RSS

Category Archives: Колумни

Чуму нови фабрики, кога младите се иселија

rubin.A.Ова е моја прва колумна за Радио Слободна Европа за оваа година. Се проценува дека годинава ќе биде многу турбулентна за сите граѓани на Македонија. Како изборна година треба да знаеме дека политичките актери мора да се насочат кон остварување и подобрување на граѓанските права на секој поединец.

Дали знаат лицата од извршната власт во оставка дека младата популација од Прилеп се иселува, што значи дека на мака ќе бидат овие компании да најдат работници и покрај сите дадени услови и бенифиции од страна на Владата и локалната самоуправа.

Воедно, секој слободен ум во оваа земја може да заклучи дека проблемите не се решаваат со волшебно стапче, затоа што ако имавме стабилна власт тогаш ќе имавме помалку проблеми и потреби. Но, не е така. Во чудесна Македонија се уште имаме многу нерешени работи во полето на социјалната и здравствената заштита, голем број на случаи по основ на дискриминација, недоволна правна безбедност на граѓаните, образование кое не знае кој пат да го фати, и сл.

Моменталната ситуација во општина Прилеп не е многу сјајна. Проблемите многу лесно може да се лоцираат. Најголем проблем се уште останува невработеноста и покрај сите најави и програми за вработување.

Затоа, во очи на православниот празник Св.Василиј Велики во ТИРЗ-Алинци во општина Прилеп се удри камен темелник на новата германска инвестиција „Акомпласт“ од страна на Владата на Република Македонија. Компанијата ќе овозможела 150 вработувања со инвестиција од три милиони евра. Ова стана пракса каде Владата отвора разни компании од производство на чипс, па сè до делови за потребите на автомобилската индустрија. Германската компанија е втора на листата после американската „Гентерм“. И двете компании беа најавени од страна на премиерот во оставка Никола Груевски на неговиот фејсбук профил.

Добро е да се има компании, но да се прашаме кои млади ќе работат во овие компании, кога тие си заминуваат од земјава со цел за подобар стандард и живот. Младите не се враќаат така лесно назад за работа од 150 евра месечно и да трпат мобинг од нивните претпоставени. Дали знаат лицата од извршната власт во оставка дека младата популација од Прилеп се иселува, што значи дека на мака ќе бидат овие компании да најдат работници и покрај сите дадени услови и бенифиции од страна на Владата и локалната самоуправа.

Во овие десет години се донесоа многу програми, правилници и разни стратегии од различна дејност кои се направени за подобрување на условите и квалитетот на живеење на граѓаните во оваа земја не се доволно имплементирани. Многу закони и подзаконски акти кои се донесени од највисокиот орган на земјата исто така недоволно се имплементираат. Дел од нив се спроведуваат, но добар дел не може ни да отпочнат со спроведување. Дали законодавецот некогаш си поставил прст на глава и да си одговори на прашањето зошто законите се спроведуваат парцијално, кога сите ние придонесуваме и живееме во оваа земја.

Затоа, слушајте го гласот на своето срце и бидете хумани, променете го правецот околу себе. Не пропаѓајте во сопствената немоќ и не им се препуштајте на негативните чувства и влијанија, затоа што, тоа сте Вие!

Напишано од Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.

Објавено на Радио Слободна Европа

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Јануари 16, 2016 in Колумни

 

Жално е тоа што се случува по улиците, низ градот

D506713F-11FA-4F88-9B97-CE46B28D3560_cx13_cy0_cw75_mw1024_s_n_r1Во Република Македонија во последните 6 години се случија повеќе од 20 фемициди (убиство на жена затоа што е жена, најчесто извршено од интимен партнер). Жртвите се жени-жртви на семејно или интимно партнерско насилство. Многумина од вас ниту слушнале за проблемот, но да, горката вистина во Македонија е дека секоја трета жена е жртва на некаков вид на партнерско насилство. Додека светот се бори со оваа пандемија, нас во Македонија се чини дека не нè засега додека не ни се случи пред носот.

Насилство врз жените и девојките се јавува во повеќе форми и тоа: физичко, психичко, економско и сексуално. Најчесто се случува во брак и во интимна партнерска врска, и во 20 од 23 случаи е жена, само затоа што е жена.

Насилство врз жените и девојките се јавува во повеќе форми и тоа: физичко, психичко, економско и сексуално. Најчесто се случува во брак и во интимна партнерска врска, и во 20 од 23 случаи е жена, само затоа што е жена. Родовата еднаквост во нашето општество скоро и да не постои. Жените и девојките се изложени на еден куп опасности од секаков вид и тоа секаде. На училиште, во врска, во друштво, на работа, на факултет, на улица, ВО СВОЈОТ ДОМ! Во прашање е културата на општеството, менталитетот. Ние треба да престанеме да чекаме проблемот да ни се случи лично нам за да реагираме. Треба да превенираме за никогаш да не се случи. Како? Со едукација, со добро воспитување, преку позитивни примери.

Жално е тоа што се случува по улиците, низ градот. Вредностите се комплетно изместени. Љубовта и почитта се мислена именка, додека насилството и покажување сила на послабиот е далеку „помодерно“. Додека разговарам со млади од различни возрасти и со различни приказни, честопати доаѓам до негодувања и недоразбирања по прашањето за љубовта и сите пропратни чувства во една врска.

Многумина сè уште мислат, или така им е наметнато, дека на пример, љубомората е слатка. Не бре луѓе, не е. Ако некој те сака и те почитува, ти верува , нема зашто да биде љубоморен/а.( Ова се однесува на двата пола). Ова го пишувам, затоа што најчесто се среќавам со „стопени од љубов“ луѓе коишто штотуку доживеале „немој да искачаш така, нејќам други да те гледаат“. Секогаш им велам, не дај боже да ти се случи стадиум 3 или уште полошо. А што е најчестата последователна ситуација – „мене ли најде да ме лажеш дека си била со другарките!!!“ Па потоа следат забрани за излегување, социјалниот живот сведен на интеракција само со него и со неговите пријатели/ки. Крајниот стадиум е физичкото насилство, односно кога ќе се обиде да те вразуми со шамар, тупаница, скршено ребро или некоја слична потешка физичка повреда.

Најчудно од сè е дека ова се случува во врска, помеѓу момче и девојка. Според мене е жално, ситуацијата е застрашувачка и алармантна, а за проблемот никој не зборува. Во нашето општество е табу тема. Никој не признава, никој не пријавува, секоја девојка мисли дека може да се справи сама, а додека трепнала веќе влегла во барабанот и од таму многу тешко се излегува.

Потребно ни е отварање на оваа тема, да се зборува јавно, јасно и гласно, да можат да чујат сите. Потребна ни е едукација на младите и тоа не само неформално, туку и формална, во училиштата и во семејството. Во изминатиот период се случи кампањата „16 дена активизам“ иницирана и поддржана од Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство. Беа одржани повеќе средби, предавања, работилници, па и неколку јавни настани, сè со цел да се привлече вниманието на јавноста и на креаторите на политики во Македонија. Власта, како и секоја година, остана нема, но верувам дека некои од настаните допреа барем до дел од граѓаните. Верувам, затоа што само тоа ни остана. Да се надеваме дека идните генерации ќе ги спречат ваквиот тип на осквернавување на жените и девојките. За да го искорениме овој проблем, треба да почнеме со едуцирање на младите по прашањата за родовата демократија и еднаквост.

Волонтеризмот, којшто е сè уште во развојна фаза во Македонија, сметам дека ќе потпомогне во промената. Волонтирањето во женски организации или која било друга граѓанска организација, ниту е срамота, ниту е искористување. Волонтирањето нуди бесплатна едукација. Постојано се поттикнуваат младите да бидат дел од некоја организација која работи на полето на нивен интерес и да дознаат повеќе. Тука нема ништо погрешно, ништо незаконско. Се отвораат нови хоризонти, се споделуваат мислења. Се трудиме да им дадеме шанса на луѓето пред да завладеат предрасудите и стереотипите.

 Напишал: Јована Димушевска, волонтерка во Македонската платформа против сиромаштија.
 
Напишете коментар

Posted by на Декември 12, 2015 in Колумни

 

Предизвици на младите во Македонија

saseТемата за младите и нивните проблеми е сè поактуелна и e непресушен извор за да се напише и оваа колумна. Ќе зборувам од аспект на тоа дека, во периодов, од наша страна беа спроведени низа активности на темата младинска сиромаштија, младински активизам, перспективата и предизвиците на младите во Македонија. Сè на сè, доста активности кои се посветени на овој дел. И сега сигурно се прашувате што сè е кажано, детектирано, направено и како младите се чувствуваат кога треба да дебатираат на овие теми.

Не е лесно да се идентификуваш како сиромашен, не е лесно да кажеш дека немаш мотивација, дека си во депресија, дека немаш никаков предизвик или перспектива во својата татковина.

Па, драги читатели, се разбира, на младите им е нелагодно и сигурно ќе се прашате пак, зошто?

Затоа што не е лесно да се идентификуваш како сиромашен, не е лесно да кажеш дека немаш мотивација, дека си во депресија, дека немаш никаков предизвик или перспектива во својата татковина.

Да, тоа е вистината, кога ќе пребараш на интернет и ќе видиш како стојат работите со младите и нивната невработеност, ќе го најдеш следниот податок: состојбата со младите од Европа на пазарот на трудот, односно стапките на невработеност достигнуваат и до 23,4 отсто во 2013 год. ( ЕУ-28, Еуростат), податокот се однесува за сите 28 земји членки на ЕУ. Состојбата со младите од Македонија на пазарот на трудот, односно стапка на невработеност кај младите во прво тромесечје во 2015 изнесува 47,6 отсто на возраст од 24-29 години и 53,9 отсто на возраст од 15-24 години.

И сега сметам дека го добивте и одговорот зошто, за пишаното погоре. Кога ќе не прашат зашто младите ја напуштаат државата, може слободно да се каже, затоа што младите во Македонија немаат квалитетен живот. И како мало појаснување, квалитетот на живот се однесува на благосостојбата на луѓето. Тој опфаќа повеќе компоненти, меѓу кои едни се мерливи, како на пример – животниот стандард, а други се немерливи, како на пример – среќата, слободата во изборот, здравјето, животната средина, слободното време, сигурноста, образованието, општествениот живот итн.

Сега добиваме и одговор и на тоа прашање. Каков квалитет на живот се има според првата мерлива компонента, финансиите?

Со минимална плата која не овозможува квалитетен живот, со работа на црно која премногу влијае на квалитетот на животот, со долго време чекање на пазарот на труд, со 100 денари од мама или тато, нема ни К од квалитетен живот. А, кога станува збор за немерливите компоненти, среќата, слободата во избор, здравје, општествен живот и слично, мислите дека е обезбеден и овде квалитетот на живот, но не драги мои, не е. Сè тука се сведува на нула. Како би воделе сметка за здравјето, кога немаш услови за тоа од аспект на здрава и квалитетна храна, немаш услови за контроли и слично. Каква среќа, кога немаш можност да се израдуваш на ништо, затоа што самиот живот те ставил во барабан и те меле и меле, без да можеш да кренеш глава и да кренеш глас, да кажеш јас сум жив, јас сум млад, сега треба да сум продуктивен, а најмалку па да имаш и општествен живот.

Кога ќе не прашат зашто младите ја напуштаат државата, може слободно да се каже, затоа што младите во Македонија немаат квалитетен живот.

И сега се враќаме на самиот наслов, односно кои се предизвиците на младите во Македонија?

Па, да ви кажам, прво и основно, е вадење на бугарски пасош, второ пакување на куферите и карта во еден правец и директ во некоја добра европска земја.

Можеби и таму не цветаат рози и не е сè розово, но сепак, како што велат, условите за обезбедување некаква сигурност и работа е далеку подобро, ќе им дозволат барем да ги задоволат потребите и секако да имаат квалитетен живот во поголема мера од овде.

И сè е тоа затоа што не се слуша гласот на младите, затоа што се изолирани, затоа што не се препознаени како партнери во процесот на правилно креирање на политики, кои во основа треба да ги решат сите нивни проблеми.

А, тие што сепак се останати овде, својата перспектива ја гледаат во промените, односно тие, како двигател на промени и самото општество, а мора да признаеме дека во овој изминат краток период активизмот кај младите се разбуди и воедно станаа гласни за сè тоа што им пречи.

Да, така се креираат услови за нормален, достоинствен и квалитетен живот. Секој од нас треба да се запраша и воедно да го пронајде предизвикот во овој процес и да се каже, да јас го сакам ова, јас сум задоволен од ова и тоа така треба да биде.

Напишано од Сашко Јованов, НВО Македонска платформа против сиромаштија.

Објавено во Радио Слободна Европа

 

 
Напишете коментар

Posted by на Октомври 11, 2015 in Колумни

 

Земи зелен пасош

rubincoВо оваа колумна малку ќе дадам простор за енергетската ефикасност. Би се прашале зошто сум се одлучил да пишувам на оваа тема. Па, неколку дена размислував и увидов дека сите кои пишуваат колумни дадоа акцент на внатрешните политички и економски релации во земјата. Затоа, во оваа колумна ќе дадам акцент на енергијата, одржливоста и законодавните рамки. Што се вели малку да „забегам“ од другите.

Изборот на изворот на енергијата е избор што треба самостојно секој поединец да го изврши и притоа секогаш да има предвид дека ресурсите во кои уживаме денес ги позајмуваме од нашите идни генерации.

Воедно, енергијата е способност за вршење работа, движење, обезбедување топлина и живот. Изворите на енергија се делат на обновливи и необновливи. Необновливите извори на енергија се во ограничени количества и помалку благопријатни кон животната средина, споредено со обновливите извори на енергија. Одржливата енергија е енергетски ефикасен начин за производство и користење на енергија што има колку што е можно помалку штетно влијание врз животната средина.

Технологиите за производство на електрична енергија од обновливите извори на енергија имаат значително помало енергетско влијание врз животната средина отколку користењето на конвенционалните извори на енергија. Влијанието врз здравјето на луѓето и животната средина на обновливите извори на енергија зависи од применета технологија, локација и имплементација на инсталацијата, односно проектот.

Според официјалните податоци, во Македонија доминантни форми на потрошувачка на енергија во домаќинствата се електричната енергија (главно за греење) до 52,6 проценти и биомасата (огревно дрво) до 33,3 проценти. Течните горива и топлинската енергија за централно греење учествуваат со 6,9 проценти. Изборот на изворот на енергијата е избор што треба самостојно секој поединец да го изврши и притоа секогаш да има предвид дека ресурсите во кои уживаме денес ги позајмуваме од нашите идни генерации.

Потрошувачката на енергија во Македонија во периодот од 1990 до 2001 година практично не се менува. Меѓутоа, по 2001 година се забележува забрзан пораст на потрошувачката на енергија, особено на потрошувачката на електрична енергија. Во 2006 година имаше близу 5,5 пати поголема потрошувачка на електрична енергија по единица БДП од развиените европски земји. Во потрошувачката на електрична енергија во 2007 година може да се потенцира дека индустријата учествува со 33,8 проценти, домаќинствата со 29 проценти, земјоделството и шумарството со 1,9 проценти додека неенергетските потреби со 1,7 проценти.

Забрзаниот технолошки развој во дваесеттиот век го наруши билансот помеѓу природата и човекот, притоа создавајќи илузија дека со новите технолошки решенија можат да се контролираат природните процеси.

Во законските акти, стратегии и правилници што ги донесе Владата на Македонија (Закон за енергетика, Стратегија за енергетска ефикасност, Правилник за енергетска ефикасност на градежните објекти, и сл.) се предвидува воведување на повеќе мерки за енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија со цел да се намали потрошувачката на енергија. Со Законот за енергетика, согласно европската регулатива во Македонија од 2012 година се предвидува спроведување на енергетски контроли на градежните објекти при што се издава и сертификат – пасош за енергетска ефикасност на објектот.

Би сакал да потенцирам дека од страна на Владата на Македонија во септември 2007 година е формирана Агенцијата за енергетика. Агенцијата има својство на правно лице, а средствата за вршење на дејноста се обезбедуваат преку трансфери од Буџетот на Македонија, приходи од вршење на специфични услуги во областа на енергетиката како и од донации која ги обезбедува нејзина самоодржливост.

Би додал дека забрзаниот технолошки развој во дваесеттиот век го наруши билансот помеѓу природата и човекот, притоа создавајќи илузија дека со новите технолошки решенија можат да се контролираат природните процеси.

 Напишано од: Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.

 

 
Напишете коментар

Posted by на Септември 26, 2015 in Колумни

 

Младите, граѓанскиот ангажман и општеството на среќни луѓе

MarijaПред неполн месец на 12 август, беше одбележан Светскиот ден на млади 2015. Светскиот ден на млади, креиран од страна на Обединетите нации има за цел да ја подигнува свеста кај луѓето за прашања кои ги се директно врзани со младите. Овој ден за прв пат беше одбележан во 2.000 година. Оттогаш наваму 12 август секоја година е денот што е посветен на младите, денот кога ширум светот се организираат концерти, тренинзи, работилници, културни настани, состаноци со најразлични засегнати страни. Во 2014 година Светскиот ден на младите беше одбележан во духот на менталното здравје, додека во 2015 година одбележувањето на овој ден беше врзано со младинското учество во граѓанскиот сектор.

Младите преку вклучувањето во граѓанскиот сектор добиваат многу знаења и вештини, учат да се борат за она што е нивно и им припаѓа само ним. Тука пред се мислам на правата на младите, кои не ретко се заборавени во нашиот контекст..

Според Обединетите нации, темата на овогодинешниот ден не е одбрана по случајност, бидејќи ангажманот и учеството на младите е од суштинско значење за постигнување на одржлив развој. Сепак, според Обединетите нации, можностите за младите да се ангажираат политички, економски и социјално во многу делови во светот се ниски или пак непостоечки. Токму затоа Светскиот ден на млади во 2015 имаше за цел да го промовира ефективното и инклузивно граѓанско вклучување на младите на сите нивоа. Во последниот период имаше зголемено внимание во однос на политиките и програмите кои се однесуваат на младинското граѓанско учество од страна на владите, ентитетите на Обединетите нации, регионалните и мултилатералните организации, здруженијата на граѓани, истражувачите и самите млади луѓе. Потребни се повеќе напори за да се подигне свеста за важноста на младинското граѓанско вклучување и бенефициите кои истото може да ги има за индивидуите, но и за општеството. Светскиот ден на млади 2015 година имаше за цел промовирање на граѓанскиот ангажман и партиципација на младите во политичкиот и јавниот живот, така што младите ќе станат доволно гласни и силни за да постигнат целосна контрибуција конопштествениот развој.

Македонија, исто така го прослави овој ден. На 12-ти август беа организирани интерактивните работилници и панел дискусијата на тема „Значењето и можностите за поголемо вклучување на младите во општеството” во Младинскиот Културен центар. Овој настан беше во рамките на Youth Voice кампањата, која ја спроведе Y-PEER во соработка со Националниот младински совет на Македонија и Balkan Action 2015, а беше поддржани од Фондот за население и Програмата за развој на Обединети нации. Навистина на настанот дојдоа многу млади луѓе, се разви плодна дискусија и сите заминаа со надеж и верување дека навистина младите се оние кои ја носат промената во општеството, младите се бројни, силни и моќни… и дека институциите на системот ќе го препознаат тоа и ќе отстапат простор за целосно и непречено вклучување.

Само млади кои се задоволни, исполнети и среќни навистина можат да придонесуваат за развојот на оваа наша држава и ова наше општество, а сексуалното и репродуктивното здравје е токму тоа, задоволство и среќа.

Младите преку вклучувањето во граѓанскиот сектор добиваат многу знаења и вештини, учат да се борат за она што е нивно и им припаѓа само ним. Тука пред се мислам на правата на младите, кои не ретко се заборавени во нашиот контекст…. А, пак доколку ја свртиме топката кон сексуалното и репродуктивно здравје и права на младите во Македонија, ќе добиеме уште потемна и попоразителна слика. Колку младите се вклучени во креирање на политиките за сексуално и репродуктивно здравје? Дали некогаш некој ги прашал младите дали имаат потреба од сексуално образование, систематски пристап до информации за првиот сексуален однос, врските, љубовта, различностите, родовите стереотипи, оралната контрацепција? Дали некој навистина направил опсежна анализа за тоа кои се потребите на младите во овие сегменти? Одговорот на овие прашања би бил не. Затоа, ние заедно мора да работиме за да ја смениме оваа слика.

Само млади кои се задоволни, исполнети и среќни навистина можат да придонесуваат за развојот на оваа наша држава и ова наше општество, а сексуалното и репродуктивното здравје е токму тоа, задоволство и среќа. Затоа секогаш кога зборуваме за младинското граѓанско учество во носењето на политиките да не го заборавиме сексуалното здравје. Да не заборавиме дека само со целосно вклучување на младите, ќе постигнеме и целосна општествена благосостојба. Да не го чекаме Светскиот ден на млади 2016 за да зборуваме за овие прашања, туку да ги засукаме ракавите и да почнеме со работа, уште денес, не само јас, не само граѓанскиот сектор, туку сите заедно. Само така, ќе го изградиме нашето идилично инклузивно општество. Општество на среќни луѓе.

Напишано од: Марија Матовска, проектна координаторка во ХЕРА.

Објавено во Радио Слободна Европа

 
Напишете коментар

Posted by на Август 29, 2015 in Колумни

 

Што ѝ кажа Комитетот на Македонија?

VelimirВо последно време не сум баш активен на Твитер (од гледна точка на споделување твитови), колку што го користам за да пратам информации во однос на здравјето и на човековите права. Сето тоа, со добро јако кафе и понекогаш читање многу правничка терминологија која не ми е блиска. Неодамна го заследив Центарот за граѓански и политички права, бидејќи ја спомнуваше Македонија во неколку наврати во однос на прашања кои на некои не им се баш така омилени.

Сведоци сме на неколкугодишно бомбардирање со пари од граѓаните на кампања со која се осудуваат жените кои направиле абортус, правото на избор се ограничува и преку којашто кампања абортусот се претставува како небезбедна медицинска интервенција, со последици по здравјето на жената и на крај како убиство.

Комитет за човекови права работи во рамките на Обединетите нации и претставува тело одговорно за следење на состојбата со човековите права во светот. Се состои од експерти кои се грижат за спроведување на меѓународниот пакт за граѓански и политички права во рамките на Обединетите нации.

Меѓународниот пакт претставува меѓународен договор чии земји-потписнички (меѓу кои и Македонија) се обврзани да преземат низа активности, за да овозможат уживање и гаранција на граѓанските и на политичките права.

Македонија како потписничка периодично известува за состојбата со граѓанските и политичките права. Процесот на известување се состои од посебни извештаи на државата, извештаи на телата за заштита на човековите права, како Народниот правобранител, агенциите на Обединетите нации и на граѓанскиот сектор, околу имплементацијата на пактот и на препораките дадени од старана на Комитетот во однос на имплементирање на пактот. Сите посебни извештаи се интегрираат во еден, врз основа на кој Комитетот ја оценува состојбата со човековите права во Македонија и дава препораки за подобрување.

Што ѝ кажа Комитетот на Македонија?

Сведоци сме на неколкугодишно бомбардирање со пари од граѓаните (до 2013 година – 180 милиони денари), нели, на кампања со која се осудуваат жените кои направиле абортус, правото на избор се ограничува и преку којашто кампања абортусот се претставува како небезбедна медицинска интервенција, со последици по здравјето на жената и на крај како убиство.

Во Македонија, иако се протестираше против новиот закон за абортус, иако медицинските лица посочуваа дека треба да се прекине со кампањата, сепак новиот закон (бидејќи стариот закон беше само стар, па се „модернизира“) донесе новитети кои не се во согласност со Светската здравствена организација. Во Македонија, до 10-та недела од бременоста жената може слободно да одлучи да ја прекине бременоста, но мора да помине низ неколку етапи на администрација.

– писмено да се обрати до докторот кој треба да изврши прекинување на бременоста.

– задолжително добива советување од докторот.

– жената дава писмена изјава за согласност за прифаќање за спроведување на интервенцијата.

Во земја без сеопфатно сексуално образование и ниту едно контрацептивно средство на позитивната листа лекови, со закон за прекин на бременоста кој дискриминира и стигматизира, може да се очекува само зголемување на стапката на нелегални и небезбедни абортуси кои секако не „обезбедуваат највисок можен стандард на здравје“.

– задолжително чекање од три дена.

По 10-та недела од бременоста, администрацијата е на друго повисоко ниво.

Жената поднесува барање до првостепена комисија, формирана од страна на директорот на болницата која, пак, разгледува и донесува одлука на барањето на жената за абортус, кое доколку не се одобри, односно е одбиено, жената може да поднесе приговор на решението до второстепената комисија која ја формира министерот за здравство која повторно одлучува дали на жената да ѝ се дозволи прекин на бременоста.

Евидентирани се случаи кога жени со мртов плод биле оставени да чекаат три дена. Закон е закон нели, не е важно што сè може да се случи во овие три дена по основ на здравјето и на животот на жената. Важно, три дена треба да поминат – жената да размисли повторно, бидејќи претходно не размислила за одлуката, па да доразмисли.

Да се вратам на Комитетот. Тој бара од Република Македонија, во заклучните согледувања кон третиот периодичен извештај: „да избегнува спроведување на какви било кампањи со кои се стигматизираат оние кои го користат правото на абортус. Треба да преземе конкретни мерки, вклучувајќи измена на Законот за прекинување на бременоста, за отстранување на сите пречки кои можат да придонесат жените да бараат нелегални абортуси кои ќе ги изложат на ризик нивните животи и здравје“.

Во стратегијата за безбедно мајчинство се вели дека: „Обезбедувањето највисок можен стандард на здравје е основно човеково право“. Највисок можен стандард на здравје не е можен без почитување и унапредување на човековите права, во случајов – правото на жената за слободен избор за прекин на бременоста.

Членовите на Комитетот за човекови права во Женева, за време на дијалогот, неколкупати ја прашаа Македонија за кампањата и за тоа како ограничувањата од новиот закон се во согласност со стандардите на Светската здравствена организација, за стравот кај лекарите од големите казни, на што еден од одговорите на делегацијата бил дека новиот закон е ист со стариот закон. А факт е дека не е. Затоа и се протестираше.

Во земја без сеопфатно сексуално образование и ниту едно контрацептивно средство на позитивната листа лекови, со закон за прекин на бременоста кој дискриминира и стигматизира, може да се очекува само зголемување на стапката на нелегални и небезбедни абортуси кои секако не „обезбедуваат највисок можен стандард на здравје“.

Препораките на Комитетот се премногу важни, исто како и здравјето на жената, токму затоа Министерството за здравство треба да го ревидира законот, да се донесе нов, не по итна постапка, туку после консултативен процес, во согласност со препораките на Светската здравствена организација и човековите права.

Имаш право на избор. Толку.

Напишано од:Велимир Савески, проектен координатор во ХЕРА.

Објавено во Ради Слободна Европа

 
Напишете коментар

Posted by на Август 1, 2015 in Колумни

 

Заборавени или не?

saseПред еден месец се одржа конференција на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост, единствена конференција од ваков вид каде што сиромашните и социјално исклучени граѓани имаат можност активно да учествуваат во процесот на донесување на одлуки.

Младинската невработеност е енормно висока (47 отсто), младите се сиромашни и заборавени, нивните потреби се занемарени во целост, а младите својата перспектива ја гледаат во другите европски држави и аплицирање за бугарски пасош.

На оваа конференција, којашто за прв пат беше на отворено се креираше декларација на сиромашни и социјално исклучени граѓани во областа на здравствената и социјалната заштита, невработеноста, родова еднаквост и прашања по сите основи. Граѓаните во овие области ги набројуваа сите проблеми со кои се соочуваат секојдневно и воедно за истите проблеми предлагаа соодветни решенија.

Оваа декларација се ревидира и надополнува по четврти пат и истата се испраќа до надлежните институции (Владата, Министерство за труд и социјална политика и сл.). Но, очигледно гласот на сиромашните не се слуша од страна на овие институции кои се надлежни да ги решат сите проблеми на граѓаните. Сигурно се прашувате зошто?

Доколку надлежните сериозно ги разгледуваа сите овие Декларации на сиромашни и социјално исклучени граѓани, ако чекор по чекор почнеа да ги решаваат овие проблеми, тогаш и проблемите во самите декларации ќе се намалуваа, а не од година во година да остануваат и да се надополнуваат со нови, па така декларацијата станува побројна во страни.

Да, тоа е вистината, тоа се болните проблеми на нашиот народ, кој, како што вели, ги забележуваат само кога политичките партии имаат корист од нив, кога им е потребен нивниот глас, а ги нема кога треба истите да им понудат услови за подобар и поквалитетен живот.

Следејќи го Европскиот пример на организирање на ваков вид конференции, каде што и ние учествуваме со делегација од вкупно четворица претставници, од минатата конференција го отворивме и процесот на демократска дебата со претставници од институции, политички партии и невладиниот сектор, кој во суштина треба да го означи стартот на реалното соочување со проблемите и преземање на одговорноста за решавање на истите. Но, морам и овде да потенцирам дека немаше голем интерес за присуство од страна на одговорните креатори на политики, што укажува на фактот погоре дека нашиот народ е заборавен од тие што треба да го претставуваат и воедно да се трудат да ги задоволатнивните потреби, дали навидум или навистински сме заборавени оставам да процените самите.

Годинашната конференција на Македонската платформа против сиромаштија „Сите сме подеднакво важни“, покрај ревидирањето на старата и надополнување на новата декларација, се отворија четири работни групи и тоа: младинска сиромаштија; вработени, а сиромашни; здравствена и социјална заштита и достоинствена старост.

Вработените се сиромашни затоа што мизерната плата од 9.500 не е доволна само за режиските трошоци, а не па за нормален и квалитетен живот. Кај вработените се прекршуваат сите работнички права, несоодветни услови за работа, работно време, односно ниту еден став од законот за работни односи не се почитува.

Како и секогаш проблемите исти, ништо не се мрднало во последните четири години, тапкаме и тапкаме во место, проблемот со сиромаштијата остана на исто ниво како и пред четири години.

Младинската невработеност е енормно висока (47 отсто), младите се сиромашни и заборавени, нивните потреби се занемарени во целост, а младите својата перспектива ја гледаат во другите европски држави и аплицирање за бугарски пасош.

Вработените се сиромашни затоа што мизерната плата од 9.500 не е доволна само за режиските трошоци, а не па за нормален и квалитетен живот. Кај вработените се прекршуваат сите работнички права, несоодветни услови за работа, работно време, односно ниту еден став од законот за работни односи не се почитува.

Возрасните се чувствуваат доста неинформирано и искористени бидејќи се прашуваат само кога се најпотребни.

И од тука можеме да заклучиме дека немаме квалитетен систем за социјална заштита, односно сиромашните граѓани немаат финансии да ги платат сите здравствени прегледи, социјалната помош задоволува само неколку дена. Ние стануваме од ден на ден сè посиромашни, го допираме дното и стануваме сè подепресивни и угнетени од ваквиот систем.

Треба одговорните носители на одлуки еднаш засекогаш да научат да го слушаат гласот на граѓанинот, своите програми да ги креираат според потребите на граѓаните кои во суштина треба да ги задоволат и решат сите овие приоритетни проблеми од Декларацијата.

Како нашиот народ преживува од први до први не треба ни да замислите, само треба овие наши политичари еден ден да се стават во чевлите на сиромашните и на своја кожа да ја почувствуваат сиромаштија и проблемите со кои се носат нашите граѓани.

Напишано од: Сашко Јованов,  Македонска платформа против сиромаштија

Објавено во Радио Слободна Европа

 
Напишете коментар

Posted by на Јули 20, 2015 in Колумни