RSS

Monthly Archives: Јули 2015

Заборавени или не?

saseПред еден месец се одржа конференција на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост, единствена конференција од ваков вид каде што сиромашните и социјално исклучени граѓани имаат можност активно да учествуваат во процесот на донесување на одлуки.

Младинската невработеност е енормно висока (47 отсто), младите се сиромашни и заборавени, нивните потреби се занемарени во целост, а младите својата перспектива ја гледаат во другите европски држави и аплицирање за бугарски пасош.

На оваа конференција, којашто за прв пат беше на отворено се креираше декларација на сиромашни и социјално исклучени граѓани во областа на здравствената и социјалната заштита, невработеноста, родова еднаквост и прашања по сите основи. Граѓаните во овие области ги набројуваа сите проблеми со кои се соочуваат секојдневно и воедно за истите проблеми предлагаа соодветни решенија.

Оваа декларација се ревидира и надополнува по четврти пат и истата се испраќа до надлежните институции (Владата, Министерство за труд и социјална политика и сл.). Но, очигледно гласот на сиромашните не се слуша од страна на овие институции кои се надлежни да ги решат сите проблеми на граѓаните. Сигурно се прашувате зошто?

Доколку надлежните сериозно ги разгледуваа сите овие Декларации на сиромашни и социјално исклучени граѓани, ако чекор по чекор почнеа да ги решаваат овие проблеми, тогаш и проблемите во самите декларации ќе се намалуваа, а не од година во година да остануваат и да се надополнуваат со нови, па така декларацијата станува побројна во страни.

Да, тоа е вистината, тоа се болните проблеми на нашиот народ, кој, како што вели, ги забележуваат само кога политичките партии имаат корист од нив, кога им е потребен нивниот глас, а ги нема кога треба истите да им понудат услови за подобар и поквалитетен живот.

Следејќи го Европскиот пример на организирање на ваков вид конференции, каде што и ние учествуваме со делегација од вкупно четворица претставници, од минатата конференција го отворивме и процесот на демократска дебата со претставници од институции, политички партии и невладиниот сектор, кој во суштина треба да го означи стартот на реалното соочување со проблемите и преземање на одговорноста за решавање на истите. Но, морам и овде да потенцирам дека немаше голем интерес за присуство од страна на одговорните креатори на политики, што укажува на фактот погоре дека нашиот народ е заборавен од тие што треба да го претставуваат и воедно да се трудат да ги задоволатнивните потреби, дали навидум или навистински сме заборавени оставам да процените самите.

Годинашната конференција на Македонската платформа против сиромаштија „Сите сме подеднакво важни“, покрај ревидирањето на старата и надополнување на новата декларација, се отворија четири работни групи и тоа: младинска сиромаштија; вработени, а сиромашни; здравствена и социјална заштита и достоинствена старост.

Вработените се сиромашни затоа што мизерната плата од 9.500 не е доволна само за режиските трошоци, а не па за нормален и квалитетен живот. Кај вработените се прекршуваат сите работнички права, несоодветни услови за работа, работно време, односно ниту еден став од законот за работни односи не се почитува.

Како и секогаш проблемите исти, ништо не се мрднало во последните четири години, тапкаме и тапкаме во место, проблемот со сиромаштијата остана на исто ниво како и пред четири години.

Младинската невработеност е енормно висока (47 отсто), младите се сиромашни и заборавени, нивните потреби се занемарени во целост, а младите својата перспектива ја гледаат во другите европски држави и аплицирање за бугарски пасош.

Вработените се сиромашни затоа што мизерната плата од 9.500 не е доволна само за режиските трошоци, а не па за нормален и квалитетен живот. Кај вработените се прекршуваат сите работнички права, несоодветни услови за работа, работно време, односно ниту еден став од законот за работни односи не се почитува.

Возрасните се чувствуваат доста неинформирано и искористени бидејќи се прашуваат само кога се најпотребни.

И од тука можеме да заклучиме дека немаме квалитетен систем за социјална заштита, односно сиромашните граѓани немаат финансии да ги платат сите здравствени прегледи, социјалната помош задоволува само неколку дена. Ние стануваме од ден на ден сè посиромашни, го допираме дното и стануваме сè подепресивни и угнетени од ваквиот систем.

Треба одговорните носители на одлуки еднаш засекогаш да научат да го слушаат гласот на граѓанинот, своите програми да ги креираат според потребите на граѓаните кои во суштина треба да ги задоволат и решат сите овие приоритетни проблеми од Декларацијата.

Како нашиот народ преживува од први до први не треба ни да замислите, само треба овие наши политичари еден ден да се стават во чевлите на сиромашните и на своја кожа да ја почувствуваат сиромаштија и проблемите со кои се носат нашите граѓани.

Напишано од: Сашко Јованов,  Македонска платформа против сиромаштија

Објавено во Радио Слободна Европа

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Јули 20, 2015 in Колумни

 

Од идеја до работно место

rubincoНа Македонија и на младите што живеат во неа им е потребна сериозна економска политика за справување со невработеноста и со подигањето на економскиот стандард, која ќе има ефект на подолги рокови, а не да биде само еден манипулативен евтин трик од страна на Владата која ја популаризира мерката за самовработување. Проблемот е во самите институции кои имаат недостиг во слушањето на проблемите на младите кои во реализација некако тешко им оди.

Високата стапка на невработеноста кај младите, не само што е проблем за социјалната група, туку претставува закана и за социјалната заштита, пензискиот систем и создавањето на човечки капитал, кој е предуслов за унапредување на економијата на една држава.

Според Светска банка, невработеноста кај младите во нашата земја изнесува над 50 проценти што нè прави рекордери во нашиот регион и во Европа. Поголемиот процент од невработените млади луѓе во земјата се невработени повеќе од една година, што дополнително ги намалува шансите за нивно вработување. Но, да потенцирам дека во изминатите години преку 230 илјади млади луѓе ја напуштиле државата во потрага по подобра иднина, додека 75 проценти од младите се изјаснуваат дека својата иднина ја гледаат во некоја друга држава.

Земјите членки во ЕУ сè повеќе обрнуваат внимание на проблемот со невработеноста на младите и се обидуваат да најдат решение за надминување на проблемот. Високата стапка на невработеноста кај младите, не само што е проблем за социјалната група, туку претставува закана и за социјалната заштита, пензискиот систем и создавањето на човечки капитал, кој е предуслов за унапредување на економијата на една држава.

Податоците од Државниот завод за статистика говорат дека во Македонија скоро половина милион млади луѓе кои припаѓаат на различни етнички групи сочинуваат 23,5 проценти од вкупната популација и се невработени, односно стапката на невработеност кај младите во државата изнесува 46 проценти. Според законските регулативи, за невработени се сметаат сите оние кои имаат навршено шеснаесет години, се способни за работа и сакаат да работат, но нема слободно работно место.

Владата со своите мерки за вработување и со привлекувањето на странските инвестиции потенцира дека се отвораат толку и толку компании со преку илјада вработувања. Владиниот проект „Македонија вработува“ е толку напумпан што човек просто не може да поверува. Дали се мисли за странска инвестиција кавадаречката „Дрекслермаер“, која ја нарекуваат „Фабрика на смртта“? Дали ова е германска компанија која дозволува да има бројка на починати работници. Дали таму се спроведуваат мерките на безбедност и здравје на работно место? Дали американската компанија за грејачи „Гентерм“ во Прилеп ќе ја подобри состојбата на невработеноста на младите? Дали ќе има услови за работа или ќе биде ист тертипот како во „Дрекслермаер“? И, што уште ќе видиме со странските инвестиции во Битола, Тетово, Штип и во другите општини ќе оставиме на времето кое доаѓа да ја покаже вистинската слика на овие инвестиции.

Иако, нашата чудесна земја е мала по површина, на неа постојат голем број неискористени потенцијали за отворање нови работни места. Без разлика дали се работи за туристичко место, развој на руралниот туризам, некоја плодна површина за производство на земјоделски производи или занаетчиство.

Еврокомесарот Јоханес Хан во интервјуто дадено за Радио Слободна Европа го кажа следното:

„Економската ситуација во земјата се влошува. Очекуваниот економски раст од 4 проценти сега е најмалку нула, ако не е и под нулата. Невработеноста е речиси 30 отсто. Сите инвестициски одлуки на странските компании се на чекање. Мислам дека над 30 одлуки се ставени на чекање.“

И, што да додадам повеќе кога еврокомесарот ја кажа реалната ситуација, и тоа во добро време. Сепак, се потребни обновливи фондови, кои би давале поволни кредити за нови бизниси, со што ќе се финансираат нови идеи и идејни решенија за надминување на проблемот на невработеноста.

Иако, нашата чудесна земја е мала по површина, на неа постојат голем број неискористени потенцијали за отворање нови работни места. Без разлика дали се работи за туристичко место, развој на руралниот туризам, некоја плодна површина за производство на земјоделски производи или занаетчиство. Со конкретни идеи и проекти би се подигнала свеста кај жителите на веќе формираните економски региони со цел да се зголеми потенцијалот за иновации кај младите со активно учество на знаењата и квалификациите кои ги поседуваат.

Па, време е некои зборови да се подголтнат, некои постапки да се сменат, за да може следните генерации да уживаат во еден компактен и убав соживот со секој поединец во општеството.

Напишано од:Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.

Овјавено во Радио Слободна Европа

 
Напишете коментар

Posted by на Јули 11, 2015 in Колумни