RSS

Category Archives: Општо

Августовските сметки за струја повисоки и за 50 отсто

Струјата поскапе за 10 отсто, а граѓаните добија повисоки сметки од 10 до 50 отсто

Последната сметка за потрошена електрична енергија за месец август ги замрзна граѓаните. Иако тие очекуваа дека ќе платат повисоки суми отколку досегашните, поради последното поскапување од околу 10 проценти, сепак многумина се збунети затоа што не веруваа дека ќе добијат поголеми сметки и до 50 отсто. Дел од граѓаните треба да платат повисока сума за струја за 10, некои за 30, а други дури и за 50 отсто во споредба со досегашните суми, зависно од тоа во која група на корисници припаѓаат. Така, иако сите се надеваа дека ќе плаќаат за струја само 10 отсто повеќе, математиката, сепак, не е толку едноставна. Всушност, на вкупната сума зголемена за десет отсто се пресметуваат и плус оние 33 отсто за ангажирана моќност и дополнително 18 отсто данок како и редовната комунална такса за јавно осветлување од 120 денари. И така на крајот сметките се подебели за многу повеќе.

„Моето семејство брои четири члена и живееме во стан од 60 квадратни метри. Сите претходни сметки за струја, од почетокот на годината, изнесуваа меѓу 1.900 и 2.100 денари. А, последната за месец август е 3.000 денари. Знаев дека поради поскапувањето ќе добијам поголема сметка, но не за толку. Дополнително што 15 дена од месецот бевме отсутни од дома. Се прашувам, ако сега, преку лето имам толкава сметка, колкава ли ќе биде во зимските месеци, затоа што се грееме на струја. Сигурно најмалку за двојно. Не знам како да се живее со оваа скапотија“, вели скопјанката Т.М..

Надлежните од ЕВН објаснуваат зошто августовските сметки за електрична енергија за граѓаните се многу повисоки од очекувањата и зошто се различни, односно некои се поголеми за 10, а некои за многу повеќе.

„Висината на сметките за август е различна затоа што зависи од тоа во која корисничка група, од вкупно четири, спаѓаат потрошувачите. На пример, оние кои се во првата група, на кои струјата им се чита од 1 до 7 во месецот, во сметката за август ќе имаат пресметано за 10 отсто поскапа струја само за тој период. На оние, пак, кај кои отчитувачкиот период е од 15 до 21 во месецот, ќе им се пресметува новата цена за подолг период, и така натаму, со еден збор, дури во сметките за електрична енергија за септември на сите граѓани ќе им биде вкалкулирано целосното поскапувањето од 10 отсто. На крајната сума, како што е познато, се додаваат уште 33 отсто за ангажирана моќност и плус 18 отсто за ДДВ“, велат од ЕВН „Македонија“. Додаваат дека е при крај процедурата за механичко приспособување на броилата за укинување на дневната, евтина тарифа за домаќинствата, која важеше од 13 до 16 часот. „Приспособувањето е извршено речиси кај сите нови дигитални броила, а во местата каде што ги нема, во тек е механичкото регулирање“, посочуваат од компанијата.

Инаку, последното поскапување на струјата од 1 август, врз основа на барањата на ЕВН „Македонија“ и на ЕЛЕМ, изнесуваше 9,83 отсто. Тоа е второ поскапување за годинава, откако од 1 јануари струјата скокна за 7 проценти. Паралелно со новата цена на струјата доаѓа и поскапувањето на парното греење, кое на 1 јануари оваа година изнесуваше 10 проценти, а во август 4 отсто.

И додека од минатиот месец ЕВН ги прави новите пресметки за струјата според зголемената цена и ги приспособува броилата за укинување на евтината, дневна тарифа, во Скопје и во други градови во земјава веќе еден месец, секоја недела се организираат протести на илјадници граѓани од здружението „Аман“ поради континуираното зголемување на цените на бензините, струјата и парното, кои повлекуваат и низа други поскапувања. Реакциите се насочени кон Владата, Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН и ЕЛЕМ, како директни учесници во креирањето на новите цени кои се’ повеќе го уништуваат и онака нискиот животен стандард.
 Извор; Маја Томиќ-Утрински весник

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Септември 16, 2012 in Општо

 

Растат цените на зелката, лубениците и праските

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во август 2012, во споредба со истиот месец од 2011 година, се забележува кај црвените домати, зелката, лубениците, праските и лимоните. Најголемо намалување на цените е забележано кај лукот и лупените ореви.

Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во август 2012, во споредба со истиот месец од 2011 година, се забележува кај црвените домати, бабурите, гравот, зелката, лубениците, праските и лимоните. Најголемо намалување се забележува кај лукот, тиквичките и лупените ореви.

Извор: Sky.mk

 
Напишете коментар

Posted by на Септември 14, 2012 in Општо

 

Македонија дебело се задолжува, не очекуваат нови поскапувања

До крајов на годинава, Македонија, ќе се задолжи за уште 460 милиони евра, што е дополнителна сума од предходно позајмените 127 милиони евра, објави денеска порталот „Охридскај“ повикувајќи се на информации добиени од соговорник од Министерството за финансии. Тоа, споредпорталот значи дека од овој месец па до крајот на годината, Македонија ќе земе комерцијални кредити во износ од најмалку 527 милиони евра.

Ден пред заминување на одмор на Премиерот и министерот Ставревски договориле да се прави ребаланс на буџетот што поскоро кога за тоа се создатат услови, а ребалансот да биде во ист тајминг со гласањето во Парламентот за нови задолжувања, се вели во написот на порталот.

Притоа се додава дека реалната проекција на економските текови доставена од Министерството за Финансии до Груевски не е воопшто розова, туку очајна. Следи пораст на цените со 10 – 15 проценти, а годишната инфлација ќе појде на 5 проценти или двојно повејќе од проектираното, а пак економскиот раст ќе се движи околу – 2 поценти (минус два проценти ) или за 4,8 проценти со пад од проектираниот.

„Охридскај“ информира дека во поскапувањето на струјата и на енергенсите владата ќе направи уште неколку поскапувања токму кај овие енергенси до декември. Планирано е струјата да поскапи уште барем 10 проценти пред почетокот на грејната сезона

Извор;Плусинфо

 
Напишете коментар

Posted by на Август 14, 2012 in Општо

 

Придонесите доцнат граѓаните од џеб ги плаќаат здравствените услуги

Македониските граѓани чии плати доцнат повеќе од два месеца сами од сопствениот џеп си ги плаќаат прегледите, лековите, лабраториските анализи и комплетното лекување во болниците.

Станува збор за огромен број на вработени во државата, кои немаат пристап до здравствените услуги, бидејќи фирмите во коишто работат доцнат со плаќањето на придонесите за здравствено осигурување. Вработени од неколку такви фирми се жалат дека добиваат сини картони кога веќе не се употребливи.

„Не се осудувам да одам на лекар, бидејќи морам да платќам за се во јавното здравство исто како да сум во приватна болница. Безполезно е што фирмата плаќа за здравствено осигурување, кога ние и нашите семејства тоа неможеме да го користиме“ изјави Благоја. Д. од јавното претпријатие „Македонија пат“.

Оваа фирма има 1.600 вработени, велат, дека џабе нивните пари се влеваат во касата на Фондот, кога тие немаат право да ги користат услугите на Фондот. Иста судбина со вработените на Македонија пат делат многу други вработени во државата. Парите наменети за нивно лекување само ја полнат здравствената каса, а тие се оставени на маргините на општеството, без право на основна здравствена заштита.

„Пред извесно време се израдував кога прочитав дека во една од приватните болници ќе се вршат бесплатни прегледи. Но, кога отидов на закажаниот термин ми рекоа дека морам да доплатам за анализите и за снимањето. Се завртев и си заминав, се почуствувам многу мизерно бидејќи во џепот имав само за билет за градски автобус“, раскажува Драган Б., вработен во „Охис“.

Познавачите на оваа проблематика велат дека фирмите треба да го почитуваат Законот за плати, според кој до 15-ти во месецот мора да се исплатат личните доходи на вработените, а со тоа и да се подмират придонесите за здравствено и пензиско осигурување, во спротивно за фирмите-неплаќачи следуваат парични казни.

Методија Трајаноски експерт за јавно здравство и здравствено осигурување предлага воведување на нов модел на плаќање на здравстевно осигурување.

„Најдобро е да се побара од работодавачите здравственото осигурување да го плаќаат одвоено, односно порано, пред другите придонеси. На тој начин работниците ќе имаат достапност до здравствените услуги“, предлага експертот кој го консултираше Буревесник, Методија Трајаноски.

Во ваква ситуација Фондот за здравство останува чист, здравствената каса се полни со парите на работниците кои на крајот остануваат извисени. Рефундирање на средства од Фондот може да побараат само доколку придонесите за здравство, фирмата во која се вработени, им ги подмири во рок од 60 дена. Ова право вработените во „Охис“ и „Македонија пат“ неможат да си го остварат бидејќи платите, а со тоа и уплата на придонесите за здравствено осигурување, им доцнат и по три месеци.

Досега никој во државата не се обидел да го реши овој проблем. Ги нема ниту здруженијата кои се декларираат дека ги штитат правата на пациентите. Нашите обиди да стапиме во контакт со Весна Велиќ Стефановка, која е претседател на Здружението за заштита на правата на пациентите, останаа безуспешни. Велиќ Стефановска, која до неодамна го користеше секој момент, медиумски да го промовира здружениото, сега се крие од новинарите, без да објасни што се случува и дали воопшто ова здружение сеуште функционира. „Во странство сум“, „на состанок“ или „не ве слушам ништо“, ова се најчестите нејзини изговори по што следува исклучување на мобилниот телефон.

Илјадници вработени и нивните семејтва се оставени сами на себе, ако им доцнат платите, прашање е како воопшто можат да платат здарвствени услуги од празен џеб.

Извор:http://burevesnik.org

 
Напишете коментар

Posted by на Јули 12, 2012 in Општо

 

Правата не важат во руралните средини

selo zСè почесто се говори на темата родова рамноправност, за еднаквоста со мажот кон која жената сестремисо децении, на постојаната трка на жената да покаже дека е подеднакво вредна како и мажот.Примерите на успешни жени, на жени кои водат држави и влади, кои сами решаваат за судбините на огромни народи ги среќаваме постојано.Но дали овие силни, јаки лидерки се примерот по кој се водати жените во руралните средини?Не, во руралните средини оваа родова рамноправност како поим сè уште не е пристигната, како да сме раздалечени неколку илјади светлосни години, а сепак сме тука заедно, ги делиме истите секојдневни проблеми, се соочуваме со постојаната борба за подобар живот.Жената во овие средини е многу обесправена; со неинформираноста за можностите кои ги има, на некој начин, таа прераснува во роб на куќата, на семејството, на децата. Во овие средини единствена улога за која младите девојки се воспитувани е да бидат добри сопруги, мајки, да го одржуваат имотот, да ја чуваат стоката и за ниту еден момент да не се побунат против својата судбина.Уште од моментот на раѓање на женско дете во руралната средина, кај сите има некоја доза на разочарување, затоа што според нивните сфаќања синот е тој што има поголема вредност, тој е оној кој ќе го продолжи семејното име, тој е оној кој ќе го наследи целиот имот.Како последица на ова и детството на младите девојчиња поминува на некој начин обесправено – тие немаат можност да го посетуваат најблискиот град често, тоа е привилегија резервирана само за нивните браќа. Единствена можност која ја добиваат да бидат редовно во градот е онаа кога го завршуваат средното училиште. Потоа се мажат и за нив, на некој начин, е завршен секој можен напредок, секое надградување, секој стремеж да се постигне нешто повеќе во животот. Особено со врзани раце се младите жени кои припаѓаат на малцинскиот етникум, дури и изборот на сопруг го врши некој друг место нив. Тие живеат секојдневно со улогата на безгласна буква.Оние пак кои во своите училишни денови решиле дека нема да се вратат во селото тргнуваат во еден сосема друг правец. Огромна е бројката на неинформирани жени кои паѓаат во ланецот на трговија со луѓе, токму поради својата лековерност, поради желбата да се тргнат од нешто што мислат дека е лош живот.Малото посветено внимание, заедно со неколкуте подароци се клучот кој ја отвора вратата кон проституцијата за овие жени. Желбата по секоја цена да се напушти своето родно место, се исполнува и со непромислени и избрзани бракови кои потоа донесуваат уште полоши денови.Приказната на Кате, која поради верувањата на едно момче дека ќе живеат заедно во Германија го напуштила своето село без да знае никој, е вистински пример за лековерноста која ја имаат овие девојки. Но, „животот во Германија“ подразбирал затвореност во една соба во селото Желино, Тетово, со постојани тепања и закани, принуденост на платени сексуални односи со непознати, од кои не добивала ниту денар, за да на крај биде спасена во една полициска акција.Сите овие мали гестови кои го будат чувството на помала вредност кај жените во руралните средини им се влева како лично убедување во потсвеста. Како последица на оваа своја намалена вредност, тие и самите веруваат дека мажите многу подобро можат да ги извршуваат сите работи од нив, дека тие се оние чии одлуки не се ставаат под знак прашалник.Поради менталната блокада што сами си ја поставуваат, жените секојдневно трпат психичко насилство од своите сопрузи, од своите најблиски. Физичкото и сексуалното насилство кое го доживуваат во својот дом, за овие жени е тајна, која не смее да се каже, против која не смеат да се побунат. Тие едноставно веруваат дека тоа им се случува на сите, и поради малата средина во која живеат, голем срам е да се разбере нивниот однос со сопругот.Зарем тие не чуле за кампањата против семејното насилство?Нормално дека чуле, но дали имаат доволно храброст да излезат од тој круг, дали имаат доволно самодоверба да започнат еден нов сосема поинаков живот? И да ги поседуваат овие карактеристики средината повторно ќе влијае на нив, нивното семејство кое нема да дозволи да се посрамоти со развод на бракот, немањето каде да живее, што да работи – се само дел од причините за молкот против тортурата кој владее кај овие жени.Калина е една од оние кои имале храброст да излезат од мракот на насилство, но што добила за возврат? По разводот била избркана од куќата која ја градела со својот труд неколку децении, и бил забранет секаков контакт со децата; не можејќи да се врати во својата таткова куќа поради срамот кој го донела, морала да го напушти селото и во друго да моли за покрив над главата и за корка леб.Зарем таа нема право да оди во засолниште на жени? Да ги знае своите права? Да се бори за својот имот? Да има правна заштита која ќе и помогне во тешките мигови?зарем ова не е игнорирање од страна на институциите? Зарем некој не може да се погрижи за информираноста, за правната заштита, за зголемување на капацитетите за сите жени кои ќе се најдат во ситуацијата на Калина, да може да побараат работа, да му дадат повторно смисла на својот живот?Лекарските контроли врз здравјето на овие жени се вистинска реткост, поради оддалеченоста на здравствените домови, време кое тие не може да го одделат бидејќи и така имаат премногу обврски во домот. За немањето на здравствено осигурување воопшто и не станува збор, бидејќи многу мал е бројот на жените во руралните средини кои работат и на кои им тече работен стаж.Алармантна е состојбата на недостапноста на основите лекарски прегледи, поради кои сè почесто овие жени страдаат од канцерогени заболувања на репродуктивните органи, кои оставаат смртни последици.Бесплатни гинеколошки прегледи за сите жени, гласи владината реклама, но дали размислил некој дека жените во руралните средини немаат во близина амбуланта со лекар, кој навремено ќе ги препознае симптомите кај нив за болест на репродуктивните органи и ќе ги упати каде да се обратат за понатамошно лекување?Поради оваа грешка, бројот на смртни случаи посебно од канцерогени заболувања е алармантен.Деноноќната посветеност на домот, на воспитување на децата, на внимавање на имотот и посевите одземаат речиси 50% од времето на жената, но никој воопшто не се потрудил да ѝ ја признае оваа жртва.Жените ја познаваат работата во земјоделството подобро од било кој, но зошто жената која секојдневно работи на нивите нема регистрирано посев на свое име, за да добие субвенции за својот макотрпен труд?Доколку повеќе се информираат жените за можностите кои може сами да ги создадат само со своето знаење за одгледување на одредени производи или стоки, тогаш можеби конечно ќе ги отворат своите очи и ќе започне една сосема нова ера во руралната средина.Иако жените одамна се избориле за своето право на глас, овие жени немаат право ни за тоа самостојно да одлучуваат. За нив одлучуваат нивнитемажи, роднини, а тие како пиуни само го заокружуваат кажаното име, незнаејќи што добро или зло ќе донесе тоа за нив. Како можат тие да ги кажат своите потреби, недостатоците во нивната рурална средина, потребата за мост, пречистителна станица, можност за вработување на жените, кога мажите им го одземаат правото на глас? Како да напредуваат кога не можат својата рамноправност да ја добијат ниту во својот дом?Колку од руралните жени се претставници во локалните совети? Колку јаки жени од руралните средини се борат за подобар статус на жената во тие краеви?Таквите жени во целата наша држава може да се избројат на прстите од раката. Но многу поголем е бројот на оние кои немаат каде да се обратат, кои се неинформирани како може да го подобрат својот живот…

Извор:Наташа Димевска

www.mkrevolucija.mk

 
Напишете коментар

Posted by на Јули 6, 2012 in Општо

 

Опасност од аутизам пет пати поголема кај прерано родените деца

Опасноста од појава на аутизам е пет пати поголема кај предвреме родените деца кои се родени со мала телесна тежина, покажаа резултатите од истражувањето објавени во американското здравствено списание „Педијатрикс“…

Истражувањето го спроведе група научници од Униерзитетот „Пенсилванија“ врз 862 деца родени во периодот од септември 1984 година до јули 1987 година во Њу Џерси, со тежина од 500 грама до два килограми по раѓањето.

Околу пет отсто од децата чија здравствена состојба е следена до 21 година од животот заболеле од аутизам, додека во целокупното население тој процент изнесуваше еден отсто.

Американските научници наскоро треба врз основа на ултразвук и евентуалната поврзаност меѓу крварењето во мозокот, честите компликации кај предвреме родените деца и појавата на аутизам.

 
Напишете коментар

Posted by на Јули 4, 2012 in Општо

 

Младите во Македонија се емоционално занемарени

Дури единаесет отсто биле изложени на физичка злоупотреба

Единаесет проценти од момчињата и девојчињата биле изложени на физичка злоупотреба, а 30 проценти биле емоционално занемарени, покажаа резултатите од истражувањето спроведено од Клиниката за психијатрија врз репрезентативен примерок од ученици (663) од четврта година во средните училишта и студенти (613) од прва и четврта година на четири универзитети во Македонија.

На промоцијата на Извештајот од истражувањето за застапеноста и факторите на ризик за злоупотреба и занемарување кај деца, професор д-р Марија Ралева од Клиниката за психијатрија рече дека според резултатите од истражувањето, сексуалната злоупотреба е позастапена кај момчињата отколку кај девојчињата што според неа е еден образец кој не се сретнува во другите средини.

– Физичката злоупотреба е меѓу најзастапените форми на злоупотреба, а емоционалното занемарување е се повеќе проблем од кој трпат младите во ова време на промени, транзиција и многу малку поминување заедничко време меѓу родителите и децата, рече Ралева.

Високо е застапено тепањето како начин на воспитување на децата.

– Студијата покажа дека сите видови злоупотреба имаат тенденција да се кумулираат односно да предизвикаат долготрајни последици кои се одразуваат врз здравјето. Ризикот од конзумирање дроги, алкохол и самоубситво е значително зголемен поради негативните искуства од детството. Ова укажува дека сериозно треба да се земе факторот на секаков вид злоупотреба на децата и нивно изложување на негативни искуства, додаде Ралева.

Димитринка Јорданова Пешевска од Министерството за здравство рече дека психичкото занемарување подразбира еден аспект на негрижа односно вербално казнување, и изразување на негативни конотации кон лицата.

Со оваа студија, посочи таа се, детектирани се сите форми на насилство во земјата. Тоа дава добра база бидејќи е поврзанно со формирање национално координативно тело за справување со злоупотреба и занемарување на деца.

– Во наредните шест месеци како заедничка активност на Светската здравствена организација и министерствата за здравство и за труд и социјална политика е рефлектирање на податоците кои може да се планираат за конкретни програми за спречување и заштита на децата од злоупотреба и занемарување, додаде Јорданова Пешевска.

Александар Бучарт, координатор за превенција од насилство во главната канцеларија на СЗО – Женева, рече дека негативните иксуства од детството претставуваат главен ризичен фактор кој се поврзува со заболувања врзани за пушењето, алкохолот, дијабетесот, депресијата и тн. Според него, првиот чекор за надминување на овие негативни искуства како последица на секаков вид злоупотреба во детството се сведува на превенцијата односно треба да се разбере колкав е нивниот број и на кој начин влијае тоа.

Извештајот од истражувањето за застапеноста и факторите на ризик за злоупотреба и занемарување кај деца е изготвен од Клиниката за психијатрија во соработка со Светската здравствена организација.

Извор:Утрински весник

 
Напишете коментар

Posted by на Јуни 21, 2012 in Општо