RSS

Monthly Archives: Јануари 2013

На светот му се заканува нова невработеност

Агенцијата на Обединетите нации за труд очекува зголемување на невработеноста во светот годинава за нови 5,1 милиони невработени. Нејзините прогнози се дека во 2014 година тој број ќе порасне за уште 3 милиони лица.

Ваквите прогнози агенцијата ги темели на глобалната криза која, иако попушта, сè уште влијае на зголемување на невработеноста. Според извештајот на Агенцијата, бројот на невработените лани се зголемил за 4 милиони. Сега во светот бројката на невработни изнесува 197 милиони луѓе.

Глобалната невработеност за време на врвот на кризата во 2009 изнесуваше 6,21 проценти. Лани изнесуваше 5,93 проценти, а за 2013 и 2014 се очекува повторно зголемување на процентот на невработеноста на 6,1 отсто.

Извор:+Инфо

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Јануари 22, 2013 in Невработеност

 

Лидери сме ама во најниска плата!

 

Македонија со минималната нето плата од  8050,00 денари е  посиромашна и од најзаостанатите земји во светот

 

Лидери сме ама во најниска плата!.

 
Напишете коментар

Posted by на Јануари 18, 2013 in Сиромаштија

 

Микрофинансирањето недоволно се користи за намалување на сиромаштијата

Микрофинансирањето како една од алатките за намалување на сиромаштијата е многу малку искористено во Македонија. Ова го покажува анализата на Центарот за економски анализи во спроведеното истражување за микрофинансирање и финансиски одлуки во сиромашните домаќинства.

Анализата се фокусира на општите карактеристики на сиромашните семејства, проблемите поврзани со штедење, задолжувањата и финансиската исклученост.

-Социјалната и финансиската инклузија се во тесна корелација во земјите во кои намалување на невработеноста и сиромаштијата е приоритет на економските програми. Покрај невработеноста, врз создавање на сиромашни домаќинства. Во исто така влијае и недоволното образовани. Токму кај повеќе од половина повеќечлени домаќинства главен проблем е образованието, бидејќи 57 отсто од испитаниците имаат завршено само основно образование.Основна цел на оваа студија е да се даде оценка за состојбите во сиромашните домаќинства и да се дадат препораки како да се користи микрофинансирањето како средство за борба против сиромаштијата, истакна Сабина Идризи од Центарот за економски анализи.

Во истражувањето, токму образованието се наведува како еден од главните проблеми за недоволно користење на микрофинансирање. Ромите како корисници на социјална помош, невработени и хонорарни работници поради ниските примања имаат отежнат пристап до кредитите на комерцијалните банки. Затоа се уште е висок процентот на задолженост на сиромашните домаќинства од неформални извори, роднини и пријатели.

Истражувањето покажува дека микрофинасирањето преку олеснување на пристапот до финансиски средства на сиромашното население ќе му обезбеди самовработување и обезбедување на подобри услови за живеење. Микрофинансирањето во Македонија со укинувањето на Законот за микрофинансирање не е регулирано со посебен закон, туку  е во рамките на Закон за банки со што се оневозможува користењето на микрофинансиски услуги од страна на сиромашните.

Анализата исто така покажува многу мала искористеност на средствата за самовработување од фондовите на ЈИЕ, односно само 3 отсто. Причината за тоа повторно е во недоволното образование и непознавањето како да се дојде до тие средства.

-Со зголемување на микрофинансирањето ќе се победи сиромаштијата. Оваа истражување имаше за цел да ја утврди состојбата со микрофинансирање на семејствата и да ја помогне нивната економска и финансикат вклученост во државата, рече Шанај Хаџимустафа од ЦЕА.

Истражувањето покжа дека е потребно зголемување на микрофинансирање, како еден од начините за намалување на сиромаштијата и олеснување на пристапот до тие средства.

 
Напишете коментар

Posted by на Јануари 18, 2013 in Инфо