RSS

За Нас

Македонската платформа против сиромаштија – МППС е сојуз на здруженија на граѓани во кој на доброволна основа членуваат здруженија на граѓани и индивидуални истражувачи, со цел намалување на сиромаштијата преку промоција на социјална правда, партиципативна демократија, заштита на човековите права, еднаквост, недискриминација и владеење на правото.

МППС е непрофитна, непартиска и невладина организација. Процесот на основање и работа на МППС е поддржан од страна на Лудвиг Болцман Институтот за човекови права (БИМ-ФВ Скопје), преку Австриската соработка за развој до 2012 година.

Цели на МППС се: активен ангажман во насока на намалување на сиромаштијата и елиминирање на социјалната исклученост, преку развивање на силна мрежа во борбата против сиромаштијата. Посебен нагласок е ставен на работата со сиромашните заедници, нивно зајакнување и вклучување на сиромашните, маргинализираните, ранливи и дискриминирани заедници во сите процеси и нивоа на одлучување кои нив ги засегаат. Своите цели МППС ги остварува преку:

  • застапување, лобирање и влијание врз јавните политики и стратегии од областа на социјалната заштита, здравствената заштита, вработувањето, социјалното вклучување, човековите права и недискриминацијата;
  • подигање на свеста за прашања поврзани со сиромаштијата;
  • спроведување на истражувања и анализи во полето на сиромаштијата, човековите права, социјалното вклучување, недискриминацијата, здравствената заштита, вработувањето, образованието, како и предлагање мерки за надминување на утврдените проблеми.

Визија, мисија и цели на МППС

Визија

Визијата на МППС е општество на благосостојба, недискриминација, развој и мир.

Мисија

Мисијата на МППС е унапредување на принципите на еднаквост, солидарност, недискриминација, промоција и заштита на човековите права и слободи на сите луѓе во Република Македонија, Европа и пошироко.

Цели

  • Намалување на сиромаштија и елиминирање на социјалната исклученост;
  • Развивање на културните, економските, социјалните и други општествени вредности;
  • Развивање на силна мрежа во борбата против сиромаштијата;
  • Работа со сиромашни заедници и нивно зајакнување;
  • Елиминирање на сите форми на дискриминација и промоција на еднаквост за сите;
  • Унапредување на партиципативната демократија;
  • Застапување, лобирање и влијание врз јавните политики и стратегии од областа на социјалната заштита, здравствената заштита, вработувањето, сиромаштијата, социјалното вклучување, човековите права и недискриминацијата;
  • Подигање на свеста за прашања поврзани со сиромаштија;
  • Создавање на поповолна клима за економски развој;
  • Вклучување на МППС во развиените мрежи за борба против сиромаштијата, на регионално и европско ниво;
  • Вклучување на сиромашните, маргинализираните, ранливи и дискриминирани заедници во сите процеси и нивоа на одлучување кои нив ги засегаат;
  • Зајакнување на капацитетите на членките на МППС;
  • Спроведување на истражувања и анализи во полето на сиромаштијата, човековите права, социјалното вклучување, (не)дискриминацијата, здравствената заштита, вработувањето, образованието, како и предлагање мерки за надминување на утврдените проблеми.
Advertisements
 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

 
%d bloggers like this: