RSS

Сиромаштијата е кршење на основните човекови права #17Oct

17 Окт

Последиците од екстремната сиромаштија се чувствуваат насекаде низ светот.

Се до неодамна сиромаштијата била видена како недостаток на финансиски средства и според тоа единствено логично решение бил економскиот развој. Комплексноста на сиромаштијата долго време не била препознаена и никој не ја споменувал можноста дека сиромаштијата може да е резултат на опсесија и следствено на тоа нејзината редукција да бара и други решенија покрај економскиот развој.

Еден од најновите пристапи кон сиромаштијата што ја признава нејзината комплексност и мултидимензионалност е пристапот на човековите права.

Овој пристап, кој се развива паралелно со развојот на човековите права нуди јасна законска рамка која што има потенцијал да ги „зајакне” сиромашните и на тој начин да придонесе за намалување на сиромаштијата. Според овој пристап сиромаштијата е пред се кршење на основните човекови права. Понатаму, сиромаштијата вклучува повеќе димензии меѓу кои најзначајни се, слабото здравје и неисхранетоста, неписменоста, невработноста и политичката маргинализација. Во рамките на овие димензии се негираат човекови права како, правото на квалитетна исхрана, правото на здравствена заштита, правото на образование, правото на пристојна работа и секако политичките права и слободи.

denicaНапишала:

Деница Шошолчева, членка на младинската програма на МППС

Advertisements
 
1 Коментар

Posted by на Октомври 17, 2015 in Размислувања, Сиромаштија

 

One response to “Сиромаштијата е кршење на основните човекови права #17Oct

  1. Taka od Bitola

    Октомври 17, 2015 at 7:21 pm

    Сиромаштијата е сериозен проблем во нашето општество и на глобално ниво, но за разлика од глобално ниво, Република Македонија е далеку поразвиена од земјите каде умираат од глад, и претпоставувам дека во Македонија нема луѓе кои умираат од глад.
    Така да бидејќи проблемот е премногу далеку од нашево општество, а од друга страна сме на работ со сиромаштијата каде умираат луѓе од глад (Има луѓе кои гладуваат, но не умираат од глад), не сме во можност да им помогнеме ним. Прво треба да си помогнеме на самите себе, па да им помагаме на другите.
    Затоа ви предлагам да пробате да го обработите повеќе проблемот со националната сиромаштија, бидејќи тоа е поблиску до нас, и воопшто до граѓаните на Р. Македонија.
    Мое мислење дека во Р. Македонија сиромаштијата е предизвикана од неколку феномени и тоа:
    – мрза (клошарство), тоа за луѓето кои питаат, а се работоспособни;
    – болест, има многу луѓе кои не успеваат да докажат дека се стварно хронично болни и дека не се способни да работат, а тоа е пред се поради нашиве бирократски институции, и на крај се наоѓаат во момент каде не можат да работат, а потребите се потреби и е неопходно да ги остваруваме како човечки битија;
    – необразованост – е клучен проблем кој ја предизвикува сиромаштијата. Од тука произлегуваат „многудетност“, „не можноста да се вклопат во системот поради нискиот степен на образование“(иако има голем број на луѓе кои живеат во село и сепак имаат нормален живот) и „дискриминацијата“ (кај определени општествени групи како „ромите“ е тешко да се најде нормална работа поради преголемата дискриминација)
    – класната раслоеност исто така е еден од поголемите проблеми кој придонесува до зголемување на сиромаштијата, бидејќи нормално „богатите се богатат и помалкубројни, а сиромашните се се посиромашни и побројни“. Е сега класната раслоеност е проблем бидејќи поради тоа иди до степен каде сиромашните луѓе кои живеат на маргините со сиромаштијата не обрнуваат внимание околку образование и нивно лично унапредување и информирање бидејќи секојдневно се потенцијални кандидати да бидат дел од „гладните“, а во тие моменти немате и време да размислувате за тоа, туку само да барате работа и да работите.
    Ова само неколку проблеми кои се од субјективно гледиште.
    Поздрав 🙂

     

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

 
%d bloggers like this: