RSS

Category Archives: Невработеност

Државниот колач не се дели подеднакво

Од каде да се почне?

Наталожени проблеми со кој се сочуваме, не следат и не демнеат на секој чекор. Почнувајќи од елементарните добра, ќе заклучиме дека ова наше опшество на некого е мајка, а за некого маќеа. Не можеме да се водиме од желбата за подобрување на квалитетот на животот кај сите граѓани, ако не се изнајдат решенија за секојдневните проблеми на сите етнички заедници и врз истите подеднакво да се делува.

Бошњаците не се третирани подеднакво со останатите етникуми во државата

Ако ги земеме во обзир државните извештаи и стратегите за соци-економскиот развој на сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија, ќе сретнеме изедначување на степенот на вклученост и добросостојба низ сите слоеви од општеството. Но праксата и статистиката ни покажуваат нешто друго. Последните години невработеноста континуирано добива апсолутно и релативно голем размер кај некои од етничките заедници, а тоа се Бошњаците каде стапката на невработеност изесува 47,4% од вкупниот број на припадници од оваа етничка заедница (превземено од Невработеност, ИСППИ). Заклучокот е дека оваа етничка заедница не ги добива подеднакво бенифиците од државата.

Од ова произлегува прашањето, во кого е проблемот? Дали државниот колач се дели подеднакво, или Бошњаците не знаат да ги бараат своите права?

Ако државата бара решенија за вклучување на социјално исклучените поединци, групи или заедници, тогаш Бошњаците треба самите да го изнајдат патот до вкличување во целокупниот опшествен процес. Знаеме дека стапката за невработеност е многу висока и таа ни дава за право да кажеме дека Бошњаците немаат квалитетен живот и дека се индентификуваат како сиромашен народ.

Бошњаците се исфрлени од процесите на креирање на било какви политики во опшеството и најчесто немаат пристап до органите кои донесуваат одлуки. Тие се спречени да учествуваат во општествениот живот, како последица на нивната сиромаштија, недостаток од основни компетенции и можности за доживотно учење или како резултат на појава на дискриминација. Ова ги оддалечува од можност за постојано вработување, приходи, образование, можности за обука, како и од секаков вид социјални и општествени активности. Ова придонесува да се чувствуваат немоќни и неспособни да ја преземат контролата врз сопствените одлуки, кои пак влијаат врз нивните секојдневни животи. Од горе наведените области нема ниту едно истражување направено на ниво на цела држава.

И ќе додадеме, за да функционира една група или заедница добро тоа значи дека во општеството постојат институции и процеси кои генерираат здраво живеење, безбедност, креативност, доверба и чувство на припаѓање.

sadrvan logo

Напишано од:

Младинска културна асоцијација на Бошњаците – ШАДРВАН, организација членка на МППС

Advertisements
 

На светот му се заканува нова невработеност

Агенцијата на Обединетите нации за труд очекува зголемување на невработеноста во светот годинава за нови 5,1 милиони невработени. Нејзините прогнози се дека во 2014 година тој број ќе порасне за уште 3 милиони лица.

Ваквите прогнози агенцијата ги темели на глобалната криза која, иако попушта, сè уште влијае на зголемување на невработеноста. Според извештајот на Агенцијата, бројот на невработените лани се зголемил за 4 милиони. Сега во светот бројката на невработни изнесува 197 милиони луѓе.

Глобалната невработеност за време на врвот на кризата во 2009 изнесуваше 6,21 проценти. Лани изнесуваше 5,93 проценти, а за 2013 и 2014 се очекува повторно зголемување на процентот на невработеноста на 6,1 отсто.

Извор:+Инфо

 
Напишете коментар

Posted by на Јануари 22, 2013 in Невработеност

 

Волонтери и хонорарци и на 30 години!!!!!!!!!!!!

Учиш, трошиш куп пари за факултет што потоа???? .

Во кратки црти во оваа земја ништо!!!!!

 

Многу се интересни огласите кои ги објавуваат денешниве ГАЗДИ. Се бара да си дипломиран, по можност со искуство, со познавање на јазици, возачка дозвола, препораки дека си бил добар работник и не знам уште што за на крај да седнеш на интервју и да ти рече 10 000 доволни ти се??

Секогаш работодавците се тие кои имаат многу трошоци , а дали некој го прашува работникот дали тој има трошоци, деца, фамилија, сметки и уште што ли не. Па кој ќе му ги плати???.

Работодавците речиси никогаш немаат пари, за да исплатат плата на време. Постојано ќе се жалат за тоа како имале трошоци. Но не знам зошто едноствано вработените ги замараат со нивните трошоци и проблеми ако не можат да ја водат фирмата има решение – да го стават клучот на врата.

Дали некој вработен го замара работодавецот кој има десет пати повеќе пари од неговата бедна плата дека има трошоци???. Епа ајде сите да работиме од љубов, а тие нека ги полнат своите џебови. Можеби така ќе бидат најсреќни и нема да се жалат.

Најинтересно е кога работодавците се жалат дека немаат пари, а вработените се смеат. Многу јасно дека ќе се смеат кога постојано кукаат дека немаат пари а дома имаат возен парк од најскапи возила, и секој викенд одат да се одморат . За сметка на тоа работниците кои црнчеле цела година едвај имаат да извојат за еден одмор од 10 дена или пак да истераат викенд.

Но зошто е тоа така, зошто нашите работодавци преку ноќ сакаат да заработата на грбот на своите работници, а притоа да не им платат за сработеното.

Платите се минимални а работата е обемна. Едноставно ја користат ситуацијата на безпарица и невработеност  и се доволно свесни дека младите во оваа тешка економска ситуцаија кога тешко се наоѓа работа ќе прифатат колку да не седат дома да работата за максимални 10 000 денари примања, а некаде да не се изненадите и ако ви понудат и плата од 6000 денари. Се работи во просек по 12 часа, но платите се тие.

Додека да дојде време да те пријави во заводот за вработување за да почне да тече стажот, до тогаш ќе ве бомбардираат со најразлични договори, а најинтересно е што за тоа време нема да ви биде исплатен ниту денар за сработеното.

Уште една работа која што многу често ја прават газдите, е тоа што обожуваат да ги пријават своите вработени со основно образование, за да ви плаќаат помали придонеси, а некој пак не плаќаат ништо.

Платите секако не се редовни, секогаш едниот исти изговор нема пари, во криза сме. Но на што ли ќе се вадеа да немаше криза.  Но тука не запираат далаверите на работодавците. Може да налетате на некој со празни ветувања од типот-првите три месеци ќе земаш плата 10000 после ќе ти ја покачиме платата. Но ништо од тоа ќе останете на тие 10 000, а и тие ќе ви доцнат.

Многу е честа ситуацијата кога работодавачиот ќе те извести дека следниот месец ќе ти ја скрател платата како казна поради некоја си причина што ни самиот не ја знае.

Има и такви кој работниците ги пријавиваат на неколку месеци па ги одјавуваат па повторно ги пријавуваат, и цело време така, а работникот кога ќе дојде време за пензија ќе се чуди кај му се годините и дупките во стажот. Па со ваков однос на газдите може и ќе извади едно 4000 денари пензија. Едноставно поминаа и тоа од многу одамна времињата кога можеше да се вработиш на едно место и тука да ја дочекаш својата пензија.

Многу е интересно кога веќе ќе отидете на интервју а претходно сте имале слична работа на слично работно место и кога ќе ви каже газдата дека треба да бидете пробно некој месец. Нормално ќе се сложите поради тоа што денеска е тешко да најдете работа и колку да не седите дома вие ќе прифатите. Месеците за волонтирање, или пробно или пракса како сакате наречете ги, нема да ви бидат платени или пак ќе добиете некој 6000 денари и потоа ќе ви речат дека немаат потреба од вас.

И има уште многу други примери кои покажуваат на кој се начини си поигруваат газдите со вработените.

Но ајде малку да ја префрлиме топката. Нека бидат тие на наше место. Да им дадеме плата од 6000 денари да видме што ќе прават со тие пари. Но многу е интересно кога трудот на младите се цеди за ич пари.

Во земјите во светот има многу интересни закони кои ги доведоа газдите во ред и неможе да си поигруваат со нивните плати и труд. Тами младите веќе на 30 години имаат се, и свој дом и куќа или стан и автомобил, семејство, плата и се останато како што и треба да биде.

За разлика до таму кај нас се додека законите се на страната на работодавците тие и понатаму ќе се однесуваат така како што се однесуваат и ќе си дозволуваат да ги менуваат вработените како чорапи. Еден месец едни друг месец други. Поради тоа кај нас и на 30 и над 30 гдини немаат ништо освен една плата од 10 000 денари. Нормално со 10 000 што би направил. Дали некој би градел семејство со овие примања.

Но има  такви кои и на 50 години ја губат својата работа. Тие луѓе едноставно на таа возраст немаат каде да одат, па поради тоа одат во земјите каде бараат сеознски работицни и работата за плата од 2000 евра што за тој работодавец таму е ништо а за нас пари за кој може овде да сонуваме.

За жал на младите денеска или им останува да одат надвор да го бараат спасот или пак да се помолат дека некогаш овде во оваа змеја ќе се одобри ситуацијата, која веќе со години наводно се опоравува но резултатите од тоа никој не ги почуствувал.

Извор:http://mkd-news.com

 
 

Како да нема ништо потврдоглаво од македонската невработеност на овој свет

Има ли нешто потврдоглаво од македонската невработеност и тоа не 2, не 5, туку 20 години наназад? Се чини, нема!

Откако таа почна да се зголемува уште на почетокот на 90-тите години од минатиот век, како што фати залет тогашната приватизација, никако да попушти.

Што е уште почудно, графиконот покажува дека таа уште и рипнала од 2003 во 2004 година и тоа за дополнителни 5 отсто и потоа останала на високо ниво до 2008 година, иако во тој период македонската економија забележа значителен раст на бруто домашниот производ бележеше раст и тоа со стапки од 4 и 5 отсто годишно.

Од друга страна, невработеноста почнала по малку да паѓа во 2009, односно токму во онаа година кога светската рецесија удри најсилно и кога странските инвестиции во земјава безмалку пресушија, а БДП падна на минус 0,7 отсто. Сето ова нема никаква економска логика.

Така што, гледајќи го овој графикон, изработен од страна на Амбасадата на САД во Скопје, а кој се повикува на анкетата на работна сила, која ја врши Државниот завод за статистика, човек како да треба да ги заборави главните економски показатели кои имаат најголемо влијание врз движењето на невработеноста и да се замисли дали можеби ваквото нејзино движење во земјава има врска со некои други моменти.

На пример, зголемувањето на невработеноста после 2003 година можеби може да се објасни со тоа што тогаш конфликтот од 2001 се смири и странците, кои вработуваа многу Македонци, пополека почнаа да го намалуваат своето присуство во земјава, па затоа е и скокот на невработеноста од 2004.

А, нејзиното намалување од 2009 можеби има врска со тоа што стечајците од приватизацијата во поголем број почнаа да се пензионираат, веројатно емиграцијата е засилена во тој период заради што денес и дознаките од странство се далеку поголеми (1,54 милијарди евра лани), а и безвизниот режим со ЕУ ја одигра својата улога. Во тој период, исто така, и актуелната власт засилено започна со партиските вработувања во државната администрација.

Во секој случај, овој графикон покажува дека АВРМ може да брише колку сака невработени од својата евиденција, како што тоа го направи со 40 илјади луѓе во изминатите 12 месеци, но тоа не значи дека невработеноста се намалува.

 

Ознаки:

Од невработените во Македонија 45,8 отсто се млади на возраст од 15 до 29 години

Невработеноста  е еден од најголемите проблеми на младите во Република Македонија. Од вкупната стапка на невработеност, 45,8 проценти се млади на возраст од 15 до 29 години. Вкупно 99 отсто од младите сакаат да работат, но само 17,9 проценти или помалку од една петина заработуваат свои пари преку работа, беше истакнато на денешната јавна дебата „Република Млади“.

Според анализите на „Реактор – истражување во акција“, речиси 50 отсто од невработените во Македонија се млади, а дури 96,6 проценти од нив би почнале со работа наредната недела.

– Невработеноста е само еден од проблемите на младите. Покрај вработување, тие сакаат да бидат вклучени и во процесите на одлучување, да има плурализам во младински одлуки, нивно директно учество, рече Марјан Забрчанец од Младинскиот образовен форум.

Тој ја посочи потребата од закон за млади кој ќе соодветствува на потребите на младите и ќе им дава можност да бидат директно вклучени во социјалните случувања. Затоа, додаде, е организирана и оваа јавна трибина, за широко учество на младите со свои мислења и препораки кои ќе влезат во т.н. Бела книга.

Според Линдита Реџепи од Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово, за да бидат поефективни во исполнување на своите цели, младите мора да се здружат.

– Последно што треба да се случи е да имаме паралелни групи Македноци, Албанци, Срби, Роми, групи од рурални средини или со одредени попречености. Младите мора да бидат консултирани за да не се оддалечат од општеството и потоа да одговараат на какви било случувања со протести, порача Матијас Кристенсон од Европски младински форум.

Учесниците на дебата заклучија дека треба да се создаде Младински парламент како најдемократска форма за организирање на младите. Една од пепораките е младите, во недостаток на функционална стратегија, да бидат похрабри и погласни кога сакаат да го споделат својот став.

„Република Млади“ е прва од предвидените циклус дебати што ги организира Иницијативата за младинско учество.

http://www.plusinfo.mk/

 

Ознаки:

Невработеноста кај младите во земјава е рамна на национална катастрофа

Крајно негативни придвижувања се случуваат кога станува збор за растот на невработеноста по старосни групи и тоа кај најстарата работоспособна група, онаа од 65 години па нагоре, а уште пострашна е состојбата со невработеноста кај најмладите, односно групата од 15-24 години.

Кај најстарите со над 65 години, невработеноста од последниот квартал преклани, кога таа изнесувала само 5,5 отсто, сега пораснала на дури 16,1 отсто.

Но, уште пострашно е што ист таков тренд се забележува и кај невработеноста кај најмладата група од 15-24 години каде што невработеноста во истиот период бележи раст од 50,5 на 59,4 отсто.

На долниот графикон, изработен од угледниот Виенски институт за меѓународни економски студии (ВИМЕС), од податоци на ЕУРОСТАТ, се покажани по три индикатори за 27-те членки на Европската унија (EU-27) и 11 источно европски земји: Бугарија (BG), Чешка (CZ), Естонија (EE), Литванија (LV), Летонија (LT), Унгарија (HU), Полска (PL), Романија (RO), Словенија (SI), Словачка (SK) и Хрватска (HR). За секоја држава е покажано нивото на вкупната невработеност, нивото на долгорочно невработените и нивото на невработеност кај младите од 15-24 години и тоа и во третиот квартал од 2008 година (црни линии) и во третиот квартал од 2011 година (темно жолти линии).

Целта на графиконот е да се покаже како светската економска криза, а потоа и европската должничка криза негативно влијаеле врз невработеноста и тоа особено и најмногу врз невработеноста кај најмладите од 15 до 24 години.

Како што може да се забележи, невработеноста кај најмладите драматично пораснала во овие три години и тоа во сите овие држави – од нешто над 16 отсто на речиси 22 отсто во 27-те земји членки на ЕУ, на пример, а најголема невработеност кај младите има во Словачка, околу 33 отсто, па во Летонија околу 32 отсто и во Хрватска околу 31 отсто. Но, во ниедна од овие земји таа не се ни приближува до 40 отсто, а камоли, пак до 50 отсто или, не дај Боже, до 59,4 отсто каква што е состојбата во земјава.

Држава која има речиси 80 отсто поголема невработеност кај младата популација, во однос на втората најлоша земја од групата земји со кои може да се споредува (33 отсто во Словачка, наспроти 59,4 отсто во Македонија) е секако рамно на национална катастрофа и нема друг збор кој може посоодветно да ја опише таквата состојба.

 

Се повеќе дипломирани меѓу невработените

Расте бројот на високообразован кадар кој е невработен. Ова го потврдува официјалната статистика која што покажа дека само за една година уште 5000 дипломирани работоспособни граѓани не можат да најдат работа. Со тоа, вкупниот број на високообразован кадар кој се регистрира како невработен достигна скоро 42 илјади во последното тримесечие минатата година.

Поради неотварање на нови работни мести, како и поради необјективни критериуми за вработување, младите својата иднива по дипломирањето си ја бараат надвор од земјава.

Анализата на структурата на статистичките податоци покажува дека жените имаат далеку поголема потешкотија за вработување по дипломирањето, отколку мажите.

Бројот на високообразован кадар кој е невработен расте во време кога Владата ги поттикнува младите да студираат преку експанзивната кампања „Знаењето е сила, знаењето е моќ“.

Христијан Стојчевски