата преставува право на здравје и здравствена заштита.

Ниското ниво на информираност, предрасудите во врска со одредени типови на контрацепција и финансиските бариери се фактори кои ја креираат моменталната слика во Македонија. Главната цел на стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје во Македонија е:„до 2020 година сите граѓани во Република Македонија треба да имаат подобро сексуално и репродуктивно здравје“. Без сеопфатно сексуално образование во училиштата што ќе обезбеди континуиран пристап до научно потврдени информации во однос на сексуалното и репродуктивното здравје и права и подобрен пристап до методи на планирање на семејството, оваа цел уште отсега е осудена на пропаст. Во истата стратегија, како една од интервенциите за намалување на вкупната стапка на абортуси, како и стапката на повторувачки абортуси се наведува „подигнување на јавната свест за користење на модерни контрацептивни средства“. Во последните години се подигнува свеста дека абортусот е убиство.

Она што загрижува, а што исто така нè става на дното помеѓу европските земји е стапката на употреба на орална хормонска контрецапција. Во Македонија процентот на користење на пилули изнесува само 1,3 отсто.

Мултииндикаторското кластерско истражување на УНИЦЕФ од 2011 година покажа дека 8,2 отсто од девојките на возраст од 15 до 19 користат некакво модерно контрацепциско средство.

Во Македонија нема ниту едно средство за контрацепција кое е покриено од страна на Фондот за здравствено осигурување. Со оглед на високата младинска невработеност, колку реално може една просечна девојка да одвои од својот буџет?

Во однос на модерната контрацепција, според „The Economist“ од 1993 година, двесте водечки историчари заклучиле дека ниту Ајштајновата теорија на релативноста, ниту нуклеарното оружје, ниту пак моќта на компјутерот и интернетот имале посилно влијание на општеството во 20-от век, колку што имала пилулата.

Она што загрижува, а што исто така нè става на дното помеѓу европските земји е стапката на употреба на орална хормонска контрецапција. Во Македонија процентот на користење на пилули изнесува само 1,3 отсто.

Во една од моите омилени колумни, професорката Лина Ќостарова- Унковска вели дека „мораме да ги отвориме сите карти и да проговориме, конечно и отворено, за сè што ги интересира младите поврзано со сексуалноста и интимните врски. Мораме да почнеме да учиме за работите да почнат да менуваат“.

Работите мора да почнат да се менуваат!

Напишано од: Велимир Савески – член на Управниот одбор на ХЕРА.

Објавено во: Радио Слободна Еропа

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Март 24, 2015 in Колумни

 

Бадијала работи, бадијала нe седи

saseВо време кога се најавуваат инвестиции, односно економски раст и развој на земјата, нови вработувања, субвенции за вработување и самовработување на младите за решавање на невработеноста и намалување на сиромаштијата, ние се соочуваме со неколку клучни проблеми кои во основа се од суштинско значење, а тоа е проблемот со нудење на ниско платена работна сила и ниската висина на минималната плата.

Ако пресметаната синдикална кошничка изнесува 32.000 денари за минимум неопходни средства за пристоен живот на едно 4-члено семејство, тогаш можеме да видиме дека вработените кои земаат минимална плата, па дури и вработени двајца члена од семејството не можат да го достигнат овој праг на задоволување на минимум неопходни средства. За нив преживувањето е навистина уметност.

Загарантираната минимална плата е во износ од 9.500 денари со новите измени, додека истата пред извесно време беше 8.050 денари, а за текстилните и кожарските работници таа се движи од 6.000 до 7.000 денари. Тогаш можеме да забележиме дека оваа категорија на граѓани се вклучени на пазарот на трудот и не се водат како социјално загрозени, а сепак се сиромашни односно вработени сиромашни граѓани.

Е па драги мои, ако пресметаната синдикална кошничка изнесува 32.000 денари за минимум неопходни средства за пристоен живот на едно 4-члено семејство, тогаш можеме да видиме дека вработените кои земаат минимална плата, па дури и вработени двајца члена од семејството не можат да го достигнат овој праг на задоволување на минимум неопходни средства. За нив преживувањето е навистина уметност. Според истражувањата, прво што граѓаните прават кога им стигнува приход во семејството е плаќање на режиските трошоцикои се движат некаде од 6.000 до 7.000, па така можеме да заклучиме слободно дека пари за останатите работи нема.

Сигурно сега се прашувате како врзуваат крај со крај текстилните работници кои според нивните вистинити искази работа за 6.000 денари за месец или два и се малтретирани, навредувани, за кои не се знае работен ден и час. Тешко, многу тежок е животот за овие луѓе кои социјалниот, културниот живот и нивното здравје се одамна луксуз, а да не зборуваме за обезбедување на пристоен оброк.

Ако се земе фактот дека една третина од населението во Македонија е вработено сиромашно и една третина се невработени и сиромашни, тогаш ќе увидиме дека најавените инвестиции не можат да пружат решение на овој горлив проблем со кој се соочуваме ние граѓаните.

Тоа значи наместо намалување на невработеноста и сиромаштија, секојдневно се зголемува бројот на граѓаните кои спасот го бараат во просењето и барањето утеха во контињерите, работа на црно само да се преживее и однесе дома нешто повеќе.

Но кога ќе земеме сево ова, тогаш ние немаме социјална правда во државата, загарантирани работнички права, загарантирано работно време, односно наместо 40 се работи по 48 и повеќе часа.

Но кога ќе земеме сево ова, тогаш ние немаме социјална правда во државата, загарантирани работнички права, загарантирано работно време, односно наместо 40 се работи по 48 и повеќе часа. Немаме синдикат кој треба да ги промовира и брани работничките права, немаме адекватна висина на плата или дополнителни бенефиции кои ќе им понудат на граѓаните нормален, достоинствен и кавлитетен живот. Затоа граѓанскиот сектор е сè повеќе на терен и ги увидува сите овие неправди, ги сослушува повредените и исплашените работници кои сепак се плашат гласно да говорат за се што ги мачи. Сиромашните па и вработени стануваат експерти по математика сметаат како да скрпат крај со крај.

Постојат голем број на граѓански и законодавни иницијативи кои ја подигнат свеста и нудат решенија за решавање на овој проблем, но сепак оддругата страна имаме еден зид и затворени уши за да се слушне сето ова.

Драги мои, треба да ја кренеме главата и да кажеме доста за угнетувањата и малтретирањата за дадениот труд кои само нуди корка леб, доста за плата која е милостина, а не и за квалитетен живот, доста за нудење на нови и неквалитетни работни места, доста велевме ако не врне ќе капне… Ако сè ова не успееме сами да го решиме и се избориме за тоа што ни следи…тогаш и ќе си остане:бадијала работи, бадијала неседи.

Напишано од: Сашко Јованов, НВО Македонска платформа против сиромаштија.

Објавено во Радио Слободна Европа

 
Напишете коментар

Posted by на Март 13, 2015 in Колумни

 

Аквариум

rubincoСо почетокот на годината во чудесна Македонија се случија многу брзи и чудни работи. Странските инвестиции испливуваат како риби на сите страни, биле американски, германски или индиски, градоначалниците ги пречекуваат со отворени раце и молат бога да лапнат по некоја провизија.

Но, да претпоставиме ако еден работник зема плата од 18.000 денари за кои фирмата плаќа придонеси од 8.640 денари, со намалување на платата на 11.500 денари, а остатокот му го исплаќа како К-15, тогаш трошоците на работодавачот се придонеси од плата од 5.520 денари и персонален данок на К-15 од 850 денари. Крајната пресметка покажува дека фирмата на еден работник заштедила 2.270 денари.

Во Македонија сè е можно, од намалени даноци, евтина работна сила, младина која не престанува да мисли како да избега од земјата на живеење, дедо и баба си уживаат со субвенциите од МТСП, стечајни работници без никаков бенефит, и сл.

Но, како млад човек што ме растажи и ме погоди во срце овој период е тоа што изгубивме еден божји ангел кој се вика Тамара. Мое сочувство до семејството на Тамара. Но, и покрај болката на семејството се најде голема храброст заедно со граѓаните на Македонија да му покажат црвен картон на министерот за здравство Никола Тодоров. Да, паднаа првите луѓе на ФЗОМ, но тоа не е доволно. Упорноста и храброста на граѓаните нема да застане се додека и првиот човек на здравство не си поднесе оставка.

Исто така, уште еднаш ја изразувам мојата поддршка на Студентскиот пленум кој издржа храбро и со голема енергија го доведе МОН до нишан за да ја прифати иницијативата за донесување на нов Закон за високо образование. Браво! Храбро, чесно и со добро организирана стратегија се дојде до позитивни резултати.

Во оваа колумна покрај сите случувања кои ги има околу нас, сакам да потенцирам за исплатата на регресот за годишен одмор или популарно меѓу работниците К-15. Во 2005 година законската обврска за исплата на годишен регрес беше укината, а после девет години оваа обврска повторно им се наметна на работодавачите со последните измени на Општиот колективен договор за стопанството, кои стартуваа од 1 јануари минатата година, со важност од две години, што значи дека по 2015 година оваа социјална мерка ќе престане да важи, доколку не се направат нови измени. До крајот на декември 2014 година, ваков регрес требаше да добијат 300.000 работници, вработени во приватниот сектор. Но, прашањето е колку граѓани навистина ги добиле парите, а колку од нив биле принудени да ги вратат назад кај работодавачите?

Поголемиот дел од жалбите кои биле поднесени се вработени во текстилни фирми во Тетово, Прилеп, Кочани, Скопје и Битола, но злоупотреби имало и во градежни компании главно во Скопје, потоа фирми за обезбедување, медиуми и брокерски куќи. Главно претставките се однесуваат за неисплатен регрес и тоа во 56 фирми.

Фирмите на своите работници прво им ја намалуваат платата, за да после со остатокот да им го исплати К-15. Но, да претпоставиме ако еден работник зема плата од 18.000 денари за кои фирмата плаќа придонеси од 8.640 денари, со намалување на платата на 11.500 денари, а остатокот му го исплаќа како К-15, тогаш трошоците на работодавачот се придонеси од плата од 5.520 денари и персонален данок на К-15 од 850 денари. Крајната пресметка покажува дека фирмата на еден работник заштедила 2.270 денари. Кога директорите ги надмудруваат работниците, државата ги трие рацете. Државата од секоја трансакција на К-15 си наплатува по 10 проценти за персонален данок, а во државната каса се влеваат над 3 милиони евра.

Со измените на законот, надомест од 8.500 денари ќе може да земат само оние лица кои работеле шест месеци кај ист работодавач. Наместо полн џеб за работникот, овде мангупи испаднаа државата и работодавачите.

Според податоците на Државниот инспекторат за труд кои се објавени на нивната веб страна може да се увиди дека од страна на работниците биле поднесени 70 претставки, од кои 63 се од познат подносител, а 7 анонимни пријави. Поголемиот дел од жалбите кои биле поднесени се вработени во текстилни фирми во Тетово, Прилеп, Кочани, Скопје и Битола, но злоупотреби имало и во градежни компании главно во Скопје, потоа фирми за обезбедување, медиуми и брокерски куќи. Главно претставките се однесуваат за неисплатен регрес и тоа во 56 фирми.

Па, луѓе мои, јавна тајна дека Владата секоја странска инвестиција си ја препишува како лична заслуга, која се фали како обезбедила нови работни места. Да така е, зар не гледате и сами како Владата се шета низ САД, ЕУ па се до Азија само за доброто и благосостојбата на своите граѓани, посебно за младите. Голема е дарежливоста на владата која им ја обезбедува на странските инвестиции во покривање на дел од трошоците за плати и придонеси, изградба на патна и друга комунална инфраструктура, плус ослободување од данок на добивка и ддв во период за десет години. За Македонија се работи!

Или, како што вели народната, кој високо лета – ниско паѓа.

Напишано од : Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.

Објавено на: Радио Слободна Европа

 
Напишете коментар

Posted by на Март 12, 2015 in Колумни