RSS

Category Archives: Сиромаштија

Гласот на Новата Година

За час, кога ќе започне Нова година, некој од вас можеби ќе го слушне нејзиниот глас. Кога ќе отчука полноќ, една година умира, а се раѓа друга. Велат дека точно на полноќ, кога доаѓа новиот свет, Нова година прозборува со сопствениот глас и според тој глас може да се заклучи каква ќе биде годината што доаѓа. Меѓутоа, на полноќ започнува заглушувачка врева, потоа „Среќна Нова година“ си велат еден на друг и тој славен глас се губи. Пукаат шишињата со шампањско, смеа, будалести повици и бакнежи, петарди по улиците. За време на таква силна врева се губи тој таинствен глас. Луѓето слават и одеци од смеа и врева достигнуваат дури и до најтажните и најскриените места, ширејќи надеж и веселба насекаде. Сите разменуваат честитки и никој не го слуша гласот кој не може да се осознае, глас кој е олицетворение на тајната на оној што нам ни ја подготвува иднината. Токму тука е скриена една длабока вистинска мудрост „подобро да не знаеме каква ќе ни биде иднината, за да можеме да ѝ се препуштиме на надежта“.

На крајот на краиштата, јануари е месец помалку или повеќе сличен на останатите, ама сепак, во очите на луѓето јануари е најважен. Неговата важност се крие во почетокот, во првиот ден, во првиот час, во онаа прва минута.   

Иако Нова година е денот кога го обележуваме почетокот на новата календарска година, кај нас традиционалниот белег на Новогодишните празници се трпезите. Но, дали некој размислува за оние лица кои се на работ на сиромаштијата и дали на нив им треба некаква помош за престојните празници?

Мислам дека оваа година финансиите ќе бидат проблем, па и таа трпеза да биде поскромна. Мислам дека сиромаштијата ќе биде пречка ова година граѓаните да ги прослават празниците во домашна атмосфера, како што е редот. Најголем дел од своите заштедени средства ќе ги потрошат за миг, а пак ќе нема доволно за прослава.

Сакам да потсетам дека зборовите ќе ви помогнам не се доволни само во говорна форма и дека секој од нас има право и заслужува да биде среќен кога милијарда луѓе се среќни на тој ден. Помогнете некому годината да му започне убаво. Можеби така ќе го натерате и гласот на Новата година да соопшти убави вести.

12041968_518685381624743_1125361672_n

Напишала:

Мартина Атанасова, Невладина организација „Граѓанска Асоцијација – Битола“

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Декември 28, 2015 in Сиромаштија

 

Луѓе бре, ние не сме проценти… #17Oct

Повторно Ви се обраќам Вам, вие што го читате ова.

Очигледно е дека сте единствените засегнати за случувањата што ни ги бои секојдневијата и голема е веројатноста дека само ние и вие можеме да помогнеме. Не, всушност ние многу малку можеме да помогнеме, но подобро малку него воопшто. Оние што ја имаат моќта и алатките за да помогнат сигурно се гостат на некое убаво и ексклузивно место, каде што, не се сомневам, дека чаша вода чини 100 денари, а ние од овде викаме на сиот глас дека некој не се напил вода 3 дена. Важно се трудиме, тоа ми е надежта, дека можеби еден ден ќе бидеме слушнати.

Ситуацијата во Македонија е заштрашувачка. Сиромаштијата е на голем замав. Полека но сигурно навлага во сечиј дом, во сечиј живот. Едни живеат на кредити, други не живеат, а оние најтешко што им е , едвај преживуваат. На телевизија ќе слушнам дека сиромаштијата е намалена за волку и толку проценти, невработеноста исто така. Со други зборови тече мед и млеко по улиците. И го гасам телевизорот, го исклучувам од штекер и тоа е тоа. Или ја сум луда или овие не знаат што зборат. Па луѓе бре, ние не сме проценти па они да ми раскажуваат мене дека невработеноста се намалила за 25 %. Лажат, верувајте ми дека лажат. Ние сме им проценти на нив. За нив се важни бројките што ќе ги кажат на вести, а луѓево незнаат што да прават со 2-3 илјади денари месечно.

И така, од завод за вработување ги бришат, отвараат работни места и вработуваат со договор на дело, 3месечен, 6 месечен, отвараат јавни кујни, градат споменици и на крај на денот незнаеш дали има повеќе споменици или луѓе. Сите исто изгледаат, со „мртви“ лица. Понекогаш и на спомениците знам да им кажам добар ден, некако поживо и пореално изгледаат од она детенце на почетокот на ГТЦ што ми побарало некој денар.

И така, купи ден продај ден, ќе си легнат гладни жедни, без идеја за утрешниот ден.

А оние другите, сеуште ќе седат во екстра скап ресторан и ќе дебатираат како да ја подобрат ситуацијата и уште колку споменици да наредат, и на крај ние и вие ќе ја платиме и сметката, и 10 денари на детенцето ќе му дадеме, и со чичкото од пред ЛаДелишес ќе свртиме 2-3 реда муабет со по една топла кифла во 4 сабајле.

———————————————————————————————

Again, I’m talking to you, you who are reading this.

It’s obvious that you are the only concerned about the on-going situation which is coloring our everyday life and it’s seems that only you and we can help. No, actually very little we can help, but it is better than nothing. Those who have the power and tools to help, I’m sure they are at some exclusive and luxury place where, no doubt, one glass of water cost 100 denars (2 euros), and we are calling from here loudly, that someone haven’t drank water for 3 days. What is important that we are still trying, and that is my hope, that one day maybe, we will be heard.

The situation in Macedonia is terrifying. Poverty is on a big swing. Slowly but surely entering in every home, in everyone’s life. Some live on credit, others do not live, and those, hardest to them, barely surviving. On TV I hear that poverty has been reduced by half and so percent of unemployment too. In other words, it’s flowing milk and honey in the streets. And I stub it off the TV from the socet and that is it. Or I am crazy or they don’t know what they are talking! well people, we are not percent so they will tell us that unemployment is reduced for 25%. They are lying, believe me they are lying. We are numbers for them. For them, the only important are the number the will publish on the evening news, and out there people doesn’t know what to do and how to survive with 2-3 thousand denars (40-50 euros) per month.

So, the Institute for Employment is deleting people, opening new job positions and employment on contract of 3 or 6 months, opening public kitchens, building monuments and at the end of the day do not know whether there are more monuments or people. All have the same look, with the “dead” face. Sometimes, I say “Hello” to the monuments, somehow they look more alive and realistic than the child at the entrance of the mall who asked me for some money.

So, every day is the same, nothing is changing, they will fall asleep hungry and thirsty, with no clue for the next day.

And others, still sitting in the extra expensive restaurant and debating how to improve the situation and how many monuments to order, and finally we and you will pay the bill for them, and will give 10 denars to the child from the mall.

Јована ДимушевскаНапишала/Written by:

Јована Димушевска, волонтерка во Младинската програма на МППС

Jovana Dimushevska, volunteer at Youth programme of Macedonian Anti-Poverty Platform

 

Сиромаштијата е кршење на основните човекови права #17Oct

Последиците од екстремната сиромаштија се чувствуваат насекаде низ светот.

Се до неодамна сиромаштијата била видена како недостаток на финансиски средства и според тоа единствено логично решение бил економскиот развој. Комплексноста на сиромаштијата долго време не била препознаена и никој не ја споменувал можноста дека сиромаштијата може да е резултат на опсесија и следствено на тоа нејзината редукција да бара и други решенија покрај економскиот развој.

Еден од најновите пристапи кон сиромаштијата што ја признава нејзината комплексност и мултидимензионалност е пристапот на човековите права.

Овој пристап, кој се развива паралелно со развојот на човековите права нуди јасна законска рамка која што има потенцијал да ги „зајакне” сиромашните и на тој начин да придонесе за намалување на сиромаштијата. Според овој пристап сиромаштијата е пред се кршење на основните човекови права. Понатаму, сиромаштијата вклучува повеќе димензии меѓу кои најзначајни се, слабото здравје и неисхранетоста, неписменоста, невработноста и политичката маргинализација. Во рамките на овие димензии се негираат човекови права како, правото на квалитетна исхрана, правото на здравствена заштита, правото на образование, правото на пристојна работа и секако политичките права и слободи.

denicaНапишала:

Деница Шошолчева, членка на младинската програма на МППС

 
1 Коментар

Posted by на Октомври 17, 2015 in Размислувања, Сиромаштија

 

Сиромаштијата е нашиот сериозен проблем во заедницата #17Oct

Светот се соочува со еден алармантен проблем? Што се случува со светот? 

Во светот, речиси една милијарда луѓе немаат доволно храна да се прехранат и затоa гладуваат, а милијарди луѓе се недоволно снабдени со витамини, минерали, јагленохидрати и други хранливи материи. Гладот, убива повеќе луѓе отколку што секоја година тоа го прават сидата, маларијата и туберкулозата заедно. 

Прашањето е дали богатите земји имаат обврска да и помогнат на сиромашните земји?

Додека овие земји се соочуваат со ограничувања за снабдување со храна и вода, глад и болести, другите финсираат потрошни проекти. Сиромаштија станува секојдневна тема на која се рануваат милијарда семејства кои остануваат жедни и немоќни во заедницата во која живеат.

Сиромаштијата подразбира состојба кога основните потреби се поголеми од можностите за нивно задоволување. Недостатокот од ресурси кои ги оневозможуваат поединците и домаќинствата да практикуваат определен режим на исхрана, да учествуваат во определени општествени активности и да живеат во животни услови кои се вообичаени за општествата на кои им припаѓаат. Субјективната сиромаштија ги одразува индивидуалните перцепции на луѓето за нивните заработувачки.

Сиромаштијата е една важна димензија на социјалната исклученост. Сиромашните луѓе често се исклучени и маргинализирани во економските, социјалните и културните активности. Но, со тоа исклучување не треба тие да бидат занемарени ниту пак помалку важни во општествената средина во која живеат. 

12041968_518685381624743_1125361672_n

Напишала:

Мартина Атанасова, Невладина организација „Граѓанска Асоцијација – Битола“

 

Во целиот свет има сиромаштија #17Oct

Низ градовите илјадници луѓе се шетаат голи и боси, додека некои луѓе се расфрлаат и се фалат со своите пари, валкани пари кои не вредат ништо. На улиците многу луѓе и деца плачат за корка леб, додека другите бираат што да јадат и ја фрлаат храната.

Побогатите луѓе со врски и без диплома се вработуваат на високи работни позиции. А сиромашните кои претрпеле голема мака, вложиле голем труд и едвај го постигнале успехот заради финансиската состојба не го добиваат заслуженото работно место. Додека едни уживаат во сите бенефиции, на другите им се скратени правата за олеснување на работата.

Насекаде во светот се изоставени сиромашните луѓе, во денешно време секаде преовладува сиромаштијата.

————————————————————————-

In the whole world there is poverty.

Trough the cities a thousand people are walking naked and barefoot, while some people throw away and boast their money, dirty money that not worth anything. So many people at the streeats are crying for bread crusts, while the others choose what to eat and they throw food.

Whealthier people with connections and without a degree are employed in high positions. The poor who have suffered great hardship, effort and barely achieved success because of the financial situation does not receive their deserved position. While some people enjoy all the benefits, at others are truncated rights to facilitate the work.

Everywhere abandoned poor people, nowadays everywhere prevailing poverty

Snezana

Напишала/Written by:

Снежана Јованова, членка на младинската програма на МППС

Snezana Jovanova, member of Youth programme of the Macedonian Anti-Poverty Platform

 

Лидери сме ама во најниска плата!

 

Македонија со минималната нето плата од  8050,00 денари е  посиромашна и од најзаостанатите земји во светот

 

Лидери сме ама во најниска плата!.

 
Напишете коментар

Posted by на Јануари 18, 2013 in Сиромаштија

 

Половина од населението во Македонија е сиромашно

Речиси 30 % од граѓаните не можат да си ги затоплат домовите, 40 отсто имаа проблем со плаќање на сметки и рати во банки, за повеќе од 55% од населението месото и рибата се луксуз на трпезата. Најновото мерење, по нарачка на европската унија открива нови показатели за сиромаштијата во 2010 та.

Стапаката на сироматија изнесува 27 ,3%. Во оваа стапка се вкучени сите грѓани и па оние што земаат социјална помош и пензија. Но доколку тие се исклучат од пресметките, тогаш сиромаштијата изнесува 42,8%.

Социјалозите алармираат дека трендот на сиромаштијата расте и кај оние што работат а не можат да ги подмират елемнтарните потреби.

Извештајот обледнеува дека најкритични се семејствата со двајца возрасни и со три или повеќе деца кај кои сиромаштијата изнесува 36,5 %. Кај домаќинствата со двајца возрасни плус едно дете изнесува 22,3% а кај оние со само двајца возрасни е 25,5%.

Бројките за експертите се реални бидејки земјава е навлезена во длабока рецесија, сметаат дека владата сериозно мора да ги препознае најранливите групи а потоа и со конкретни мерки за помогне.

Животниот стандард се топи и во семејствата каде што има вработение.

За разлика од ова мерење, според домашната статистика стапката на сиромаштија во Македонија во 2010- та изнесуваше 30,9 отсто а лани 30,4 проценти.

Извор:24Вести

 
Напишете коментар

Posted by на Ноември 8, 2012 in Сиромаштија