RSS

Category Archives: Видео

МППС проактивно на претстојните локални избори

Македонската платформа против сиромаштија (МППС) има чест да Ве да ве информира дека МППС на локалните избори проактивно делува во две компоненти:

1. Испраќање на писмо до сите политичките партии за поддржување на иницијативата Минимален достоинствен приход, односно да се стави во нивните политички програми или  доколку програмите се затворени да ни испратат писмо во кое што ќе биде нагласено дека го поддржуваат минималниот достоинствен приход и во новите програми за парламентарните избори го стават како социјална мерка.

Минимален достоинствен приход е поим што обично се користи за да се опише исплатата од страна на државата која функционира како „сигурносна мeрка“ за луѓето кои не можат да работат или немаат пристап до пристојна работа. Ова „примање на крајна опција“ или социјална помош е социјално право и еден од носечките ѕидови на државата за благосостојба и суштинска основа за осигурување на правото за достоен живот на сите. Во моментов  Минимален достоинствен  приход  како мерка е воведен во повеќето ЕУ-земји.

Се надеваме дека локалните власти  ќе го воведат како локална мерка, но сметаме и дека на парламентарните избори некој добро ќе го рагледа овој метод и ќе направи фискална импликација колку оваа мерка ќе ја чини државата и како долгорочна цел увиди дека со оваа мерка ќе се намали сиромаштијата во Македонија.

На испратеното барање сите политички партии имаа можност да го разгледат и на истото да ни одговрат до 19 март. До овој датум ние добивме одговор од две политички партии и тоа Репбликанската Алијанса која што има кандидат за градоначалник на Град Скопје, каде што е нагласено дека доколку учестува во власта ќе го воведе на локално ниво, но исто така ќе се залага во иднина за оваа мерка.

СДСМ во писмото нагласува дека на овие избори како дел од  Сојуз за иднината има 67 кандидати за градоначалници и дека во нивните програми веќе предвидуваат социјални бенефиции за граѓаните  што ќе доведедат до подобрување на квалитетот на живото,односно фирморање на фондови за борба против сиромаштија, но исто така  при подготовка на програмата за парламентарните избори активно ја вклучи МППС за воведување на оваа мерка во нивните програми.

2.Акредитација за мониторинг на локалните избори,

МППС се акредитира за мониторинг на овие избори и дирекно ќе вклучи 428 граѓани во 21општина за активно да следат и вршат мониторин на локалните избори. Целта е граѓаните увидат колку изборите се фер и демократски и воедно ја вратат довербата во изборниот процес.

Пораките што ги праќаат граѓаните се:

Ние, граѓаните, бараме слободни, чесни, фер и демократски избори!

Ние, граѓаните, одлучуваме за иднината на Република Македонија!

Ние, граѓаните, гласно велиме: Внимателно ветувајте, затоа што следиме!

По завршувањето на локалните избори МППС во Понеделник 25.03.2013 ќе одржи пресс конференција и ќе  ги извести граѓаните како се одвивал изборниот процес.

 

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Март 22, 2013 in Видео, Инфо

 

MRT – Maqedoni – Video: Debat, qytetarët në demokracinë vendore

Јавна дебата „Учество на граѓаните во локалната демократија“

MRT – Maqedoni – Video: Debat, qytetarët në demokracinë vendore.

 
Напишете коментар

Posted by на Март 20, 2013 in Видео, Инфо

 

НАЈГОЛЕМИОТ БРОЈ ГРАЃАНИ НЕМААТ МИНИМАЛНО ДОСТОИНСТВЕН ПРИХОД – Телма Телевизија

Катастрофално лошата економска состојба  во која живеат поголем број граѓани во Македонија може да биде надмината само со обезбедување минимален достоинствен приход.

НАЈГОЛЕМИОТ БРОЈ ГРАЃАНИ НЕМААТ МИНИМАЛНО ДОСТОИНСТВЕН ПРИХОД – Телма Телевизија.

 
Напишете коментар

Posted by на Февруари 18, 2013 in Видео, Инфо

 

АМАН не се откажуваме од враќањето на евтината тарифа на струјата

Барањата на граѓанската иницијатива Аман со 13.169 потписи не добиа поддршка од двете комисии (комисија за економски прашања и законодавно -правната комисија) вчера истот така на пленарна седница против предлогот на Аман гласаа 49 пратеници, 11 беа воздржани, а 4 гласаа за прифаќање на граѓанската иницијатива со која бара враќање на дневната евтина тарифа на струјата, како и да се укинат паушалните плаќања за оние кои се исклучиле од парното греење, односно за услуги што не ги користат. Гласањето се вршеше во отсуство на пратениците од опозицијата, која е надвор од Собранието. Но Аамн не застанува тука ,најавија дека продолжуваат со протести, но и дека една од опциите е референдум, но велат тоа е идеја која дополнително треба да се разгледа, бидејќи референдум и 150.000 потписи е тешка работа.

Видео од расправата  на собраниската законодавно-правна комисија

Линк од расправата  на комисијата за економски прашања

линк до блогот на Аман www.amanmk.wordpress.com

 
Напишете коментар

Posted by на Февруари 14, 2013 in Видео, Инфо

 

Хуманитарен настан „Од сиромашни за сиромашни”

 
Напишете коментар

Posted by на Октомври 14, 2012 in Видео

 

Видео-Втората конференција на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост

 
Напишете коментар

Posted by на Октомври 14, 2012 in Видео

 

Видео-Втора конференција на лица кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост

 
Напишете коментар

Posted by на Октомври 14, 2012 in Видео