RSS

Сиромаштијата е нашиот сериозен проблем во заедницата #17Oct

Светот се соочува со еден алармантен проблем? Што се случува со светот? 

Во светот, речиси една милијарда луѓе немаат доволно храна да се прехранат и затоa гладуваат, а милијарди луѓе се недоволно снабдени со витамини, минерали, јагленохидрати и други хранливи материи. Гладот, убива повеќе луѓе отколку што секоја година тоа го прават сидата, маларијата и туберкулозата заедно. 

Прашањето е дали богатите земји имаат обврска да и помогнат на сиромашните земји?

Додека овие земји се соочуваат со ограничувања за снабдување со храна и вода, глад и болести, другите финсираат потрошни проекти. Сиромаштија станува секојдневна тема на која се рануваат милијарда семејства кои остануваат жедни и немоќни во заедницата во која живеат.

Сиромаштијата подразбира состојба кога основните потреби се поголеми од можностите за нивно задоволување. Недостатокот од ресурси кои ги оневозможуваат поединците и домаќинствата да практикуваат определен режим на исхрана, да учествуваат во определени општествени активности и да живеат во животни услови кои се вообичаени за општествата на кои им припаѓаат. Субјективната сиромаштија ги одразува индивидуалните перцепции на луѓето за нивните заработувачки.

Сиромаштијата е една важна димензија на социјалната исклученост. Сиромашните луѓе често се исклучени и маргинализирани во економските, социјалните и културните активности. Но, со тоа исклучување не треба тие да бидат занемарени ниту пак помалку важни во општествената средина во која живеат. 

12041968_518685381624743_1125361672_n

Напишала:

Мартина Атанасова, Невладина организација „Граѓанска Асоцијација – Битола“

Advertisements
 

Во целиот свет има сиромаштија #17Oct

Низ градовите илјадници луѓе се шетаат голи и боси, додека некои луѓе се расфрлаат и се фалат со своите пари, валкани пари кои не вредат ништо. На улиците многу луѓе и деца плачат за корка леб, додека другите бираат што да јадат и ја фрлаат храната.

Побогатите луѓе со врски и без диплома се вработуваат на високи работни позиции. А сиромашните кои претрпеле голема мака, вложиле голем труд и едвај го постигнале успехот заради финансиската состојба не го добиваат заслуженото работно место. Додека едни уживаат во сите бенефиции, на другите им се скратени правата за олеснување на работата.

Насекаде во светот се изоставени сиромашните луѓе, во денешно време секаде преовладува сиромаштијата.

————————————————————————-

In the whole world there is poverty.

Trough the cities a thousand people are walking naked and barefoot, while some people throw away and boast their money, dirty money that not worth anything. So many people at the streeats are crying for bread crusts, while the others choose what to eat and they throw food.

Whealthier people with connections and without a degree are employed in high positions. The poor who have suffered great hardship, effort and barely achieved success because of the financial situation does not receive their deserved position. While some people enjoy all the benefits, at others are truncated rights to facilitate the work.

Everywhere abandoned poor people, nowadays everywhere prevailing poverty

Snezana

Напишала/Written by:

Снежана Јованова, членка на младинската програма на МППС

Snezana Jovanova, member of Youth programme of the Macedonian Anti-Poverty Platform

 

#КрениГоСвојотГлас СЕГА… #RaiseYourVoice NOW…

blogТриесет и четири проценти невработеност, повеќе од триесет проценти сиромаштија, се факти кои ја потврдуваат лошата сегашност. Многу мал е процентот на самосвесните граѓани, а се поголем е бројот на оние кои се мислат за нешто посебно, без никаква подлога и основа за истото. Се поголем е бројот на оние кои мислат како да си ги задоволат своите физиолошки потреби од оние кои се градат духовно и мислат за иднината.

Затоа…

#КрениГоСвојотГлас за иднината на своите деца…

#КрениГоСвојотГлас за општество без насилство…

#КрениГоСвојотГлас за подобро образование на идните генерации…

#КрениГоСвојотГлас за подобра здравствена и социјална заштита…

#КрениГоСвојотГлас за мир и благосостојба…

#КрениГоСвојотГлас за достоинствен живот…

#КрениГоСвојотГлас за унапредување на работничките прашања…

#КрениГоСвојотГлас за борба против сиромаштијата…

#КрениГоСвојотГлас … СЕГА

————————————————————————————————————–

Thirty-four percent unemployment, more than thirty percent poverty, facts that confirm the badness of our present time. Percentage of self conscious citizens is very small and number of those who think that are something special without any grounds thereof is increasing. Number of those who think only how to satisfy their physiological needs is growing and those who build themselves spiritually and think about the future are becoming minority.

Therefore …

#RaiseYourVoice for the future of your children…

#RaiseYourVoice for society without violence…

#RaiseYourVoice for better education of future generations…

#RaiseYourVoice for better health and social care…

#RaiseYourVoice for peace and prosperity…

#RaiseYourVoice for dignified life…

#RaiseYourVoice to promote labor issues…

#RaiseYourVoice to end poverty…

#RaiseYourVoice … NOW

rubin.A.

Напишал/Written by:

Рубинчо Аризанкоски, Претседател на Здружение „Скорпион“ од Прилеп

Rubinco Arizankoski, President of Association “Skorpion” Prilep

 
Напишете коментар

Posted by на Октомври 16, 2015 in #RAISEYOURVOICE

 

Today #RaiseYourVoice … Денес #КрениГоСвојотГлас

blog

Today, we live in a society where everyone is trying to fit in and want to be loved, where we wouldn’t dare to speak our minds because we are scared of being rejected and that’s why we become like everyone else, shallow.

Some of us join in gossiping, when all we want to do is to talk about the universe, trips or to debate about religion, love or trust.

They only drink water because juice or milk have “too many” calories, they eat salads while they watch someone enjoying their plate full of calories wishing it was them eating it.

They degrade themselves and agree with everything, because it’s better to be a part of something, right?

Never pretend to like what everyone else pretends to love. – Emma Watson

———————————————————————

Денес, живееме во општество каде што сите пробуваат да се вклопат и сакаат да бидат сакани, каде што не би се осмелиле да се спротистават и да го искажат своето мислење од страв дека ке бидат одбиени или отфрлени, па затоа се придружуваат и стануваат како сите, површни.

Некои се придружуваат на оговарање, кога се што сакаат да направат е да зборуваат за универзумот, патувања или да дебатираат за религија, љубов или доверба.

Јадат мусли со вода, бидејќи млекото имало премногу калории, додека го гледаат месото како се врти и чекаат да биде ставено во гирото, заедно со мајонез, кечап и компирчиња и им се вртат мисли во главата за како само би го изеле.

Намерно се прават глупави и се сложуваат со се бидејќи, сепак нели е подобро да си дел од нешто?

Никогаш не се преправајте дека ви се допаѓа нешто што другите се преправаат дека го сакаат. – Ема Ватсон


Ivana Pavlovska Anastasija Pavlovska
Written by/Напишале:

Ivana and Anastasija Pavlovski, members of Youth programme of the Macedonian Anti-Poverty Platform
Ивана и Анастасија Павловски, членки на младинската програма на МППС

 
Напишете коментар

Posted by на Октомври 16, 2015 in #RAISEYOURVOICE

 

Judge by the appearance #RaiseYourVoice … Суд на прв поглед #‎КрениГоСвојотГлас‬

We live in a fast-moving, world full of duties, cares, dilemmas. This way of living doesn’t seem to let as look objective and from different perspectives at the things, but seems to make us judge by the appearance and puts thousands of stereotypes and prejudges in our heads, which we accept without any problems in order not to lose some of our ‘precious’ time.

blogAs you are walking down the streets of some big city, it may happen that you see a bare-footed, grubby, messy kid asking for some money. “Get away, I’m broke” – one of the most commonly used sentences, followed by some thoughts like “Doesn’t this poor kid have any parents, shame on them, how can they let their child do things like that, I bet this kid has more money than I do, why doesn’t this kid go to school…” and then you’ll hear your 500$ smartphone ringing and forget about the kid. But, if your eyes meet kid’s just for a moment, you’ll end up speechless. You will see all of the world’s happiness and hope hidden and oppressed by the instinct of survival, hunger, cold and all of the problems the kid is facing. You will see an innocent kid who has never ever, before being born, chosen to be born poor and ask for charity and kindness, being humiliated in front of the others, people that may did nothing to deserve the things they have and goods they enjoy.

Basically, my point is, while reading this text sitting in your fathers’ armchair, you all to realize that those people didn’t use to be different than you when they were born, hence the only thing they do not deserve is the bad and cold-blooded treatment they get from the society, i.e. you. I don’t believe that you’re able to solve their problem forever, because the people who are able to do that most likely think of making a ‘big catch’, implementing some new useless law and so. But, what you can do is give them those 50 cents you got as a change for the pack of cigarettes you bought, smile at them, wish them a good day. It’s simple as that, not a hard neither scary thing to do. Putting just some effort you give small beacon of hope, life, happiness to those who cannot afford it. Those who can actually be representing anyone of us. Trust me, it’s enough.

————————————————————————

Живееме во брзодвижечки свет полн со обврски, грижи, дилиеми. Таквото темпо на живот навидум не ни овозможува да гледаме трезно и од различна перспектива на сите работи, туку ни налага да судиме на прв поглед, да си ги полниме главите со најразлични стереотипи и предрасуди, се со цел да си зачуваме повеќе од нашето ,,драгоцено” време.

Минувајки низ преполните скопски улици сигурно барем еднаш сте наишле на босоного, исцрнето, несредено дете кое ви бара милостина. ,,Немам ништо, тргни ми се” – една од често кажаните реченици, проследена со неколку мисли во глава од типот на ,,Има ли детево родители, имаат ли совест што го оставиле вака да шета, како не му е срам, сигурно има повеќе пари од мене, зошто не оди на школо да учи…” и во тој момент ви ѕвони смартфонот од 500 евра и за миг го заборавате тоа детенце. Но, ако во еден одреден момент случајно ви се сретнат погледите со тоа детенце, ќе останете запрепастени. Целата детска среќа на светот собрана во неговите очи, но потскриена и потисната од студот, гладот, немаштијата. Дете кое што во ни еден момент пред да дојде на овој свет не избрало ни посакало целиот свој живот да го мине така како што го мине, барајки милостина, понижувајки се пред другите коишто, од друга страна, можеби со ништо не заслужиле да ги уживаат оние работи кои ги уживаат.

Поентата ми е додека го читате текстов седејки на удобните фотељи на вашите татковци, во најмала рака да сфатите дека тие луѓе не се разликувале во ништо од вас кога дошле на овој свет, така што единственото нешто што не го заслуживаат е таквиот ладен однос од ваша страна. Не верувам дека можете да им помогнете и им го решите проблемот долгорочно, бидејќи оние што можат во моментов прават проекти за нови споменици, но она што можете да го направите е да им ги дадете оние 5 денари кусур што сте ги добиле за купената кутија цигари, да им се насмевнете, да им посакате убав ден. Ете, не е толку тешко, со толку малку труд им давате капка надеж, капка живот, среќа на оние коишто можат да го претставуваат секој од нас. Верувајте, доволно е.

Nikola

Written by/Напишал:

Nikola Dumovski, member of Youth programme of the Macedonian Anti-Poverty Platform

Никола Думовски, член на младинската програма на МППС

 
Напишете коментар

Posted by на Октомври 16, 2015 in #RAISEYOURVOICE

 

Parallel worlds #RaiseYourVoice … Паралелни светови ‪#‎КрениГоСвојотГлас‬

Parallel worlds – from one side poor from the other side luxury.blog

Aren’t we having the same rights under this sky and Sun.

The people from Africa don’t know about good meal. How far is the planet don’t have access to basic medicines. We are throwing away food but 868 million are chronically malnourished.

We are playing with water but 738 million people dont have drinking water.

We are buying two, three apartments while 1600 million people dont have the proper contions to live.

Parents are paying teachers for their kids out of education while 796 million kids are illiterate.

While i live a comfortable life, my peers work as soldiers, servants or prostitutes.

Isn’t this enough examples of human rights violations.

The world is becoming better and richer, they say. So why we have mortally poor people, the wealth is for all the people?

——————————————————————————–

Паралелни светови – од една страна беда од друга раскош.

Па нели сите имаме исти права под ова небо и сонце.

За достоинствен оброк не знаат луѓето од Африка, пола планета нема пристап до основни лекови. Го фрламе јадењето а 868 милиони хронично неухранети.

Со водата си играме, а 7,38 милиони немаат вода за пиење.

Купуваме по два три стана а 1600 милиони немаат соодветни услови за домување.

На децата им плаќаме по два професори надвор од образованието а 796 милиони се неписмени.

Додека јас живеам удобен живот, мои врсници работат како војници, слуги и проститутки.

Нели се доволни примери за кршење на човековите права.

Светот станувал подобар и побогат викаат, а зошто тогаш имаме смртно сиромашни луѓе, богатството е на сите и за сите?

Voislav

Written by/Напишал:

Voislav Gruevski, member of Youth programme of the Macedonian Anti-Poverty Platform

Воислав Груевски, член на младинската програма на МППС

 
Напишете коментар

Posted by на Октомври 16, 2015 in #RAISEYOURVOICE

 

#RaiseYourVoice for yourself … #КрениГоСвојотГлас за себе …

If you are reading this, you are already in this group of people who want change, freedom and most of everything we want to be heard … In world of “equality“ where no one is equal, #RaiseYourVoice for equality.blog

In world with “no discrimination“where poor are discriminated #RaiseYourVoice for no discrimination.

In world full of opportunities where refuges don’t get opportunity for normal life #RaiseYourVoice for supporting them.

In world where violence is forbidden and women are victims of domestic violence #RaiseYourVoice to end violence against women.

No one deserves to be mistreated! No one should live in darkness! No one should decide for your life! No one should be scared for their life! #RaiseYourVoice for #freedom #free speech #choice #opportunity #education

#RaiseYourVoice for better future.

#RaiseYourVoice for yourself.

——————————————————————————————————-

Ако го читаш ова, ти веќе си дел од оваа група на луѓе што сакаме промена, слобода и најмногу од се, НИЕ сакаме нашиот глас да биде слушнат ….

Во свет на „еднаквост“ каде никој не е еднаков #КрениГоСвојотГлас за еднаквост.

Во свет „без дискриминација“ каде сиромашните се дискриминирани #КрениГоСвојотГлас за свет без дискриминација

Во свет полн со можности, каде бегалците не добиваат можност за нормален живот #КрениГоСвојотГлас за поддршка.

Во свет во кој насилството е забрането, а жените се жртви на семејно насилство #КрениГоСвојотГлас за стоп на насилството врз жените.

Никој не заслужува да биде малтретиран и понижуван! Никој не треба да живее во мрак! Никој друг не треба да одлучува за твојот живот! Никој не треба да стравува за својот живот!

#КрениГоСвојотГлас за #слобода #слободен говор #избор #можности #образование

#КрениГоСвојотГлас за подобро утре

#КрениГоСвојотГлас за себе.

Јована Димушевска

Written by/Напишала:

Jovana Dimushevska, volunteer at Youth programme of Macedonian Anti-Poverty Platform

Јована Димушевска, волонтерка во Младинската програма на МППС

 
Напишете коментар

Posted by на Октомври 16, 2015 in #RAISEYOURVOICE