RSS

Monthly Archives: Април 2012

За минималната плата, претпрвомајски

Би го поздравил донесувањето на Законот за минимална плата, но не би му пеел славопојки ниту, пак, врз основа на ова фаќање чекор со Балканот би се осмелил да тврдам дека билансот со работничките права од минатогодишниот Први мај до денес е позитивен, а не негативен

Во оваа земја работничките права, правата на човекот-работник, не се на некоја цена. Човекот-работник во оваа земја се третира како потрошна стока, неговите права постојано се намалуваат преку донесување измени на законите и масовно се прекршуваат оние негови права што (сѐ уште) фигурираат во законите. Во името на апстрактните идеолошки постулати, како фамозната флексибилност на пазарот на трудот, се обесправува работникот и се обезвреднува неговиот труд, а тоа, наспроти тврдењата на владејачката неолибералистичка идеологија, не донесува економски развој. Единствено само класните разлики се зголемуваат.Доаѓа уште еден Први мај. Тоа е, меѓу другото, и можност да се сумира состојбата со работничките права во нашата земја во периодот од Први мај минатата година до денес. Оние што ќе го направат тоа, веројатно ќе го истакнат како позитивно донесувањето на Законот за минимална плата и, потпирајќи се врз овој аргумент, ќе заклучат дека во овој период помеѓу два празници на трудот работите се променија на подобро, а не на полошо. И дека авторот на овој текст нема право, барем што се однесува за оваа година, да го тврди она што го напиша погоре.

Донесувањето на Законот за минимална плата во јануари оваа година е несомнена и важна позитивна измена на легислативата што ги регулира работничките права. Ако некој работел 170 и повеќе часа еден месец, големо обезвреднување на неговиот труд е ако тој не добие плата од барем 8.050 денари. Особено ако се има предвид дека со тие 8.050 денари тој и неговото семејство сепак ќе имаат сериозни проблеми да го истераат месецот!

Сепак, кога се истакнува позитивноста од регулирањето на минималната плата треба да се има предвид и следново.

Прво, минималната плата во најкритичните индустрии (текстилната и кожарската) не е ниски 8.050 денари, туку уште пониски 6.263 денари. Односно, онаму каде што воведувањето минимална плата е најпотребно, таму минималната плата е пониска за речиси 2.000 денари, за цела една петтина.

Второ, со донесувањето на Законот за минимална плата Македонија стана последната балканска земја што ја регулира минималната плата. Со други зборови, оваа година Македонија конечно „фати чекор“ со Балканот! Е сега, дали ние треба нешто особено да се гордееме ако конечно фативме чекор со Балканот, ви оставам самите да пресудите.

Трето, истиот ден кога е донесен овој многу фален закон, значи на 24 јануари 2012, направени се измени во Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност со кои драстично се намалуваат бенефициите на лицата што се прогласени за технолошки вишок. Така, на работниците што станале невработени, а кои имаат 15 години работен стаж претходно им се исплатуваше паричен надоместок до нивното повторно вработување или пензионирање под услов ако имаа уште пет години до исполнувањето на условите за пензионирање. Сега, овие пет години до пензионирање се намалени на 18 месеци. На пример, поради овие измени, работникот со 60 години, кој останал без работа, а работел 30 години и за кого од неговата бруто-плата се одвојувал придонес за вработување 30 години – тој сега ќе биде лишен од можноста да зема паричен надоместок во случај на невработеност до своето пензионирање.

Четврто, утврдувањето минимална плата беше искористено вторпат во период од пет месеци (!) да биде намалена висината на семејните приходи на невработеното лице за тоа да може да добива сини картони. Од декември 2011 оној невработен чие семејство има приходи над минималната плата од 8.050 денари го губи правото на сини картони, или треба да доплати (1.100 или 2.200 денари) за да ги добие тие црни сини картони. Ами, ако некое семејство со 8.100 денари месечно и така не може да сврзе крај со крај и ако тие 1.100 денари му вредат злато?

Петто, што правиме со спроведувањето на законот? Колку и да е позитивно законското регулирање на минималната плата, ако не се спроведува законот во практиката, залудно е сѐ. Веќе се слушаат примери дека некои газди формално им исплаќаат минимална плата на своите работници, а потоа од нив бараат, веќе следниот ден, на рака да им ја вратат разликата во однос на платата што претходно им ја исплаќале.
Поради овие причини би го поздравил донесувањето на Законот за минимална плата, но не би му пеел славопојки ниту, пак, врз основа на ова фаќање чекор со Балканот би се осмелил да тврдам дека билансот со работничките права од минатогодишниот Први мај до денес е позитивен, а не негативен.

Авторот е универзитетски професор

Автор: Здравко Савески
Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Април 30, 2012 in Општо

 

На работа во седми месец и со 3 операции на колковите

Со 3 операции на двата колка и во седми месец од бременоста, Габриела го изгуби правото на боледување без да добие објаснување зошто. Комисијата, која според Габриела многу добро и ја познава состојбата, ја одбила нејзината жалба за продолжување на боледувањето. 35 годишната скопјанка во петок треба да се врати на работа.

– Знаеше со какви проблеми сум се соочувала и дека имам проблем со двата колка и дека сум имала 3 операции. И денеска кога отидов и кога ми ја виде снимката – ми ја даде и ми рече: „Зошто си се нафатила да родиш второ дете кога знаеш дека имаш проблем со двата колка?“ изјави таа.

Блажева вели дека со деформитет на колковите се бори уште од раѓање. По првата бременост и се искривила и карлицата и морала да се соочи со бројни операции. Тврди дека минатиот месец со денови ги прибирала потребните документи за да го продолжи боледувањето.

– Бременоста е во ред – јас имам проблем со колковите. Јас не можам да стојам – а по професија сум козметичар. Значи може да се случи ако сум 7 саати на работа – 7 саати да стојам – вели Блажева.

Од Фондот за здравство велат дека во документацијата недостигал специјалистички извештај од ортопед дека Габриела не може да стои и нормално да оди. Наместо тоа, како причина за боледување била наведена бременоста. Од таму велат дека откако Габриела ќе однесе потврда од ортопед, боледувањето ќе и биде продолжено.

Елена Ставровска Alfa tv

 
Напишете коментар

Posted by на Април 27, 2012 in Здраство

 

Кажи му да на мирот! Dire si alla pace

Vodpod videos no longer available.

 
Напишете коментар

Posted by на Април 26, 2012 in Uncategorized

 

Невработените со предлози до Владата

Здружението на невработени упатува конкретни предлози до Владата за подобрување на состојба на невработените лица во Македонија. Бараат право на пензија преку нега на трети лица. Здружението инсистира да биде активно вклучено во креирањето на Владината политика за намалување на невработеноста.

Ваквиот предлог на невработенте допрва ќе биде разгледуван. Во меѓувреме, Агенцијата за вработување ги повика да ги користат кредитите за самовработување.

Според последните податоци од Агенцијата за вработување, во Македонија има 280 илјади невработени лица. Лани од евиденција беа симнати околу 90 илјади, а трендот на прочистување на списиците на невработени лица продолжи и годинава.

Христијан Стојчевски Алфа тв

 
Напишете коментар

Posted by на Април 23, 2012 in Невработеност

 

Ребаланс, но и ново задолжување од 250 милиони евра

Буџетот е покус за 120 милиони евра, но за да се финансира дефицитот Владата се задолжи за 250 милиони евра кај Дојче банк. Министерот за финансии, Ставрески објави дека овие пари ќе биле доволни за финансирање на буџетот, ќе ги враќаме по пет години. Од ММФ немало потреба да се бара заем.

,,Со оваа финансиска понуда, целосно се заокружува конструкцијата на буџетот за 2012 и почетокот на 2013. Средствата се со каматна стапка од 6,8%. Овие пари заедно со ребалансот ќе помогнат за подобрување на ликвидноста на буџетот и на вкупната економија,, изјави министерот Зоран Ставрески.

Во меѓувреме, сите министерства ќе штеделе. Ќе се крати на ставките стоки и услуги, трансфери и капитални расходи. Од планираните 426 милиони евра, ќе се скрати кај проектите кои побавно се реализирале.

,,Се настојуваше да не се оштети реализацијата на проектите, нема проект каде нема корекција, нема проект каде таа корекција е толку голема за да не може проектот да продолжи понатаму,, уверува Ставрески.

Иако првично Владата очекуваше економијата да порасне за 4,5%, сега ја ревидираше проекцијата на 2,5%. Ваквата надолна корекција според првиот финансиер се должи на кризата. Инфлацијата се очекува да биде 2,8%, поради растот на цената на нафтата на светските берзи.

Билјана Василева Трендафилова Алфа ТВ

 
Напишете коментар

Posted by на Април 20, 2012 in Општо

 

Во Нигерија ХИВ позитивни 70 илјади уште неродени бебиња

Индискиот весник Times во петокот објави дека генералниот секретар на Меѓународната организација за контрола на СИДА-та (NACA), Џон Ајдако, потврдил дека многу трудници во Нигерија боледуваат од туберкулоза и маларија, како и дека околу 70 илјади сe уште неродени бебиња во оваа земја се позитивни на вирусот ХИВ.

Ајдако во обраќањето во нигерискиот град Огун ги повика надлежните меѓународни организации да формираа комитет за акција во борбата против СИДА-та и побара од нигериските власти да пружат поконкретна поддршка во борбата против оваа болест.

Нигерија има 160 милиони жители, од кои 15 отсто се заболени од СИДА. Иако земјата е најголемиот производител на нафта во Африка и втора земја според економската развиеност на континентот, населението е погодено од сиромаштијата и нема обезбедено соодветно образование и здравствено осигурување.

 
Напишете коментар

Posted by на Април 19, 2012 in Здраство

 

Бугарија на трето место по сиромаштија во ЕУ

Петтина Бугари (околу 21 отсто) живеат на границата на сиромаштија, поради што Бугарија е на третото место по сиромаштија во ЕУ, се вели во податоци на Евростат.

Според тие податоци, најмногу потенцијални сиромашни луѓе има во Летонија – околу 27 отсто од жителите, а на второ место е Романија со околу 26 отсто потенцијално сиромашни жители.

Најниско ниво на сиромаштија има во Чешка (девет отсто), а потоа во Холандија и Словачка (11 отсто).

 
Напишете коментар

Posted by на Април 10, 2012 in Сиромаштија