RSS

Category Archives: Здраство

На работа во седми месец и со 3 операции на колковите

Со 3 операции на двата колка и во седми месец од бременоста, Габриела го изгуби правото на боледување без да добие објаснување зошто. Комисијата, која според Габриела многу добро и ја познава состојбата, ја одбила нејзината жалба за продолжување на боледувањето. 35 годишната скопјанка во петок треба да се врати на работа.

– Знаеше со какви проблеми сум се соочувала и дека имам проблем со двата колка и дека сум имала 3 операции. И денеска кога отидов и кога ми ја виде снимката – ми ја даде и ми рече: „Зошто си се нафатила да родиш второ дете кога знаеш дека имаш проблем со двата колка?“ изјави таа.

Блажева вели дека со деформитет на колковите се бори уште од раѓање. По првата бременост и се искривила и карлицата и морала да се соочи со бројни операции. Тврди дека минатиот месец со денови ги прибирала потребните документи за да го продолжи боледувањето.

– Бременоста е во ред – јас имам проблем со колковите. Јас не можам да стојам – а по професија сум козметичар. Значи може да се случи ако сум 7 саати на работа – 7 саати да стојам – вели Блажева.

Од Фондот за здравство велат дека во документацијата недостигал специјалистички извештај од ортопед дека Габриела не може да стои и нормално да оди. Наместо тоа, како причина за боледување била наведена бременоста. Од таму велат дека откако Габриела ќе однесе потврда од ортопед, боледувањето ќе и биде продолжено.

Елена Ставровска Alfa tv

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Април 27, 2012 in Здраство

 

Во Нигерија ХИВ позитивни 70 илјади уште неродени бебиња

Индискиот весник Times во петокот објави дека генералниот секретар на Меѓународната организација за контрола на СИДА-та (NACA), Џон Ајдако, потврдил дека многу трудници во Нигерија боледуваат од туберкулоза и маларија, како и дека околу 70 илјади сe уште неродени бебиња во оваа земја се позитивни на вирусот ХИВ.

Ајдако во обраќањето во нигерискиот град Огун ги повика надлежните меѓународни организации да формираа комитет за акција во борбата против СИДА-та и побара од нигериските власти да пружат поконкретна поддршка во борбата против оваа болест.

Нигерија има 160 милиони жители, од кои 15 отсто се заболени од СИДА. Иако земјата е најголемиот производител на нафта во Африка и втора земја според економската развиеност на континентот, населението е погодено од сиромаштијата и нема обезбедено соодветно образование и здравствено осигурување.

 
Напишете коментар

Posted by на Април 19, 2012 in Здраство