RSS

Луѓе бре, ние не сме проценти… #17Oct

17 Окт

Повторно Ви се обраќам Вам, вие што го читате ова.

Очигледно е дека сте единствените засегнати за случувањата што ни ги бои секојдневијата и голема е веројатноста дека само ние и вие можеме да помогнеме. Не, всушност ние многу малку можеме да помогнеме, но подобро малку него воопшто. Оние што ја имаат моќта и алатките за да помогнат сигурно се гостат на некое убаво и ексклузивно место, каде што, не се сомневам, дека чаша вода чини 100 денари, а ние од овде викаме на сиот глас дека некој не се напил вода 3 дена. Важно се трудиме, тоа ми е надежта, дека можеби еден ден ќе бидеме слушнати.

Ситуацијата во Македонија е заштрашувачка. Сиромаштијата е на голем замав. Полека но сигурно навлага во сечиј дом, во сечиј живот. Едни живеат на кредити, други не живеат, а оние најтешко што им е , едвај преживуваат. На телевизија ќе слушнам дека сиромаштијата е намалена за волку и толку проценти, невработеноста исто така. Со други зборови тече мед и млеко по улиците. И го гасам телевизорот, го исклучувам од штекер и тоа е тоа. Или ја сум луда или овие не знаат што зборат. Па луѓе бре, ние не сме проценти па они да ми раскажуваат мене дека невработеноста се намалила за 25 %. Лажат, верувајте ми дека лажат. Ние сме им проценти на нив. За нив се важни бројките што ќе ги кажат на вести, а луѓево незнаат што да прават со 2-3 илјади денари месечно.

И така, од завод за вработување ги бришат, отвараат работни места и вработуваат со договор на дело, 3месечен, 6 месечен, отвараат јавни кујни, градат споменици и на крај на денот незнаеш дали има повеќе споменици или луѓе. Сите исто изгледаат, со „мртви“ лица. Понекогаш и на спомениците знам да им кажам добар ден, некако поживо и пореално изгледаат од она детенце на почетокот на ГТЦ што ми побарало некој денар.

И така, купи ден продај ден, ќе си легнат гладни жедни, без идеја за утрешниот ден.

А оние другите, сеуште ќе седат во екстра скап ресторан и ќе дебатираат како да ја подобрат ситуацијата и уште колку споменици да наредат, и на крај ние и вие ќе ја платиме и сметката, и 10 денари на детенцето ќе му дадеме, и со чичкото од пред ЛаДелишес ќе свртиме 2-3 реда муабет со по една топла кифла во 4 сабајле.

———————————————————————————————

Again, I’m talking to you, you who are reading this.

It’s obvious that you are the only concerned about the on-going situation which is coloring our everyday life and it’s seems that only you and we can help. No, actually very little we can help, but it is better than nothing. Those who have the power and tools to help, I’m sure they are at some exclusive and luxury place where, no doubt, one glass of water cost 100 denars (2 euros), and we are calling from here loudly, that someone haven’t drank water for 3 days. What is important that we are still trying, and that is my hope, that one day maybe, we will be heard.

The situation in Macedonia is terrifying. Poverty is on a big swing. Slowly but surely entering in every home, in everyone’s life. Some live on credit, others do not live, and those, hardest to them, barely surviving. On TV I hear that poverty has been reduced by half and so percent of unemployment too. In other words, it’s flowing milk and honey in the streets. And I stub it off the TV from the socet and that is it. Or I am crazy or they don’t know what they are talking! well people, we are not percent so they will tell us that unemployment is reduced for 25%. They are lying, believe me they are lying. We are numbers for them. For them, the only important are the number the will publish on the evening news, and out there people doesn’t know what to do and how to survive with 2-3 thousand denars (40-50 euros) per month.

So, the Institute for Employment is deleting people, opening new job positions and employment on contract of 3 or 6 months, opening public kitchens, building monuments and at the end of the day do not know whether there are more monuments or people. All have the same look, with the “dead” face. Sometimes, I say “Hello” to the monuments, somehow they look more alive and realistic than the child at the entrance of the mall who asked me for some money.

So, every day is the same, nothing is changing, they will fall asleep hungry and thirsty, with no clue for the next day.

And others, still sitting in the extra expensive restaurant and debating how to improve the situation and how many monuments to order, and finally we and you will pay the bill for them, and will give 10 denars to the child from the mall.

Јована ДимушевскаНапишала/Written by:

Јована Димушевска, волонтерка во Младинската програма на МППС

Jovana Dimushevska, volunteer at Youth programme of Macedonian Anti-Poverty Platform

Advertisements
 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

 
%d bloggers like this: