RSS

Гласот на Новата Година

28 Дек

За час, кога ќе започне Нова година, некој од вас можеби ќе го слушне нејзиниот глас. Кога ќе отчука полноќ, една година умира, а се раѓа друга. Велат дека точно на полноќ, кога доаѓа новиот свет, Нова година прозборува со сопствениот глас и според тој глас може да се заклучи каква ќе биде годината што доаѓа. Меѓутоа, на полноќ започнува заглушувачка врева, потоа „Среќна Нова година“ си велат еден на друг и тој славен глас се губи. Пукаат шишињата со шампањско, смеа, будалести повици и бакнежи, петарди по улиците. За време на таква силна врева се губи тој таинствен глас. Луѓето слават и одеци од смеа и врева достигнуваат дури и до најтажните и најскриените места, ширејќи надеж и веселба насекаде. Сите разменуваат честитки и никој не го слуша гласот кој не може да се осознае, глас кој е олицетворение на тајната на оној што нам ни ја подготвува иднината. Токму тука е скриена една длабока вистинска мудрост „подобро да не знаеме каква ќе ни биде иднината, за да можеме да ѝ се препуштиме на надежта“.

На крајот на краиштата, јануари е месец помалку или повеќе сличен на останатите, ама сепак, во очите на луѓето јануари е најважен. Неговата важност се крие во почетокот, во првиот ден, во првиот час, во онаа прва минута.   

Иако Нова година е денот кога го обележуваме почетокот на новата календарска година, кај нас традиционалниот белег на Новогодишните празници се трпезите. Но, дали некој размислува за оние лица кои се на работ на сиромаштијата и дали на нив им треба некаква помош за престојните празници?

Мислам дека оваа година финансиите ќе бидат проблем, па и таа трпеза да биде поскромна. Мислам дека сиромаштијата ќе биде пречка ова година граѓаните да ги прослават празниците во домашна атмосфера, како што е редот. Најголем дел од своите заштедени средства ќе ги потрошат за миг, а пак ќе нема доволно за прослава.

Сакам да потсетам дека зборовите ќе ви помогнам не се доволни само во говорна форма и дека секој од нас има право и заслужува да биде среќен кога милијарда луѓе се среќни на тој ден. Помогнете некому годината да му започне убаво. Можеби така ќе го натерате и гласот на Новата година да соопшти убави вести.

12041968_518685381624743_1125361672_n

Напишала:

Мартина Атанасова, Невладина организација „Граѓанска Асоцијација – Битола“

Advertisements
 
Напишете коментар

Posted by на Декември 28, 2015 in Сиромаштија

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

 
%d bloggers like this: